ИКЕА

Дискусија во 'Дом' започната од KuklickaSk, 5 август 2010.

  1. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Дали некој нарачувал преку ikea.rs до Ниш со достава? Од таму да се земат нарачаните работи? Дали функционира ова и дали е валидно? Поврат на ддв претпоставувам враќаат. И до колку смеам да внесам во МК без царина, 350е од човек е исто како за Грција или? Фала :)
     
  2. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Дали некој нарачувал преку ikea.rs до Ниш со достава? Од таму да се земат нарачаните работи? Дали функционира ова и дали е валидно? Поврат на ддв претпоставувам враќаат. И до колку смеам да внесам во МК без царина, 350е од човек е исто како за Грција или? Фала :)
     
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.241
    Допаѓања:
    5.254
    ^Истово сакав и јас да прашам :D
    Направив профил, наполнив корпа. Ама ме интересира како оди сега подигнување од Ниш дали се плаќа при подигнување или онлајн, колку време може да “чека” робата?
    Порано викаа дека мора да имаш српски број или адреса или нешто сл. Сега гледам ми дозволи со мк број и адреса да се пријавам. Денес може и да им се јавам, прв пат ќе земам со подигнување од пункт. Бугарија премногу качиле цени, не се исплати веќе да се вози патот, а Грците секако водат во највисоки цени. Па за поголеми пратки овој пат ќе го тестирам Ниш и ќе споделам(fingers)
     
    На Liky и zence им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.299
    Допаѓања:
    38.819
    Пол:
    Женски
    За Икеа Србија, мислам се закажува термин кога да се подигнат пратките од Ниш. Не знам дали можеш подоцна од закажаното.
    Што се однесува на царина, 350 евра од човек е, со тоа што сметката не треба да биде поголема од 350 евра инаку може да ви прават проблем на граница. Гледајте сумата поделете ја на повеќе сметки, максимум до 350 евра.
    За поврат на ддв обично на каса во Србија те прашуваат дали ти треба, за во Ниш не знам, ама може и они можат да ти завршат. Со тоа што повратот го земаш следниот пат кога ќе се вратиш во Икеа, не го даваат на граница.
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.241
    Допаѓања:
    5.254
    Во Ниш жив човек немаше за да прашаш нешто. Сите беа магационери кои што си прават утовар истовар и по потреба ти носат роба од икеа, таков впечаток добив. Магацинот си е некоја приватна шпедиција и транспорт која си има соработка со Икеа. Не знам дали клик и колект е вака и низ Европа. Нејсе, робата уредно си беше доставена ко што си е по пропис од Икеа. Датата за достава ја запазија, немаше доцнење и сл. Во известувањата кои ги добив изричито пишуваше дека ако не ја подигнам во дадениот период ќе биде вратена назад. Ми остана нејасно дали можам да подигнам и од Врање, ама немаше кој да прашам, па останува да ги контактирам на маил и следен тест да правам од таму.
     
    На Liky и mira.mira им се допаѓа ова.
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми добри и не многу скапи перници и единечни јорганчиња од икеа. Опремуваме стан за издавање и сакаме покрај тоа и работи основни за кујна да земеме-чаши, тањири, шолји, прибор, крпи.. Вреди ли да се оди до икеа за сѐ тоа или од продавници тука ако земаме поефтино ќе нѐ фати? Не им работат страните ни грчката ни бугарската и не можам да ги видам производите и цените.
     
  7. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Страните можеш да ги отвориш со VPN
     
  8. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    489
    Српската работи т.е. може да се отвара со адреса од Македонија.
     
  9. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Да, само има доста разлика во цени од српската и грчката/бугарската ИКЕА. Чисто да имате во предвид
     
  10. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    489
    каде е поефтино?
     
  11. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Србија е најевтино моментално
     
    На zence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Женски
    Плус такс фри можете да направите и да имате поврат од било која икеа.
     
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    9.650
    Пол:
    Женски
    А што е тоа? :) Не се разбирам искрено