Феминки јас моментално во топ форма користам многу добра понуда. Платив 850 денари а можам да користам неограничени утрински часови (можам ако сакам секој ден да одам) и плус 4 попладневни часови во месецот (значи по еден неделно). Оваа понуда е со ваучер преку колектива, јавете се прашајте ги дали важи уште. Многу е поволно, можете да користите 5 дури 6 часа неделно за 850 ден.
Јас одам на зумба во Ново Лисиче во Ла Белеза сега брзо е отворено и сум многу задоволна ... се оди два пати во неделата за 900 денари, или три пати 1200. Мислам дека следува и попуст ако платиш однапред за два месеца Исто така, има и пилатес, јога и аеробик таму
Јас дома си вежбам зумба. Супер ми е. Ќе си пуштам вежби од Јутјуб и добар џез. Бидејќи јас си имам распоред на вежбање 3 пати во неделата вежбам зумба и стварно помага.
Карши тмобиле зградата од другата страна на улицата.Гледа накај паркот Јане сандански. Инаку се иде во вторник и четврток од 8 и 10 до 9 и 10 часот.. и може или петок или сабота по договор.. Ама немора да се иде стрикно на зумба бидејќи следува картичка со која можеш да одиш на било кое од наведените
Лани одев 2 месеци на зумба и стварно ми беше супер, многу позитивна енергија имав после секој тренинг. И сега се мислам дали да почнам со теретана или со зумба Би одела во теретана ама има премногу машки што не ми се бендисува, а и досадно ми е многу, можеб од време на време на некој тренинг ќе отидам сабајлечки кога нема гужва
Ме интересира ваше мислење... што е подобро Зумба или Аеробик. Сакам да скинам некое килце пред да прмеинам на затегање, затоа што од претходно шти сум вежбала, не сум баш и некој мекуш, но има и доста салце, па затоа сакам прво салцето да се стопи, па после затегање ко шо треба.
dali ke saka nekoj da mi preporaca zumba, nekade vo blizina na centar , kaj skopjanka negde, ne mozam da najdam termin vo vtornik i cetvrtok help ....kako prase sum stanala dali ke moze da mi ostavis brojce da se javam i jas sakam da pocnam da odam, aj kazi kade se naoga
Дали некој оди во овој клуб и колку сте задоволни? Цените како се движат? Пишете. http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=190343
И мене ова ме интересира Во Кисела Вода само овој фитнес клуб го најдов (може овој е тој од рекламата) http://www.facebook.com/pages/%D0%90ERO ... 9121049070 па би сакала да прашам дали некој има одено таму ? Само што го видов линкот па го ставам тука ако на некој му затреба поздрав девојки http://kupinapopust.mk/deal/index/572
Имам одено на часови по Зумба, во група е интересно, вежбаш низ забава. Малку на почетокот беше потешко додека ги учевме чекорите. Таман си научил едни, учевме други. Но, мене конкретно Зумбата не ми даде некој ефект, па сега си вежбам дома за раздвижување.
Девојки може некоја од вас да ги постира песните на кои вежбаме во топ форма? јас оваа ја најдов. http://www.youtube.com/watch?v=Vn7ljjxdbLc Фала ви и поздравче