Па ова е целото од Трендафилка што го постирала.Со повеќе видеа,ама проблемот е што не се пуштаат со било кој плеер,туку само со двх плеер ор самтинг...добро е,ми се допаѓа.Вредеше десет гигИ!
Јас го симнав тоа ZUMBA BASICS & 20-MINUTE EXPRESS, Трендафилка што го имаше постирано и ми го пушта секаде, во BS, Windows Media Player, Windows Media Center, Media Player Classic Заокружениот дел содржи линк до торентот.
^ Башка не ви е потребно целото, во големото видео саат време објаснуваат чекори. Скокнете ги, не си трошете download џабе, штиклирајте го само последното видео од 20 минути и готово.
Кај мене не сака никако. Јас од видеото од јутјуб си ги научив чекорите и ептен ми е интересно. Три дела по 15 мин се, така да ми се фаќаат 45 мин вежбање и тоа ми е тамам. И уф, се навлеков на зумбава, башка енергија дава
Ех девојки да не бевте вие поимот Зумба ке ми беше непознат. Веќе една недела по пола саат си вежбам по дома.Играње, играње како што живеам во зграда не е ни чудо да се појави некој комшија на врата.Ама јас не се замарам, пуштам најгласно зумба и играаам.
Сега го пуштив видеото од Трендафилка да вежбам, и мене ми го отвара сегде... Почнав од почетокот и се испонервирав, сите чекори ги мешам, не знам ни еден правилно да направам Да ме гледа некој ќе ми каже дека играм како да сум даска за пеглање алишта(да не кажам како Кејти во Дрти Денсинг). Ги рипнав тие покажувања на чекори и отидов право на 20 минутното играње, мислев подобра ќе бидам така, ама тикви. Престанав после 10 минути, не дека се изморив, туку се вртам како нездрава, не можам да ги следам. Секоја чест на тие што можете да ги следите Јас се откажав. Ќе пробам после пак, втора мајка.
Јас го помешав насловот на темата со игричката ''зума'' и не ја отварав темава никако.Видов дека има голем интерес па си реков ај да ѕирнам што е,и има што да видам.Тогаш ми текна дека игричката се вика зума,а овој наслов е зумба Всушност и во фитнес е сместена темата ама ајде де Денес ќе го симнам клипот,и ќе му го покажам на дечко ми,заедно да играме може и точка ќе си направиме за во дискотека.
Баш ми е интересно бе Вчера тој клипот на Трендафилка дури два пати го изиграв,мислам на делот 20 минути што е. Дури и плус стомачни ,чучњеви и дигав мааалце тегови. И девојки не се откажувајте одма по првите 5 минути,демек тешко ви е.Соберете сила и изиграјте го цело,ако ве фати криза бидете сигурни дека не трае повеќе од 1-2 минути,и после пак ви се враќа силата. И нормално е да имате воспаление на мускулите,значи се затегаат.Мора на почетокот да им биде поголемо оптеретувањето. Лапнете едно аналгинче и ко нови
ај те молам ако може кажи ми каде точно во аеродром?таму кај сунсет кафичот доле по скалите или некаде на друго место?
Еве нешто од мене, сега го најдов па и јас не сум го погледнала...Се надевам дека е добро http://www.kat.ph/zumba-zumba-live-flat ... 79414.html
Епа ајде ако можеш види што е. И кажи дали вежбите се “чекор по чекор“ или се игра цела рутина наеднаш. (мислам дека добро објаснав )
Епа јас чудово го пробав прееска ама... ич не ме бива! Ниеден чекор не погодив ко што треба. Ќе помислам дека сум труп за играње (а баш мислев дека сум по денсањето ) Ај следен обид утре, да не ги вознемирувам коммшиите навечер Иначе го симнав тој торентот од трендафилка што сите го симнувате и ми го отвори со БС.плеер без проблем.
Епа Мацич мора да симнеш БитТорент, затоа што е тоа торент и така ќе можеш да ги симнеш и мојот и тој на Трендафилка. Значи пиши Битторент даунлоуд на Гугл и симни го... После симни ГОМ плеер, се живо и диво чита и после ќе си зумбаш по домче
Ќе пробам да го симнам и јас сакам да се приклучам на толпава горачи на масно да видам што е тоа болење задници и мирис на изгорено