Фала MorbGoth.666. Бев и еден куп работи накупив. Отидов со список, а купив двапати повеќе работи од списокот и се мислиме пак да отидеме. За масичките знам кои се, и пишман сум што не земав бела, по 5 евра беа, здравје следниот пат. Е и цвекенце некое сакав, арно ама ми трубеа преку граница не сум смеела да го носам . Најмерак ми е што купив лустери и плафоњерки за цел стан (ефтини беа, а многу убави, овде не најдов таков избор), постелнина, разноразни корпи, килимче, чинии и разни садови за во кујна, чаши, пешкири, комплетен акцесорис за купатило и што ли уште не.
^Не знаев дека преку граница не смее да се носи цвеќе, јас пред две години си имам од Икеа купено Dracaena Marginata или Dragon Tree за 2 евра, вакво, во мала саксија, сега е веќе големо собно цвеќе.
Mayyya мене така ме напнаа. Не смеело, не смеело и не купив. Ставрно незнам дали е вистина. После кога се вратив неколку луѓе ми се пофалија дека си купиле и никому ништо. Јас сакав кактуси да си купам и некое вакво цвеќе.
Јас имам три вакви цвекиња , секое идење во Икеа си купувам . мене почнуцаат брзо да ми се сушат ливчињата и паѓаат Кажи како две години го одржуваш во живот_
MacenceEna, скоро три години како ја имам купено, прво беше кај мајка ми, летно време во двор ми ја чуваше ама под сенка, не сака директно да е изложена на сонце. Ти да не ја ставаш директно изложена на сонце, така и се сушат листовите. Одвреме навреме и ги кратам ливчињата долу, сега не ја чепкам, на пролет ќе и ги скратам повеќе за да оди нагоре, многу бушава станала. Некогаш и се сушат врвовите на листовите ама ги кратам до кај што се исушени со ножици. Еве ја.
Одлично сте направиле, ние сакаме сега да отпатуваме до Солун и да изнакупиме работи од таму... Она што сакав да те прашам е транспортот, како го организиравте за оние покрупните работи кои си ги навела? И на граница немаше проблеми нешто или пак царинарење на предметите? Фала ти однапред...
Некој да има искуство со купување мебел од Икеа - Солун? Како иде со транспорт, царина, едно - друго? Се исплати ли да се купува од таму...или?
Па мислам дека до 300 евра не се плака царина,можеш и на граница да прашаш до колку пари е дозволено. Инаку имаме земено маса со 4 столици и некои ситници и не плативме царина. А во врска со транспортот нас не собра во нашата кола затоа што сите работи во ИКЕА се расклопени т.е. на делови спакувани во поголеми кутии(зависи каков мебел ке земаш) и дома си ги сосотавуваш. Можеш да се распрашаш постои опција на излез од Грција т.е. на Грчка граница се спремаат некои документи па да си повратиш данок.....незнам точно како оди цела постапка ..... кога разбаравме веке беше доцна!
Штета што нема во Македонија Икеа, инаку на запад, поготова Швајцарија домор си го уредуваат од таму. Нема шанси во Македонија да влезе Икеа, ќе ги затвори сите пластичари, салони за мебел и слични такви работи, а и башка сме мал пазар.
Нема да влезе....не им се исплати... имаме многу домашни „прозиводители“ кои задоволуваат најголем дел од вкусот на пазарот...македонска работа - еве комшијата ќе ми го направи, зашо да давам пари на салон за мебел.
Транспорт си организираш сама.. Во МК смееш да внесеш роба за лична употреба со вредност до 350 евра. По можност да не е сомнителна, 100 тави од ИКЕА од 3.5 евра Обавезно да си ја зачуваш сметката од ИКЕА.. На граница да си побарате и повраток на данок. Тоа се добива ако имаш сметка над 120 евра. Значи сметката да е 120+ евра, не 5 сметки вкупно 120 евра.. Порано даваа и нешто таму во ИКЕА да пополниш, прашај си за секој случај..
ИКЕА ја обожувам само ми е жал што ја нема во Македонија првиот пат кога бев ќе се изгубев преголема (зборувам за икеата во Солун) си купив масичка 5 евра и мн сум задоволн едноставно има се од игла до конец што би рекле старите хахаха
@danichap Бидејќи не можам да ти пишам порака, ќе морам тука да те прашам. Бидејќи гледам дека доста работи сте купиле ме интереисра за транспортот. Дали поголемите работи ги даваат на некој начин склопени па ти дома си ги составуваш или целосни ги купуваш? Ние лани земавме обична масичка за во дневна, и ни ја дадоа на составни делови со упатство и дома ја составивме, па така немавме проблеми за да си ја донесеме дома. Е сега на страната гледам имаат доста убави кревети, и баш би сакала да си земам пак од таму, ама проблемот ми е само транспортирањето. Сепак кревет е, не знам како би го пренела до дома со кола. И ме интересира дали можеби знаеш кога имаат попусти? Вака на официјалната страна не сум забележала до сега намалувања. Ама доколку има пред или после нова година, би сакала да го искористам.
Секогаш после нова година има попусти. Јас сега пред две недели видов масичка за декорација прилично не многу мала за само 7 евра што беше многу ниска цена, Но зависи како ќе начекаш.
Се е пакети и идентичен принцип како масичката. Единствено во одделот за остатоци(не знам дали ова е најсоодветно зборче), се продаваат веќе склопени парчиња по многу ефтини цени. Но тука иѕборот е многу мал, тоа е само едно ќоше со неколку парчиња од целокупниот асортиман. За попустите не сум на жалост во тек. Тогашниот стан го опремувавме со нивни мебел, за овој го набавив од друг салон и ги немам во сеќавање цените.
После нашата нова година така? И само уште нешто, @danichap дали некаде има ценовник за тие поединечните делови/даските? И јас сум во план за нов плакар и прво мислев мајстор да ни го склопи според наша замислам ама доколку има составни делови во Икеа уште подобро. Димензиите ги имам, само ме интересира цената на даските.
Ја прочитав ама не добив одговор затоа пишав во оваа тема, @buba4e89 Ми рече дека не знае затоа што долго време не била, а и не и е во близина