Дали некој може да одвои време и да ми каже, какви резултати се постигнуваат со зумба? Кои се предностите? Придонеси? Поздрав
@SunnyGirl2 Покрај кореографиите, мислам дека повеќето студија обрнуваат внимание и на вежби. Така да, секој мускул од телото ти се активира. Се трошат калории, се зацврстуваат мускули, се добива кондиција.. Но за посакуваниот резултат потребно е правилно да ги правиш вежбите, да се трудиш максимално на кореографиите, едноставно да не ги мачкаш колку да поминат.. И секако, мора да се внимава на исхраната. Без тоа џабе вежбање, секако ако во преден план се стави ослабнување и затегнување, а не одржување кондиција.
https://www.youtube.com/channel/UCkOfNQYegVUzsADNNZNOH2g Човеков го следам некои 3 години и се радувам на секој нов клип, затоа што воведува многу малку нови чекори а секоја нова песна е уште по креативна од претходната. Претежно се ние што ги викаме шпански песни и ми се свиѓаат многу. За ефекти не се постигнува којзнае колку (одреден период знаев саати да ги повторувам игрите), но телото се ојачува посебно нозете, може да се каже и задникот колку толку. Повеќе е рационално искористување на слободно време, подобро отколку да висиме пред компјутер,, Поздрав
Најубаво нешто. Ем вежбаш, ем се забавуваш, а и не ти треба никаква опрема. Откако престанав да одам во фитнес клуб, сама си вежбам дома. Сакам и да заработувам од тоа хоби, ама часовите за инструктор се скапи.
Знаете ли некоја фитнес инструкторка за поубаво обкикувано тело (задник, стомак...) која прави и режим на исхрана во Прилеп
Здраво, дали може да предложите некој фитнес центар за зумба во Аеродром, освен Сонриса, зашто не ми одговараат термините што се останати кај нив
Во Карпош има спроти бензиската Окта, Pilates Point пишува на вратата, има тренинг за пилатес и зумба со прекрасни инструкторки.