Да, постои. Со тоа што имаш рок една година да си ги подигнеш парите од Икеа, ти или некој ако оди натаму. За подигање на пари од Скопје не сум запознаена.
Ме интересира дали некој купувал погабаритен мебел од Икеа? Ми се допаѓа PAX плакар но не знам како би го донела… Маж ми вика јас на кола на кров не го ставам 236 е висина па не знам дали имам некаква опција, луѓево што носат за пари дали носат такви големи работи или некој друг предлог…?
Ние скоро носевме кревет си наша кола, 210 беше дижина и со спиштени задњи седишта и во гепек супер собра, можда вие можете да спиштите и предно и таман ќе биде. Ќе седиш ти позади возач инаку има една Ивана https://www.facebook.com/share/6gdUfH4EbrxKgLxa/?mibextid=LQQJ4d они носат се, наплаќаат плус 20 или 30% од цената. Ама сами ако си земете можете и такс фрее да земете па доста поевтино доаѓа.
Да, јас прашував пред некое време пред да одиме за Софија и беше мн поскапо и затоа не се одлучив за такво нешто. Ќе морам да го убедам иако се сомневам дека би го собрало у кола
Не се ништо посебно пакс. Да не ти е криво. Реално ти можеш само елементите што ги сакаш да ги земеш, а се друго да ти го изработи некој кај нас. На пример фиоките, или она за палтолони. Не знам што точно ти треба де. Изгледа ок нели на слика, или монтиран у дуќан од професионалци оти реално за излог им е. Не се малтретирајте да товараш или изгребеш кола за тоа. Пакс зедов за во ходникот, не ми ништо посебно квалитет, ама оти ми е доволно висок и широк 1м па ми собира и јакни и место за правосмукалка имам. Инаку што знам, полиците не се ништо посебно, нит па корпусот. Некое пресувано нешто е внатре, дали такви струготини, поима нема како се вика. Задната страна ти е скоро па картон . ИКЕА у последно време попуштат на квалитетот секако, ама оти лесно се склопуваат, само заради тоа ги купуваме сеуште.
Здраво. Дали има некој искуство со онлајн продавницата Plati na vrata, дали праќаат тоа што си нарачал, бидејќи има многу лажни продавници. Поздрав.