Одам на зумба една година, и до сега имам ослабено 8 кг. Ама не е само играње туку имаме и доста кардио и пилатес... играме само половина час и другото ни е вежби. А на диета никад во живот не сум била.. си јадам најнормално. Премногу сум задоволна .. не планирам во брзо време да се откажаам.
Еднаш бев така многу инспирирана да се доведам во форма, и ајде викам стомачен танц, не бе не бива, ми требаше нешто за нозе, и одеднаш ЕУРЕКА, видов реклама за зумба на фб, и како со неа брзо се доаѓало до позитивни резултати и одма јас пуштам you tube , барам за зумбава нешто ,некои почетни движења и најдовв! Иии кога реков да се тресам ,се тресам јас, се тресе подот, регалот почна да се ниша, и на крајот се сопнав на каблите ( од што ги има премалку) и си реков Shayk престани одма, ова не е за тебе! Зборот ми беше, кој сака може да ја проба, ама има премногу брзи движења, и не е за мрзливи
Ами ќе фатиш ритам, што само ќе ги растргнеш троа каблите, да не ти попречуваат пат . Само упорна биди, после ќе ти биде полесно за вежбање иако и стомачниот танц, не е лош, се обликува цело тело.
Na casovite po Zumba so kakva muzika igrate, mislam dali na primer so stranska(angliska:JB,1D)...pop muzika pravite koreografii ili samo so taa specijalno sto e za zumba muzika??? (Znam deka e glupo prasanjevo)!? Prasuvam zatoa sto sakam da se zapisam od septemvri na Zumba.? [mod-kirilica:78kkphre][/mod-kirilica:78kkphre]
Тоа ти зависи најмногу од инструкторот, кон кој танц е насочен и на кој жанр групата најмногу „се пали“ Јас одам кај Кате во Dancers United, и она се прилагодува по тоа што бара групата. Кога почнав минатата сезона најчесто игравме на хип-хоп, РнБ, зимата се свртевме на ритми за стомачни танци, сега сме во латино фазон На секој час има од се` по нешто, после 2-3 месеца зумба ќе можеш да се движиш на секаков ритам Ако не доцнам со одговорот... Само пиши Keaira Lashae на youtube, девојката има од се` по нешто, за секого, благодарение на нејзините видеа се навлеков на редовно вежбање и малку поздрава исхрана
Девојки, сакам да се запишам на зумба. Имам слушнато дека било многу интересно и брзо се слабеело. Сакам да ве прашам дали некоја од вас оди на зумба. Ме интересира каде има часови. Читав во предходниве одговори ама некој се многу стари и незнам дали уште имаат часови таму. Отидов и на таа страната www.zumba.com ама не разбирам што како. Најдов инструкторка што ми одговара и во денови и блиску ми е улицата. Сега јас како што разбрав на таа адреса има сала каде се држат часови по зумба. Дали е така или погрешно сум разбрала? D
^незнам каде се одржува, ама девојкава држи часови па ако си заинтересирана пиши и https://www.facebook.com/valentina.sokolovska?fref=ts
Дали некој знае дали сезонава има некакво вежбање во ОУ.Љубен Лапе (Аеродром)? Зумба, аеробик нешто такво
Dali nekoj bi mozel da mi kaze za casovite za aerobik vo LAzo Angelovski, ili nekoja dr. sportska aktivnost dali istovremeno ima za majki ideca?
Ова интересно звучи, зумба за мајки и деца, има ли кај нас некаде нешто такво? И каде во Кисела вода има зумба?
Ve molam nekoj tel. pisete ako znaete za casovite po zumba ili aerobik vo LAzo Angelovski. Ako moze nekoj pobrzo info da mi dade.FAla mnogu
http://www.fitone.com.mk Тука има термини и за Лазо Ангеловски и за на други локации. Има и телефонче А што се однесува до зумба за мајки и деца, нема како часови, но знам дека има вежбачки што ги носат и своите деца и ако се заинтересирани децата за играње и успеат да следат се вклучуваат и они, а ако не седат на страна...
Обожавам зумба! Неодамна се вратив на комбинација вежбање + диета и зумбата ептен ми помогна да стекнам кондиција, која што стварно ми беше на ниско ниво како улежан екс-пушач. Сега веќе многу полесно издржувам 45мин зумба плус уште 20 на некаква кардио справа. И ептен е забавно иако е напорно!
феминки каде би ми препорачале зумба во Центар или некаде блиску до Водно- Кој знае нека пише не сум од Скопје и врска немам каде да одам