До сега играв на тоа од Трендафилка. Мене без проблем ми го отвори. Иначе установив дека многу сум се улежала. 20 мин. и вода од мене. Еее порано на играорна по 2 саати рипав. Туку сакав да прашам ако може некоја од вас да ми даде уште некои линкче да симнам уште нешто
Зумба ис чејнџинг мај лајф Штотуку плешав на оваа 10 пати рипит Препотена сум и пресреќна и негативната енергија од мене ја снема. Подобар плесач станувам и поголема самодоверба ми надоаѓа ,кај и да е ќе соберам храброст да му заплешам еден стриптиз на дечкото http://www.youtube.com/watch?v=1G1AkJ-97ng&feature=related
http://www.youtube.com/user/lovezumba#p ... sSrq3HBa7A Еве од тоа линкот еден дел други неможам да најдам, не обеќам но ќе пробам да го ставам на јутјуб од профилот на татко ми. едит: пробав но многу споро оди пишува за 160минути и сега го преќинав. едит2: TAДAAAM најдов уште еден линк, ај спуштете и кажете какви се овие, ми личат на тие тетките од видеото што ни го даде Трендафилка. http://zamunda.net/details.php?id=24397 ... rtcomments
Морам да ви кажам дека и јас со почетоков на рапустов планирам да ви правам друштво со Зумбава. Забавно е, а како што гледам и има ефекти.
Инспирирана од темава, моментално го симнувам клипот од Трендафилка. Ваљда ќе ми го отвори мене Гледам сте ја испофалиле зумбава, јас никогаш не сум ни видела како изгледа тоа, а немам намера да давам 1000 денари месечно, кога имам интернет и можам да си вежбам дома
Еве и јас да видам што е со зумбава ме заинтересира,сите ја фалите, интересно ми се гледа јас и онака вежбам, не дека нема ефекти што вежбам,ама ова со зумбава изгледа има побрзи ефекти
Само што завршив со вежбање. И добро се испотив! Мене од прва ми се симна видеото од Трендафилка. Многу е забавно и навистина ја исфрла негативната енергија од мене. Како за прв час, задоволна сум. Е сега, не знам колку пати неделно треба да се вежба? 3 пати?
Jaс за Зумба разбрав од тука на форумот, па едно време се заинтересирав и зумбав Навистина интересно е, наместо да се мачиш да вежбаш, па да броиш, една нога, друга рака, ова-она, вака си ја пушташ омилената песна и кој е ко тебе Само во домашна атмосфера јас лично немам истрајна воља, на почетокот си земаш сила, влегуваш во филм, стануваш наутро зумбаш, легнуваш зумбаш, па кратиш после-само навечер бидејќи утрото си имал обврска, па после прескокнуваш некоја вечер-си се начукал, си се загледал тв, креветот ти е многу убаво наместен, за на крај да почнеш да велиш: Ај од утре пак. Не знам дали е постирано видеово ама мене ми изгледа добро, алал да им е на девојкиве, јас не го можам ова целото (сега засега ) http://www.youtube.com/watch?v=xNnMYxUK-40 Од Трендафилка видеото не го имам видено, компјутерот е малку настинат, некој вирус врвел, и не може да се оптеретува Нека оздрави, па ќе му фрлам еден опул
Опса са, самба, румба, думба, зумбаба ! Ајде да зумбаме, ја заминав да зумбам кој сака нека ми се придружи. Бела блуза, кратки пантолончиња и на зумбање. Кога ние вака кај нас, во Колосеум фитнес фиеста и сите по спортска облека на зумбо танцување, ем секси, ем наиграни . Мене овие ми излегоа па да учиме чекори. Па и ова на плажа http://www.youtube.com/watch?v=1G1AkJ-9 ... re=related Ова ми се виде интересно, а има различни чекори така, гледам сите исто не играат по видеава или на различна песна различно се движат http://www.youtube.com/watch?v=pwqZefUh ... re=related
Земете си ја правосмукалката во рака, испендерете се на прозорците... напрчете се врз тепихот.... па да видите каква Зумба е тоа. Жива вода зумба.
Бројче, бога ми права зумба е чистењето низ дома , со правосмукалка итн., како и да е,јас почнувам со правава зумба
Еве ви и од мене едно видео, според мене одлично за загревање и едноставно и за поголемите дрвца за танцување. Ајде исправете грбот, спуштете рамениците, затегнете газињата, вовлечете стомачето и идеме! http://www.youtube.com/watch?v=Ep0vn_3e ... C&index=10 Еднаш на Зумба, односно прв пат кога отидов, некако не можев да се уклопам во кореографијата, се изнервирав и и отидов на цурата да и кажам дека пируетите не ги врти како што треба Она се изнервира и ме стави напред ако сум толку паметна јас да ги покажувам вежбите. И ги покажував Којзнае која ку*ка ме мислеле сите Ова чисто онака да споделам колку сум смотана некогаш. Битно зумбата е супер, ама тоа веќе пишав одамна на темава
Браво ако можете да вежбате во домашни услови. Јас сум пробала ама не иде. Еднаш, двапати ќе повежбам и толку отиде амбицијата.Затоа си идам во клуб со повеќе простор од дома и весела атмосвера и да ви кажам топ ми е. Инаку резултатите се видливи, незнаете колку само струкот ми е намален (а и све останато).Се надевам годинава на плажа гордо ќе си го носам телово, за разлика од други години кога бев нон стоп врзана со марама Иначе некој прашуваше за деца дали се носат на час.... јас каде што идам во ламбада многу мајки си вежбаат заедно со децата има такви групи.
Знаете дека дури сеа гледам што уствари е зумба Јас сум дрво дрвосано за танцување. Али ќе си ги пуштам овие кога ќе сум домче сама и ќе денсам бе, ептен добри клипчиња па и до трендафилка тој торент ли што и да е ќе си го симнам. Па нели и Бијонсе преку песната вели да се вежба со танцување http://www.youtube.com/watch?v=mYP4MgxDV2U