Ако има нека каже некој каде се наоѓа , јас гледав каталог од 2010 и има многу убави работи ама Швајцарски беше календарот, па до Швајцарија да одам не бидува .
Не е точно. Вистина е дека се планира да се отвори Икеа во Софија, но тоа ќе се случи дури кон крајот на 2011. Фотографијата е веројатно направена во Грција, само камиончето е бугарско.
Не сакам да акцентирам но многу ме изреволтира следново Ламбава во Икеа е 8,95 евра додека во Македонија во InterProject Design Studio е 1800 денари и сите останати им се од Икеа а си ставаат МАРЖА и ги продаваат во Македонија. Не велам на секој не може да оди за Грција но ова со цениве . Инаку купувам во Икеа најпрво дома си го прегледувам каталогот и знам што ми треба има работи за сечиј џеб. Ова е новиот каталог за 2011 година, исто така можете да се зачлените и да ви праќаат сите новости и попусти преку меил http://onlinecatalogue.ikea.com/2011/ikea_catalogue/GR/
Секое идење во Будимпешта прво кај што мајка ми оди е ИКЕА...Бев неколку пати и си изнакупив работи за во соба ама некако досадна ми стана. Али дека е ефтина-ефтина е стварно. Тетка ми цел стан го опреми од ИКЕА. Значи од децките соби, спална, кујна, трпезарија и многу поефтино и излезе... Ние купивме шољи, тањири и зделички по 8... Еден тањир беше точно 12 денари а шољите по 8 денари, за зделичките не се сеќавам. Не се некои обични за нигде баш убави крем. Тренерка имам од ИКЕА ја износев за по дома или за по пат Чадори убави има,пешкири во сите бои имаме дома, а за бебињаа какви имаа Е да се навратам на храната на ИКЕА и тоа им е прекрасно секое идење обавезно купуваме за дома торти или грицки некои и незнам што се има. И по еден ручек во ИКЕА обавезно мммм
И мене ми се допаѓа да си пазарам во икеа... секое одење во Цолун обавезна ни е посетата на икеа и стварно има работи за сечиј вкус и за сечиј џеб последниот пат си изнакупив од тие масичките по 5евра за дома и за во салон,си земав три бели и една црна си земав две високи столни ламби сто даваат прекрасна светлина,четири мали столни ламбички,многу се слатки завеси си земав,полици и две бели комоди со по три фиоки големи и лесни се за склопување исто така имаше ефтини патосници за во купатило што беа на акција по 1е и не мозев да им одолеам (само белите беа толку) оние поларни кебенца по 2,50е саксии за цвекиња вештачки цвекиња,па свеќници,па држачи за кеси,ама стварно што ти веке не ....а јас ви се испофалив ама стварно со мерак си ги изнакупив и се ми собра во кола,а на граница немаше никаков проблем затоа што сето тоа ме коштасе не повеќе од 300е еве сега едвај чекам следна прилика пак да одам за да си докупам уште многу работи што ми се на ум,па си собирам малку по малку парички и трк во Солун башка многу идеи за дома за уредување на станот си добив
Бидејќи ќе го уредуваме домот потребни ќе ми бидат овие работи кои сте ги набројале. Никогаш не сум била во Солун а слушам дека имало убави и ефтини работи. Ме интересира колку чини патот до таму, автобуска карта и сл. Ве молам да ми објасните подетално. Фала
Савана имаме дискутирано за патот до Солун во темата Шопинг во Солун ( барај во Мода и убавина). 800 ден е повратна карта во сабота со автобус. За другите денови е поскапо. Инаку можеш да си побараш каталог од Икеа на нет да видиш што има отприлика на попуст
Јас ја купив лапмпава и е 10 евра а приметив дека кај нас ги препродаваат, бев минатата недела и си уживав со луѓево од факс одиме да прошетаме зошто секогаш можеш да најдеш и најмали ситници ептен ефтино. И ми се допаѓа што дизајните им се едноставни и модерни.
Колку била блиску до мене а ниту еднаш немам отидено Баш го гледав каталогот за 2011 во Солун, и има пре пре убави работи... Работи кои шо незнам за шо поточно сакам да ги искористам, ама убави се и сакам да ги имам.
Страшно неквалитетно,често и нефункционално,но убаво за око и забавно за склопување,ништо повеќе.Модерен мебел кој е фино да си во можност да го менуваш барем на секои 3 години,до душа и толку и ќе ти додржи ако е нешто кое има секојдневно експлоатирање и употреба.
Истата лампа си ја купив и јас пред 3 дена точно од икеа и е преубава и ефтина, има пре пре пре убави работи во икеа, штом влезеш таму нема шанси да излезеш празен
Од коа бев икеа ме воодушеви склопеноста на изложбениот салот. Се супер наместено за мерак секоја соба и само идеи ти идат дека можеш да си наместиш така и никако празен не си заминувап дома. Ама кое ќе дојде делот да си ги земиш работите и гужва шо треба да ја чекаш е тоа по живци ми е...за икеа разбрав пред некој 3 години коа станав домаќинка а пред тоа ни ламбички ништо не ми беше на ум
Од тука со празни раце, никој не излегува. Има различни работи за различни вкусови, по многу достапни цени. За квалитетот не можам да зборувам, зошто прв пат купувам нешто од таму, но сепак се надевам дека ситниците што ги купив ќе потраат. Држач за лап топ по смешна цена од 70 денари, полици од по 300 денари, бироа за 2500 денари, далеку поефтино од тука. Вредеше одењето, иако нозете после не си ги чувствував. Јас бев пред три дена, и единствено што ми сметаше беше гужвата. Имаше ептен многу луѓе, секако претежно туристи, касите се преполни и се чека минимум по 10 минути за да стигнеш на ред.
Апсолутно се сложувам со ЛИЛИТ...има практични работи кои можат да ти се најдат и декорации, интересно е за разгледување ама воопшто не се квалитетни и материјалите им се лоши да не и затоа се толку ефтини...најефтини од сите куќи за мебел во странство.
За подобро домаќинство ИКЕА Искрено кога ја видов темата се зачудив Секогаш кога одам во Солун морам да наминам и во ИКЕА имам и доста работи купено од таму како пример двете црни масичиња а за мајками работите во кујна.Си купив и една розева ламба како цветче за во соба многу краси и свети розево не оти ја уклучувам ама важно стое на ѕидот (а добро каде ке оди?) . А 12 евра мислам дека беа едни глупи хартиени ламби има и убави и квалитетни работи ама и нешто безвезално.
Moже ли да ми дадете линк каде можам да ја видам адресата на салонот на ИКЕА во Солун. Малце сум оффтопик ама точно ли е дека ИКЕА ја основал Македонец иселеник во странство?
Aдресата не ја знам точно ,но се наоѓаподолу од космос трговскиот пешки е неколку минути неможеш да утнеш.инаку основачот на икеа е швеѓанец Ingvar Kamprad му е името мислам по неговото име е и крстена компаниата IKEA ,,E и A ,, не ми текнува значењето нешто со место имаше врска имаше на дисковери емисија основана е одамна 1940/50 и нема никакво македонско потекло (освен некојси прапра дедо далечната 1800 да се преселил во шведска ) Nа темава ми се допаѓа икеа за македонски стандарди е топ, имам купено доста работи повекето ситници но и популарните столици на клацкање и доста добро се држат до сега ,некоја масичка но не се многу квалитетни ,имаат и квалитет но тој си кошта и ти следува гаранција од 5-20 години во зависност , а за пошироките народни маси имаат солиден квалитет на мебел, сепак секоја чест за изложбените салони нема излегување додека не прошеташ се и мораш нешто да купиш евро по две-три на крај сметката испод 50 еу не е