IKEA Thessaloniki 12th km Thessalonikis - Peraias Thessaloniki, 57001 Greece http://www.ikeafans.com/directory/ikea-thessaloniki-121.html
Јас неодамнешното целосно опремување на станот го спроведов со икеа мебел и сум презадоволна. Во однос на квалитетот морам да кажам дека е на солидно ниво, а цените се за сечиј џеб, почнувајќи од едноставни до високо квалитетни парчиња. Тоа што највеќе ми се допадна е фактот што сами бевме дизајнери на сопствениот мебел. Ќе почнам од спалната Седнавме пред комп. таму и одбравме кои димензии ќе биде плакарот, на колку делови ќе биде поделен, каков материјал ќе биде и избор на врати. Внатрешноста на плакарот ја дизајниравме според сопствените потреи, (мојот дел на плакарот и оној на сопругот секако се разликуваат). Бројот на фиоки за веш, даски за редење на маички, шипка за закачалки, делот за закачување на панталони... Кога бевме готови, го испринтавме и тргнавме во шопинг на даските . На испринтаниот лист ти стои секое делче од твојот регал во кој дел од икеа се наоѓа за сам да си ги набавиш. Најдовме, купивме, донесовме дома, монтиравме...и за 2 дена имав регал по желба. Креветот го купивме од друг салон за мебел, но душеците и дрвените даски кои се ставаат под душеците ги купивме од икеа. Масичките, ламбите за масичките, лустер...корпи за нечисти алишта...сето тоа го зедовме од икеа. Дневната(работна соба) Се решивме за иста комбинација на бои и материјали. Црн лежај и бел шифоњер. Софата повторно ја нарачавме од друг салон за мебел(по инсистирање на сопругот од проверен салон за мебел специјализиран за лежаи, каучи...) Изборот на регалчето беше по слична процедура како и шифоњерот во спалната, но овојпат направивме комбинација од веќе понудените готови модели. Составен е од 3 дела. Секој ден е долг по 1 метар. Едниот е само со рафтови за книги, другиот како креденец ќе му дојде а третиот дел е комода со висечки дел кој иде над телевизорот. Материјалот т.с дрвото и бојата беше идентичен како она во спалната. Бирото сами си го составивме. Постојат готови даски кои се работна површина на бирото, си купуваш одделно ногарки, и сам си одлучуваш колку долго ќе биде, дали ќе биде право или ќоше... Потоа само вметнавме готов елемент под него(шкафче со фиоки на тркалца ) Кутии за документи, лустер... повторно се од икеа. Кујната( дневна) заедно со апаратите од домаќинство е од друг салон, но сме презадоволни од трпезариската маса со 2 клупи за седење(се решивме на ваква комбинација без столови). Чаши, садови....со супер квалитет и изглед (се перат во машина за садови) по ниски цени. За во купатилото рафтови за редење ситнурии, крпи... за постилање на подот повторно по супер цени. Милион делчиња, даски купивме кои сопругот се сам монтираше и на ниту едно немаше мана, се беше до милиметар точно прецизно обработено. дури и за во шпајз има мебел, т.с рафтови да составиш на кои ќе ги редиш ситнуриите. Има огромен избор на слики( на жалост ние не успеавме да најдеме тоа нас што ни одговара), елементи за во градина, тераса, цвеќиња.. Менито во ресторанот напамет им го знам(не дека ви муабетот е многу важно) супер храна по нормални цени, кафе да си надополнуваш бесплатно, сокче ... Оддел за бејбиситинг додека родителите пазаруваат. Аууу и какви прекрасни детски работи и соби има , мерак човек за дете да го фане. Се во едно е икеа за мене. За секој џеб, за секој вкус. А квалитетот од добар до супер.
Имам една ламба од Икеа и сум презадоволна. Одлична е за на биро или наткасна. Може да се крева и спушта, наведнува, баш кај што е светилката да се ротира - и што е најважно многу е мала, а дава одлична светлина, свети нешто помеѓу жолто и бело. Абе мултифункионална е - и за читања и за романтики терање сега за сега 2 години ја користам и немам гајле. Само не знам колку време ја користеле пред тоа и колку ја купиле моиве. За други работи не знам, сум била еднаш во салонот во Солун, 500 работи да можев ќе земев, само ако имав пари и место за чување
Сега го видов коментаров па да реплицирам Во однос на квалитетот секој си бира според сопствените можности, има регали(како и се друго) од 200 но и од неколку илјади евра. Сам си ги бираш материјалите, ако ти е подлабок џебот можеш најексклузивно дрво за регал, вистинска кожа за гарнитура... Икеа важи баш како функционален салон бидејќи се наоѓа за секого се и по најразлични цени. Забавно за склопување , аре ју кидинг ме. Сте склопувале ли, или барем сте биле ли присутни на монтирање на кујни, регали....па да видите каде лежи забавата. Ефтини се поради принципот сам да составиш т.с да дојдеш до идејата како да изгледа парчето кое го сакаш, сам да си најдеш низ салонот што сакаш да купиш(секое штрафче, секоја даска...) сам да си донесеш дома и сам да си монтираш. За разлика од другите салони каде гледаш каталог и си нарачуваш што ти се допаднало, и си чекаш 6/8 недели, тука се сам работиш и си готов за неколку дена. Тоа нема врска со квалитетот, кога го купуваш си знаеш што купуваш и заштедуваш оти не доплаќаш екстра за сервис т.с услуга на вработените како во друг салон. И не , не се најефтини куќи за мебел во странство во последниов месец прошетав низ неколку икеи и минимум 20 други салони за мебел. Има дискаунт мебел салони каде цените се пола од оние на икеа, а квалитетот ниту толку а има и луксузни салони за мебел кои работат со брендирани марки. Асортиманот на икеа не ни може да се спореди со тој во дискаунт маркетите, но дел од него секако се поклопува со оној од луксузните салони. А токму тука лежи и функционалноста Според мене се од солидни па со растењето на цените и квалитетот се зголемува до добар и одличен, но во никој случај лош. Со разлика што тука веднаш ќе го имаш парчето кое го посакуваш а не да чекаш во празен стан со месеци додека ти го испорачаат од секој друг салон. Не ми е целта да се убедуваме , само споделувам мое пресно лично искуство
Јас лани кога бев на одмор во Грција ја посетив (Во Солун) Многу убави работи имаат..а сега колку се квалитетни..
Што се случува со ИКЕА во Македонија? Имаше некои најави дека до крајот на годинава ќе добиеме ИКЕА и тука, на простор до Скопски Саем...има некои информации дека ќе ја биде наскоро?
Сите ги фалите ламбите ,креветите итн. но јас ќе му ја пофалам храната(таму каде што има!) Особено swensk kjotbollar се многу вкусни. Имаат многу убави идеи и може да се најдат работи за секој вкус .
Köttbullar го повлекоа од менито низ сите Икеа салони , поради скандалот со коњското месо Пред тоа ми беше омилено , кога и да бев таму обавезно си порачував Иначе јас се почесто ја посетував Икеа , се нешто си наогам и го терам мм да одиме .. Последно си купив завеси за дневната , масичка со две столчиња за ќерками и други тракатанци за домот и да не заборавам секое идење си купувам од ова DRACAENA MARGINATA имам 3 дури
Значи да почекаме Имам една мала масичка од оние лесни ефтини и многу ми е практична си ја носам натаму наваму, ако оди некој уште две такви ке му порачам.
Супер работи има во Икеа и од се што сум земала до сега сум задоволна. Штета што нема кај нас, почесто би купувала.
Предложете ми нешто интересно и практично од икеа, нешто што сте си купиле и испаднало добро. Ќе одам за скоро, а имам скоро празна куќа Мене ми се посебно интересни оние разно разни да ги наречам делчиња за подобро организирање на работите во кујна (прегради за фиока, држачи за зачини, држачи за ножеви, постоља за редење на чиниите и уште милион такви ситници )
Може ли некој да стави линк од најновиот каталог на Икеа (грција)..никако неможам да најдам сакам да одам, па да видам отприлика што би ми требало па да не бидам како мува без глава
http://onlinecatalogue.ikea.com/GR/el/IKEA_Catalogue/ Еве повели и јас со список си бев, и се по него си пазарев
Масички, има многу убави мали за 10 лева, во Гр. незнам колку се, јас имам црна, има убави цвекиња за дома, свеки, држачи за прибор..Неможам вака да ти кажувам, стално и друго се зима,таква е