me interesira dali ima zumba nekade vo reonot na aerodrom ,zeleznicka ??? [mod-kirilica:1curia5l][/mod-kirilica:1curia5l]
Ауууу, жени! Што не кажувате дека зумбава е толку добра! Денес прв пат пробав - не дека ми е нешто којзнае колку ново, од време на време пуштам музика и скокам како неарна, тоа ми е издувен вентил, ама ова има структура, многу подобро е од рандом скокање!
Ме насмеа Мене тоа ми се допаѓа што повеќе вежби се, не мора за се посебно вежби да се прават.Ами ја порано, вежби за раце, нозе, грб...вака со зумбава се одеднаш само да внимава човек да не се крцне иначе убаво е
Сеа ќе ве прашам едно смешно прашање. Спојлер Зумбата секаде на ист начин се игра? мислам и во прима данца и во топ форм и на некое си трето место? Еднаш гледав зумба деца како играат и толку беше смешно што јас би се осеќала како идиот ако играм така па и плус луѓе да ме гледаат,тоа беше за диплома нешто..деца играа по 8/9 години,вајда не е така и за поголемите?
И ќе се самоцитирам,колку е месечно за зумба во прима данца? ова е од на инструкторката прфилот на фб : Зумба фитнес-журка™ со Тереза во Прима Данца пон. 19:10-20:00, Зумба фитнес-журка™ среда 18:50-19:50, Зумба® фитнес со партер вежби за тонирање и истегнување петок 18:50-19:50, Зумба® фитнес со партер вежби за тонирање и истегнување ама не најдов цена каде пишува.
Девојки,кажете ми во прима данца,дали салата за вежбање е фино уредена?Јас одам на зумба во љубен лапе,супер си се инструкторите,ама играме во холот на школото и некако е безвезе,ладно,башка деца,родители,персоналот на школото кој како стигне си седнува и не гледа-не е пријатно,(ние тресеме газови,а средовечни мажи седнале и демек ги чекаат децата да завршат со англиски) додека беа во спортската сала ок беше,ама вака...
Јас повторно се запишав на зумба во Топ форма, тогаш морав да прекинам заради работата во Германија. И преубаво се чувствувам после вежбањето, а таму додека играш се полниш со позитивна енергија, преубаво е! Сега плаќам 1500 денари месечно, а вежбањето е 6 пати во неделата по саат време. Да не доаѓа некоја исто во Топ форма?
Дали во Прилеп има зумба само во Домот на културата или има и на друго место, и дали во домот на културата има исто аеробик или некаде на друго место некој предлог?? Благодарам
а Има и во катната гаража исто е 300 денари а имаш термини и во 7 и во 8 а во Марко Цепенков само од 8 тие
Луѓе,долго време со другарка ми планираме да се запишеме на зумба само не знаеме каде...во топ форма цената е височка ама дали е и ок таму? Сакаме малце да под ослабеме
^^ Во FitOne ви е поевтино, но држат часови по основние школи, немаат свој клубски простор. 1000ден е.