Јас одам на Зумба (повторно).Веќе еден месец..Се плаќа 600 на месец,3 пати неделно.На почетокот мислев дека ќе почнам и ќе се откажам,но всушност го засакав многу.Ми стана потреба.Одам во Куманово,во Lolli Pop клубот (поранешна дискотека Амнезија).Мислам дека уште сега имам некои резултати.Го обожавам моментот кога ќе завршиме и се чувствувам добро во своја кожа.Го препорачувам топло на сите девојки/жени.Доколку сакате да ослабнете или пак само да се одржувате-вистински избор. Поздравче!
На часовите не ни има време инструкторките посебно да им ги покажуваат вежбите на почетничките,поединечно зависи колку ти брзо ќе се вклопиш со играњето
Почнав да си ја читам темава од љубопитство, и завршив правејќи си профил на Фемина Посилно беше од мене да си се пофалам дека одам на зумба веќе еден месец во Карпош 3 и сум презадоволна. Покрај инстант резултатите на расположение, веќе и телото почна да покажува тука-таму по некој сантим помалку Студиото се вика Dancers United, отворено е оваа сезона, инструкторката по зумба е навистина добра и многу лесна за следење. Топло ви ја препорачувам
Не сум била ама планирам. Во Ново Лисиче во основното училиште имало, мислам дека е околу 1500 денари месечно. Сите што ги знам што одат на зумба викаат дека имаат позитивно влијание во секој аспект.
Кај Стара Рампа, на граница помеѓу Центар и Кисела Вода, во фитнес клубот „60 минути за неа“. Инаку, најдобро да си провериш на http://www.zumba.com/en-US/instructor кој инструктор каде држи часови. И Прима Данца ти е близу, позади Ред Кафе. http://www.zumba.com/en-US/instructor 60 минути за неа, фитнес клуб кај Стара рампа, веднаш до влезот на Златка Копачка. Кај нас имаат дојдено машки неколку пати, ама не им беше баш згодно на некои од девојките. Подобро е кога сме само жени.
ke ve molam kazete nekoj dobar centar za zumba fitness. i da ne e mnogu skap pozdrav do site na forumot vazi li uste taa promocija? vo kolku casot im se tie utrinski casovi [mod-kirilica:2f2d9veb][/mod-kirilica:2f2d9veb]
Здраво Ke ve molam kazete nekoj dobar centar za zumba fitness vo Prilep. Fala [mod-kirilica:34ytte3m][/mod-kirilica:34ytte3m]
И јас решив да одам на зумба, а ве читам сите имате позитивно искуство. Редное и јас малку да се размрдам и да ми се врати расположението, вака се чувствувам без врска.....
Планирам деновиве да почнам со зумба. Многу е интересен начин за оформување на телото. Се се прави полесно со музика Најверојатно во 60 минути во кисела вода. Ете, бидејќи имаше неколку девојки што побараа зумба во кисела вода, еве им предлог
Јас одам на зумба еве веќе втора недела.... за тие што одат подолго... сакам да прашам дали се слабее со зумбата и дали се зацврстува телото? Пошо се форсирам многу.. одам два пати на пилатес, два пати на зумба, два пати на аеробик и еден ден во теретана секој ден по еден час... па ај да си прашам дали од овие зумба, мумба работи се постигнува нешто со редовно одење.. Фала.
Се ослабнува, да. Јас лично не одам на зумба ама моја пријателка држи часови и сите кои одат кај неа се фалат дека си зацврстиле тело, ослабнале.
Јас почнав одам на фитнес 4 пати од кои 1-2 имам зумба. Денес ми беше 3 пат, и баш убаво си поминав. Не ги правам сите вежби т.е повеќе не вежбам одколку што вежбам, ама тоа е дури да ги научам чекорите... Ама и поради тежината(120 кг имам ) не можам да ги правам многу брзите вежби. Денес мааалку повеќе се испотив за разлика од дугите пати и почнувам да ги учам чекорите! :geek: :geek: Инаку живеам во Охрид и одам во салата одма зад МУЦот. Фитнес се вика. Спојлер Мислам дека хексагон ја викаат салава.
Дефинитивно нешто најдобро за мене е Зумбата, си правам компилација од омилени песнички и сама си измислувам кереографија, има резултат за помалку од месец дена
Еве и јас конечно се одлучив да направам нешто со моето тело се надевам ќе има резултати..Почнувам од утре juhuuuu
Дали некој знае колку е месечно за зумба во Dancers United? И ако има некој одено таму да сподели искуство?