Побарав низ темиве, и видов дека нема тема за Икеа.. Ја нема во Мкд, ама мислам дека е доволно позната и дека повеќе луѓе чуле/купиле нешто од тамо. Јас лично ја сакам Икеа, затоа што е ефтина. Квалитетот не е нај нај, ама за поефтино имаш супер дизајн. :y:
Е па веќе никаде нема квалитет како порано, една трпезариска маса во три генерации да се користи. Сега од каде и да купиш мебел скоро ист е квалитетот. Се користат лесни материјали, иверки, медијапани,метал и стакло, кожа , еко кожа, платно...а не како порано масивно дрво. Инаку јас сега бев во ИКЕА и не беше баш ефтино. Оние ситниции глупости за по дома беа евтини, а тоа што ми се допаѓаше ( столови, масички, дневни соби ) држеа цена. Ми се допадна една фотеља, ама не беше којзнае што , а кошташе 75 евра, што и не е ефтино за едно фотељче. Кај ИКЕА ми се допаѓа што имаат дизајниран мебел, можеш да пристапна сума да си го опремиш станчето по најнова мода, а не кај нас ко ќе видам некој кауч од пред 20 години му ставиле цена како којзнае што да е. Инаку си купив две бели ламбички, целите од стакло многу интересни и модерни, една сталажа за во купатило и некои други ситници.
Многу ја сакам ИКЕА, и многу ми е криво што ја нема кај нас. Секогаш кога одам во странство, ИКЕА обавезно ја ставам во агенда. Има мали сипматични и евтини работи. Мебел не сум купувала од проста причина што немам како да го донесам, а ми се допаѓа. Квалитет не ми треба. Поважно ми е да изгледа ок, а нека биде евтино, за да можам често да менувам.
ИКЕА ептен ми се допаѓа. Нема враќање од Солун без посета на ИКЕА Едно, таму можеш се да најдеш за домаќинство, друго цените се пристапни и најважно многу се едноставни и модерни. Од ситниците имаме многу работи, а од мебел имаме масичка и столчиња и нешто како сталажа за кондури. Квалитетот е релативна работа. Еве кај нас издржаа 5 години и најверојатно ќе издржат уште толку. Сепак се исплати за парите. Ех, да имаше овде колку многу ствари ќе си купев. Транспортот е проблем инаку цел стан ќе беше со ИКЕА мебел
Супер е Икеа и навистина ми е многу жал што нема кај нас. Половината мебел ќе ми беше оттаму. За жал, не верувам дека во блиска иднина ќе влезат во Македонија, затоа што сме мал пазар, а и немаме голема куповна моќ.
Ako nekoj e zainteresiran, noviot kataog Ikea 2010 go ima za simnuvanje na http://www.baneprevoz.com/e-knjige/IKEA ... -2010_1430 ili http://www.baneprevoz.com/e-knjige/I (i od 2008, 2009 i 2010)
Често купуваме од ИКЕА, и дома имаме доста работи од таму и стварно се супер, се може да се најде на едно место и за помалку пари.. А и каков хот дог имаат мх мх мх
Hие вчера бевме во икеа да купиме креветче за керка ми и видовме едно розово и супер беше и сакавме со некој од продавачите да се распрашаме за да ни го донесат дома,веувајте немаше човек да прашаш,можеби на еден спрат по еден човек,и имаше ливче да си земиш и да си напишиш со сакаш.и слегуваме долу каде што ги чуваат сите работи како јард и одиме по креветче и си го земаме и му викаме можете ли да го донесите дома?и тие ам одете прво дома ви ке платите преку интернет и после дојдете да си го земите незнам точно што кажаа и маж ми се налути и ги остави и креветчето и постелнината и земавме само едни мали слатки пластични чинии и чаши за вино само тоа.а изгубивме 2 сати за ништо мене ми изгледаше несредено,неорганизирано имаше гужва луге полно,првпат влегов и неубав впечаток ми остави или можеби не сме го погодиле денот
Па во ИКЕА оди така... принцип на самопослужување. Се е од типот „направи сам“, па нормално и дека сам ќе си земеш тоа што ти треба. Прво шеташ, одбираш што ти треба, си запишуваш. Па одиш во тоа складот, или како да го кажам, буквално сам го земаш тоа што ти треба, ако успееш да го најдеш. Последно кога бев во ИКЕА, ништо од тоа што ми се допадна немаше (ах пусти штрајкови), па морав да импровизирам. Среќа, ми се погоди и вака. Инаку, ИКЕА ми е добра кога не мора да фрлам многу пари, т.е кога тоа што ќе го купам не ми треба да ми трае долго време. Иако, може да се најдат доста добри работи за малку пари.
Супер е... Кога одам можам цел ден да останам и да си шетам, да си гледам и да си купувам. Имам купено некои работи (масичка, табуретки, полица, тепих , перничиња и покривки, завеса, ламби и ситнурии за дома). Квалитетот не е лош и а за парите вреди.
Ако можеш да дадеш линк ако има поставено на интернет или некоја слика да видам , ми треба ново масиче за во детска
Дали има тапети и која цена се? Пасошот ми стига за еден месец и ќе одам... да чекам или да си зеам од кај нас?
Јас си купив ваква бела масичка пред две недели. Беше 4.95 евра. Цените на 90% од работите беа покачени, па валда и цената на масичката ја покачиле. Во каталогот имаше црна, црвена и бела, ама во ИКЕА беа останати само црна и бела. Можно е да нема повеќе зошто буквално одеа ко алва, а и многу работи што ги имаше во каталогот - беа веќе распродадени. Иначе масичката е преубава и лесна за одржување. Многу убаво ми одговара во собата
la-chicka поефтини (односно 5е) беа масичките што не се со дрво декор (црната, белата, црвената...) Тие со дрво декор беа 7е.