Термини и ценички може да пишеш???? [/quot и јас идам таму многу е добро.има доста термини на избор а за цената треба да ти каже инструкторот, знам дека од време на време има и некои попусти. инаку тел е 076/597410.
јас веке месец дена одам во песталоци на зумба, и сум многу задоволна, инструкторите се навистина топ. Одам 2 пати во неделата, и не е многу скапо, 150 ден од час. Пред да се запишам, прашував на повеке места, а и гледав на страната зумба, и таму видов уствари кои инструктори имаат лиценца за зумба кај нас. Искрено, не би одела и не би плакала кај некој што не е таков инструктор, не само за зумба, за се прво би проверила.
луѓееее денес ми беше првиот час и се заљубиииив , некои чекори ми беа познати, но поглемиот дел не и многу тешки, но мене тешкото мие предизвик, дефинитивно одам понатаму.
А каде се наоѓа точно тоа и повеќе информации ако може да ми дадете ?? или бројче од инструкторката поздрав А каде идеш ? у колку саат и број може да ми дадеш ?
денес зумба час држеше еден инструктор, лелел луѓееее што е згоооден, а како мееешааа, шакира не му е рамна... ахххх од секогаш сум сакала да видам згоден маж да меша.
бидејќи не ми се плаќа јас си симнав едно видео од саат ипол зумба и еве веќе втор ден си денсам дома и ми е забавно многу се потело од тоа бре Баш ме интересира дали ќе можам да ослабам барем малце во рок од две недели ако вежбам секој ден?
Ајде ако сакаш сподели го со нас видеото и јас сакам да си го симнам...мислам дека ке можеш да ослабеш но и да внимаваш на храната позз
http://thepiratebay.org/torrent/6181855 Јас си го симнав ова ноќеска, доволен ќе ви биде само последниот дел - 20 минутното вежбање, затоа што претходното е објаснување на чекорите. Сега го завршив и се чувствувам супер, се надевам нема да ме фати мрза, скарани сме со орбитрекот зашто ужасно крцка, па ова е убава замена. Плус забавно е.
и јас истово го имам ама дур дојдат тие 20 минути(не ги премотувам ги правам и основните чекори) се преуморувам и не ги издржувам тие 20 минути до крај
Јас директно преминав на 20-те минути. Затоа сега имам укочено рамо , секое делче од телото ме боли, секое ковче ми крцка. За арно, за убаво.
Трендафилка да си жива и здрава за линкот. Го симнав и јас видеото ама не издржувам, само 7 минути ... многу сум надвор од кондиција. А инаку многу е забавна зумбата, топ.
Прв пат на форумов прочитав за вакво нешто, го спуштив видеото од Трендафилка (фала) и интересно ми гледа. Веќе ми здосади рутина во вежбањево, досадно, монотоно; а ова е нешто ново и полно со енергија. Од утре ќе зумбувам
по некој од форумиве, прочитав дека на зумба часовите можеш да носиш и деца ама не се сеќавам каде.може ли некој да ми каже каде може да се носат деца?
најубави резултати се добиваат, слабееш забавувајќи се, колку повеќе играш толку повеќе те тера да играш, права зараза, друго набиваш кондиција и огромна енергија добиваш, полесно се чувствуваш, смирено и еластично бидејќи цело тело се раздвижува, друго учиш да играш и да знаеш и незнаеш, подобрување во секој поглед. аа уште нешто кога ќе се заразиш со зумбата се смееш, среќен си и повесел, мене ми се случува секаде каде стигнам да заденсам и ич мука си немам кој ми се смее а кој не, бидејќи стануваш позитивен човек. погодена е за секој пол и возраст, особено за женските, поженствени стануваат. едит: јас од само 2 месеца што одам на зумба токму вака се чувстувам како што опишав погоре. Останува само да испробаш.
Јас одам во http://www.fitone.com.mk/default.htm и сум видела родители кои вежбаат со себе ги носат и децата никој ништо не вели доколку децата се мирни, се случува да се растрчаат низ цела сала и да сметаат на вежбачите, тогаш инструкторот знае да опомене, бидејќи во играње нема да го видиш и можеш сериозно да се повредиш и себе си и детето, ако имаш дете постаро од 10 или 11 години и ако можеш да го вклучиш во програмата е најдобро, но ако е помало можеш да го носиш но мора да стои на страна.
убаво зумбувај, ако можеш приклучи ни се во некои од центрите за зумба, за да се забавуваме. еве една од песните на зумба http://www.youtube.com/watch?v=jjH5xGplPvM песнава обавезно ја играме.