Абе,сите се тресеме,ама никој поискусен не кажа дали има резултати од ова?И какви?И за колку време? Или може јас не сум видела.
Важно е дека шири позитивна енергија, те ослободува од стресот, а со потењето, од штетните материи и масничкото што си го фативме сите некако периодов Како оди симнувањето?
И јас денес изиграв 45 минути, прво видеото од Трендафилка, после уште едно од 23минути продолжение на тоа.Е при крај малку се побркав со чекорите, па си играв некои по мое Ама не беше лошо. Инаку јас од Гугл дознав дека со вежбање барем 3-4 пати неделно од еден саат, резултати имало после 3-4 недели.
Зумбава ако е со посебни потреби и посебни чекори, како што има que te mueve, нека има и чекор шек јо бади мен, м? Ќе направам еден снимец и ќе играте на него.
Најпрво не ми беше интересна зумбата, ама од кога се навиканва и ги научив чекорите одвај чекав да дојди време да одам на зумба бидејќи еден час беше зумба а два аеробик, меѓувреме одев на фитнес, ама сега пак ќе продолжам на зумба, само на зумба Еве ги моите омилени песни за зумба http://www.youtube.com/watch?v=r6RaY0D6W2M http://www.youtube.com/watch?v=nILrs6sc ... re=related Штета што не можам да најдам едни други мн интересни ама тоа е сега др пат
Еј топ е видеово на Трендафилка. Мада јас ги знам цуриве од негде, ама не ми текнува од каде Ќе да е од Јутјуб Како и да е, се тресев и јас на истото пред некој ден и супер е. Чекорите се екстремно лесни и едноставни но на крајот типот кога објаснува како правилно треба да се прават, е тогаш настапува вистинското потење. Тоа сфатив дека не е исто кога си ги цупкаш и онака асално кога тресеш, затегаш стомак, внимаваш на газе и слично. Ма одлична ми е зумбава, а ритамот те обзема сакала, не сакала
Овој месец ќе одам на Зумба..баш некако забавно ми изгледа,а истовремено и си се обликуваш. А одамна му се токмам... Прееска го спуштив едниот торент и типките се супер.. Утре ќе зумбувам малце со нив..да се спремам за кога ќе почнам Може и јас ќе смислам некои чекорчиња..денс мувс.. :geek: Па ќе ме слушате..Ајде дај дај ми колкови..треси го газетоо...дај му малку вкус..зачини го Како кулинарска емисија! Шегата на страна,зумбава е закон!
Вистина, добар предлог Мерлинке, што викате, секоја од нас 5 минути да се снима кај што прави свои чекори и сите ќе ги споиме во едно видео и по нив ќе играме наши зумба мувс кај што не ни се гледаат главите (Безглави зумба денсерс) па на јутујуб ќе станиме популарни , морало по нивни да одиме? секако некој ги измислил и нив Ионака потешко ми е дур ги следам нив, па често си забегувам со мои во некои варијации.
Може и од јутјуб да се гледаат видеа со зумбава немора да се симнува од интернет видео.Јас готово се заразив со зумбава , почнав ( забегав ) јас сега вака со јутјубево ќе се занимавам,оти немам можност сега за сега да одам на часови по зумба
Ми кочи мене многу преку јутјуб,а и мала ми е собава кај што ми е компјутерот ..неможам доволно да се тегнам Утре ги ставам на усб и на Двд во дневна ги пуштам Инаку само еден месец ќе одам на часови..потоа дома сама си продолжувам. Т.е. не сама..туку со трите другарки-зумбарки!
за резултати јас можам да потврдам, еве оваа недела почнав играв само може едно 5 пати неделава и со сигурност тврдам дека струкот ми е зацврстен и намален а и во нозете и стомакот сум ослабена, пре презадоволна сум!Ќе си продолжам и ќе се напраам петка за летово(ама да напоменам дека и исхраната ја сменив малку па затоа може делувало толку брзо)
Мене искраната ми е одамна намалена..и килцата исто..уште малку треба.. Викаш има резултати? Јас многу се надевам ,нозете ми се катастрофа мора да ги стегнам малце. А колку време вежбаш дневно,зошто јас каде што ќе одам на часови ..трае 90 мин.
Горде читни овде, http://en.wikipedia.org/wiki/Zumba, еј имало и игра за зумбава Спојлер http://en.wikipedia.org/wiki/File:2D_Zumba_FOB.v3.jpg , 2010 е излезена, не е многу стара, ај некоја нека најде торент да си ја спуштиме, па можда играта ќе ни помогне во чекорите , освен ако не се заиграме па да заборавиме на вежбање
Регетон делот ми е најглуп и најомразен.Мразам регетон!Неартикулирано движење!И воопшто не само во зумбава ич не го сакам!Секси било?!Шо?!Можам да ти опростам на вкус,евентуално на лош слух и чувство за ритам! Го скокам тој дел на сите видеа.Ама дуплирам друг и така...
Еднаш дневно вежбам, по саат, саат ипол кога како. Ама остатокот од денот сум многу раздвижена си подскокнувам стално по дома или одам и пешачам па и тоа дополнително помага
Мене Кумбиа делот ми е најубав некако..Посебно Кумбиа Кендл Калипсо ми најдосаден... А од овие трите девојки Џина (со витканите коси) најдобро демонстрира.Со неа баш се внесувам во зумбата