Сееекој ден! Се заразив. Многу чекори научив ете некое вид опуштање (за мене) а и за оние кои мислат дека немаат врска од играње. Има некои клипчиња подолги кои си ги симнав има некои вежби кои се поспори и побрзи. Зумбата може да ја игра од старо до младо а јас најмногу ја сакам поради тоа што научив многу самба, салса, трт трт трт Ако ги правиш побрзите вежби болат мускулите ама се навикнува човек. Ја сакам зумбата најмногу ми помага со моето расположение посебно кога играм (вежбам) на мојата омилената песна. Во здраво тело здрав дух или како и да беше
Во Ѓорче во пожарната држат зумба часови, ми се чини само 2 пати неделно се оди, и ќе морам да истакнам дека во крајно неадекватни и ниски услови за вежбање се одржуваат часовите. Не ти препорачувам таму, а во Карпош 4 се уште немам затекнато место каде што има зумба, додуша сум и донекаде сигурна дека во таа околина нема.
Имаше у Аеродном до пред недела дена.Кате се вика девојчето и се сели стално ко шо ја разбрав,на разни колации низ Ск.Иначе Карпош,незнам баш кај се наоѓа мислам дека имаше некој клуб ТОП ФОРМА,имаа зумба часови,ама прескапи ми се.
jas sakam da se zapisam na zumba vo prima danca zaso na sajtot vidov deka ima . E sea dali nekoj odel , bil da mi kaze cena i od koga pocnuvaat na sajtot nema nisto [mod-kirilica:ezm5q2y7][/mod-kirilica:ezm5q2y7]
Во Влае има балетско студио Ребис, кога идев јас имаше комбинации од зумба и аеробик. Ама мислам дека сега има посебно само на зумба да одиш, ама за сигурно да си прашаш.
Има во Блаже Конески и таму во просториите кај спортската сала. Јас веќе 2 години одам во Блаже, Цецка од Анабела ги држи часовите, и има онака две помлади почесто они покажуваат. Два тренинзи има во неделата и месечно беше 300 ден. Интересно е онака баш се полниш со позитивна енергија За во салата незнам да ти кажам многу, знам дека таму повеќе се деца. Еве сега баш имаше пишано на страната дека уписите се на 2ри Септ. Ако пропуштив нешто шо те интересира- порака ) Се надевам помогнав
Сега во Топ форма ја покачиле цената, баш кога решив да одам 1800 е месечно, можеш да вежбаш секој ден зумба,пилатес и аеробик за таа цена. 1600 е за редовните клиенти, по 2 месеца уплатени, 1600 ќе им е цената.. Ако добро разбрав вака беа условите нови. Важно не е веќе старата цена, покачено е од 1септември.
Во Топ форма од утре важи 1000 денари за утринските часови, без разлика на колку часа ќе одиш во неделата. Некоја промоција им е, јас ќе се запишам.
Бев вчер на зумба во Блаже Конески. И не ми се допадна многу, воопшто немаат професионализам, не покажуваат чекори. Туку девојките си играат и ти ги гледаш и повторуваш по нив. Второ девојките не се ни инструкторки, мислам дека се од Анабела и најверојатно најдобро играле па ги ставиле да покажуваат. Мислам дека не е во ред така. Сепак плаќаш, а нема никакви услови. Салата плус е мала. Нека си формираат и цена што ќе одговара на условите.
dali znaete kade ima zumba nekade vo karpos 1 i kako se dvizi cenata? [mod-kirilica:3fx4legs][/mod-kirilica:3fx4legs]
пред една година и јас идев на зумба и аеробик во топ форма и супер ми беше да ви кажам ама еве веќе 7 месеци ништо не праам и ништо не вежбам а некако многу ми фали зумбата е сеа пошо ми е далеку топ форма,знае ли некој во кисела вода каде има? Гледав едно 60 минути на фејс ама незнам колку пари е месечно и каде точно се наога и дали има некое друго во тој дел?
Одев на зумба неколку месеци ,многу ми беше забавно и секако имаше ефект на затегнување ,плус и кондицијата значително ми се зголеми. Сега ,поради обврски не можам да стигнам ,многу ми недостасува...