http://www.youtube.com/watch?v=xfjBFrQ5xkw оваа кореографија ја имаме исто така и супер е додека играш аххх обожавам да денцам .
леле ненормално нешто е ова зумбава , неколку пати иам играно само а ете се забележува дека ми е намалено струкчето малку сега кога ќе се напнам летово ќе се изнаиграм
Месец дена се убедвам да почнам на зумба , ама секој ден викам утре, мотиватор ке треба да барам ако има некоја битолчанка шо ке изрази желба да другаруваме на зумба прајват месиџ нека чкртни.....
^^ Истата сум! Уште од кога го симнав видеото и никако да почнам, се си наоѓам изговори - треба да учам, полагам, имам мензис, немам време! А во меѓувреме си качив 3 килца, е многу убаво!
Леле, леле ... Го симнав видеото од Трендафилка, рака на срце едвај издржав 9 минути, ќе колапсирав ... одморив па после уште 6 минутки издржав Ауууу ... Жими се многу е добро ... Језда малку издржав, ама се ме боли и многу наеднаш се спотерав. Уште се исповрзав со фолија, мидер облеков, шушкавец тренерка .. леле ... неконторлирано течеше вода од мене. Ама, убаво се осеќам. Се надевам по недела вежбање ќе успеам цело да го издржам.
да ама треба да знаеш да ги комбинираш вежбите, побрза кореографија па побавна, и така наизменично цел час, ако неможеш сама тогаш најдобро е да се приклучш на зумба.
Аа, па како тие на видеото така и јас. Па многу е 1500 денари кога можам сама растур да праам Јас цркнав, зашто здрава година немам вежбано асолно, а вчера почнав наеднаш турбо и нозеве едвај ги движам. Ама еден човек еднаш ми рече, таа болка ќе помине или со уште повеќе вежбање или со легачење, изборот е твој. Јас сега одбирам да вежбам. Вечер пак.
1000 e месечно Зумба, а летово ќе биде мислам рекоа 800 и тоа пакет 2 неделно 3умба, пилатес и аеробик.
Ајдеее да размрдаме газиња феминчиња штом решивме повеќето на диетичка да се ставиме Ако ми кочи глупавиот интернет ќе собери сили ке го симне торентов и од утре на мешање,играње
Трендафилка фала за линкот Од денес почнав, и прво со основните чекори малце ги научив па после последните 20минути има потење одвај издржав. и се чуствувам супер утре со нови сили продолжувам
Читав за зумбава, ама немам пробано да играм. Е ќе почнувам да денцам низ дома на зумба, само да си направам план од видеа и да ги разгледам убаво. Поарно ќе зумбувам него да денсам низ дома некоја моја кореографија Сакам да се стегнам уште бре, ама со зумбава има да се изназумбувам и г'зево да го доведам до перфекција (убав облик имам, ама уште поцврст сакам да ми биде )
Уф.. го спуштив торентот од Трендафилка и се изморив дур ги учев вежбите Една да направев точно добро ќе беше. Многу несфатиливи . Се ме болиии...
Го нема на јутјуб прикачено него? Тие што го имаат спуштено ако имаат таму профил можат да го прикачат и да ни дадат линк .
Леле а од кога се наканувам да почнам да идам на зумба,а ете вие се пронашле за во домашни усови Абе ве обожавам! Го симнувам сега ,и утрее...Dancin' dancin'!
Трендафилке, фала ти мноооогу за видеотоо Јас денеска само тие крајните 20 минути ги извежбав. Ги издржав сите, но жива вода сум, буквално Од сега, секој ден ќе вежбам Зумба ... стварно е многу забавно!
^ Само јас ли не можам да го симнам клипот од Трендафилка? Или вие се преправате дека сте го симнале?
Ќе почнам и јас од задутре со зумбава, ама баш барав на интернет, требало да се вежба по еден саат, најмалку 3 пати неделно Јас ќе се радувам и на тие 20минути ако издржам, иако имам кондиција.