Почнав денес конечно да вежбам Му се стегнав на оноа лајв и + има flat abs, цело го изиграв, мислев ќе колабрирам.Најтешко е ова, дефинитивно. Утре кардио ќе играм, а може и по нешто од јутуб кратко, и ќе гледам благото да го отфрлам несвесно, како што грицките несвесно ги отрлив, порано бев адиткет од грицки .
Е јас интрукторка ќе имам.Почнувам од понеделник, па ќе видиме. Иако дома ја имам цела зумба колекција, не е исто како во група. Поголемиот дел се надевам позитивни критики имате? Како сте задоволни од целокупниот исход?
Јооој што се нервирам паа Ден зумбам, три не, обврски, задачи, работа, и тоа малце време што го имам душа немам па не да се тресам ко будала А што убаво ми тргна, веќе набив кондиција, додуша ми се најде па сега нека ме држи до зима, дур не се фрлам пак на активно тресење
Ги прочитав сите страни и многу ми се допадна зумбава. Од денес активно почнав да вежбам па ќе видиме какви резултати ќе има. А секако и ќе внимавам на исхраната.
Ние ја вежбаме оваа на Зумба, мене ми е една од омилените, кореографијата е горе-долу таа(минус мачето), нашата е поразиграна и побогата, повеќе тресеме задници и предници. А песната е премногу добра и заразна, ѕирнете ја. http://www.youtube.com/watch?v=7nCaC1QJ ... yLo1ziM_Zg
ние токму вака ја играме како на видеото. Инаку песната е топ, кореографијата исцрпувачка ама се вади од мене. http://www.youtube.com/watch?v=684VQvZX ... _embedded# оваа еднаш ја игравме од тогаш не се погодила во програмата ама баш вака ја игравме леле колку е убава за играње уффф ептен.
Пак јас тука, најредовна на темава. Има некој резултати, ослабе, јас пак пауза правев па вчера почнав пак. Кардиото го вежбам денес и вчера. :geek: Иначе денес (прееска) исклучив аудио на тоа видеото и си пуштив песнички вака у склоп на зумбата, брзички така латино , и полесно е да издржиш, и оно се исто, више песните напамет ги научив , вака кога се убрзав со овие, топ.
Пред малку бев на зумба во Борис и морам да признаам дека е многу поразлично од зумбање дома.Атмосферата, напор се е многу подобро кога некој те води.Скроз се исцрпив
Мене пак поарно ми е дома кога вежбам,исто ми е, дали се работи за часови, арно ама нешто сега овој период се опуштив не од што сакав, скрос прекинав со вежбиве, но добро што не ми се смени стандардната уба линија на телово пак денес почнав со зумбава, за овие следни месеци има да се средам пак малку е неубаво кога ќе се направи пауза, ама ќе биде не можам да се оставам така да не вежбам :geek: не може!
И кај нас има еден инструктор што дава вежби за Зумба, сакав да одам и јас ,ама не ми одговара терминот.Па затоа почнав дома сама да си вежбам,тоа што имаше пратено Трендафилка. На почетокот ми беше тешко да го фатам ритамот.Да ме гледа некој ке бидам за најсмешни видео инсерти. Сметам дека и подобро да се вежба со инструктор,зошто вака не сум многу сигурна дали добро ги правам вежбите. Важно се направив жива вода.
Јас секогаш прво вежби, па 50/60 минути зумба, па вежби и фаќам тушот ... Иначе вежбам и дома и одам на часови. А за фаќање ритам воошто не ми беше тешко, толку години модерен балет вежбам ќе ми било тешко да факам ритам xD... Иначе добра работа е, сите мускули се активни и се се зацврстува
сега видов дека во Блаже Коневски има зумба секој вторник и четврток од 20 до 21 часот еден тренинг е 150 ден месечно е 1000, сакав да прашам дали некој бил и вежбал со фит уан како сте задоволни? http://fitone.com.mk/Lokacii/Blaze.html ми одговара во Коневски да одам, па сакам да почнам, за колку време ќе има резултати малку од малку??
јас одам преку нив и сум презадоволна од инструкторите, да ги видиш само колку добро играат, инаку ги најдов преку официјалниот сајт на зумба преку search опцијата, таму се заведени сите оние кои се лиценцирани и кога ќе кликнеш некој од инструкторите под нивниот профил има ги има и лиценците како и сите термини низ школите во кои е спроведена програмата на Фитуан. ако мислиш на телесната тежина резултат приметуваш уште во првиот месец, но драстично намалена тежина после 3 месеца, што се однесува до вежбите би требало за еден месец да влезеш во штос. едит: доколку ти се допадне зумбата а ти се тешки вежбите немој да се откажуваш, малку поупорно и ќе се заразиш скроз.
Јас поима немам од играње а пак најмалку зумба,ама музиката премногу ме влечеше па се запишав со другарка ми. За жал се десија некои работи па морав да с е отпишам.Морам да нагласам дека ми беше многу забавно се смеев ко луда,а ритам да фатам никако не ми одеше Многу сакам да играм ама да не ме гледате
Јас сум многу задоволна, ние вежбавме со Сања и Јана и имам само пофални зборови, посебно Сања значи девојката предобро објаснува, многу убаво игра, а немам сомнеж дека и останатите се супер. Инаку одевме месец и пол, ама прекинавме затоа што искрено веќе не чувствувавме напор после 1 час вежбање. Има добри ефекти, иако после некое време, не е доволна само зумбата, телото се навикнува на едни исти чекори, мускулите работат едни исти вежби и нема ефект. Стана рутинско некако и тоа па тоа, значи добро е за 1-3 месеци според мене. А и залади многу, не е баш да излезеш таква испотена на вакво никакво времиште. Се надевам пак од пролет, инаку продолжив по дома зумба и пилатес комбинирано.
Во право сте се што кажавте, јас одам во Топ форма, една девојка од Куба држи часови и секоја недела менува песни и чекори, што многу ми одговара.Многу е позитивна, некогаш ќе си се зазбори на нејзиниот јазик па оди разбери ја
и ние вежбаме најчесто со нив, минатиот пат час држеше Сашко, леле се скршив од играње, инаку има многу нови кореографии со скроз нови чекори.