1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ИКЕА

Дискусија во 'Дом' започната од KuklickaSk, 5 август 2010.

  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Да се вмешам малку и јас во муабет. :D

    @simoncelicius најдобро да бараш информација за цена на конкретниот сајт на Икеа (точниот салон од каде што планирате да купувате. Бидејќи ја спомена коритсаки, претпоставувам дека станува збор за салонот на Икеа во Солун).

    Не сум сигурна дека разбирам на кои даски мислиш но, штом сте решени за плакари од овде, ти го препорачувам Pax системот. (Вратите и внатрешните елементи се посебно). Станува збор за модуларен систем, кој многу лесно се прилагодува на даден простор, а варијациите се неограничени. Потребно е само малку планирање и елементарна математика. Ги има во различна висина, ширина и длабочина.

    Икеа има и апликација за планирање и дизајнирање по мерка, т.е ти визуелно си го правиш по мерак и вкус, а самата апликација ги додава конкретните продукти со цена и количина (кое и колку ти е потребно). Бидејќи не разбирам грчки, не можам да ти ставам конкретен линк ( @koritsaki можеби би сакала овде да помогне). Ако ја нема апликацијата на грчкиот сајт, планирањето би ви било малце отежнато но, не е невозможно. Треба само внимателно да се бираат елементите и да се внимава на деталите ( винтови, шарки, полици, фиоки итн.) Во краен случај, вработените се обучени и дефинитивно би ви биле од помош, ако јазикот не е бариера.

    Ова во случај да сакате плакар по мерка. Имате и готови модели, ако нешто од тоа ви се допаѓа и ви одговара на просторот.

    Друга опција ви е Софија.

    Попустите (барем овде, каде што сум јас) се периодични и треба редовно следење на сајтот, кој редовно се апдејтува. Последниот попуст овде беше викендов, 50% за Black Friday (на обрани производи).
    Летово имаше добри попусти за кујнски елементи. По Нова година, редовно има попусти.;)

    За сега тоа, ако имаш прашања, тука сум.:$




     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски

    @do-re-mi ај прати ми баш линк од апликацијата? зашто сега влегов на гр сајт и неможам да видам нешто такво. На некој ако му треба превод за нешто нека каже
    Инаку за жал неможам многу многу да помогнам зашто на живеам во Солун и овде во моја близина нема ИКЕА продавници
     
  3. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Коритсаки, не можам да пратам линк, затоа што не разбирам грчки. :tmi: Би требало да се вика нешто како planner Pax 3D (или нешто слично). Можно е и да ја нема на грчкиот сајт на Икеа. Во полето за пребарување не ми даде резултати. Исто и на бугарскиот сајт.

    Сакав да дополнам околу транспортот. Најверојатно, кога купувате од друга држава, останува на вас сами да си организирате. Што и колку, сами треба да си се распрашате. Икеа нуди такви услуги, но во рамките на конкретната држава.

    Исто така, мислам дека ви следува и повраток на ДДВ (tax free) но, не знам како оди точно процедурата. Распрашајте и за царината.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.081
    Мислам дека опцијата за која зборува @do-re-mi ја нема во грчката Икеа, но не ме држете за збор.
    А околу транспортот сам се организираш.
    Само внимавајте над 350е ве царинат, мислам дека и некој погоре спомна.
    Па можете да направите неколку тури до Икеа, или пак да одите неколку коли ако веќе пазарувате баш количински.
    Инаку такс фри враќат за сметка над 120е, со тоа што ви издават некоја потврда од икеа со вашиот број на пасош или вака нешто беше. Ќе си прашата на каса и ќе ви кажат.
    Враќањето на данок е на Фри Шопот, ама скоро имаше некои измени, но секако на граница ќе ви кажат.
     
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    8.431
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi, @duffi , фала ви девојки, многу ми е ова од помош а плакарите баш ми се допаднаа,

    Доколку апликацијата ја има за било кој друга икеа, ако не ви е проблем поставете линк, не мора да е за грчката баш. Еве и Софија доаѓа во предвид.

    Инаку мене најмногу ми беше да ги фатам попустите, па ако постојано ги апдејтираат веб-сајтовите тогаш да следам на нив. Ама да не се зезнам како кај нашиве сајтови, едно пишува на страната сосема друго е во салонот.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @simoncelicius еве линк од апликацијата на британскиот сајт на Икеа (за да се отвори треба да ти е апдејтуван Adobe Flash. Но, имај во предвид дека цените ќе ти ги даде во фунти, а можно е и да постојат разлики во залихите на продуктите т.е некој продукт што ќе го има во Британија, да нема го во Грција. Сепак чисто колку да видиш за што зборувам, а и може да ви помогне во планирање и дизајн):

    http://www.ikea.com/ms/en_GB/rooms_ideas/planner_pax3d/index.html?icid=gb|iba|20140131|95

    И немај гајле. Што пишува на сајтот, така е и во салонот. :)

    Само, мислам се разбираме, ако одиш во Грција, ги гледаш продуктите и попустите на грчкиот сајт, за Бугарија - бугарскиот (затоа што може да варираат и цени и попусти од држава до држава).
     
    Последна измена: 29 ноември 2015
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Женски
    Дали некој би знаел каде може да најдам ваква вазна со цвеќе? Од икеа го зедов, во Џамбо нема. Фала
     

    Прикачени фајлови:

  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    Јас баш ваква од џамбо имам. Баш зелена :)
     
  9. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Била некоја од вас сега скоро во Икеа во Софија? Планираме наскоро да одиме, па да прашам каква е Икеа во Софија, поголема е и повеќе снабдена е од Икеа во Солун? Вреди да се оди?
     
  10. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас порачав полици од икеа преку фб , навистина се одлични за парите. FB_IMG_1458944419451.jpg FB_IMG_1458944463479.jpg
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Ај кажи ми што димензии е библиотекарот на првата слика, и за која цена го добиваш? Ми треба нешто слично, а немам време да шетам по салони за вакво нешто.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Високо е 180
    Широко 60 и длабина 24 .
    Праќаат по карго ,ми стигна за 4 дена . Само да напоменам дека не ги праќаат монтирани ,ти треба да си ги монтираш дома ,ама лесно е имаат алат и вдлабнатини за штрафовите и останатите елементи :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Заборавив цена , 3150+ каргото си го плаќаш
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.936
    Пол:
    Женски
    Знам за монтирањето, имам парчиња од Икеа дома, ама не одам во соседство во скоро време, затоа прашав за колку време и што цена има.
    Супер, фала ти. Уште линк од каде што го нарача? :D
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.081
    Библиотекарот е најпродаваното парче на Икеа. :)
     
    На joy1 и Ordinary им се допаѓа ова.
  16. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Од фб IKEA naracki така се потпишани.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Плус прашав на нивната страна дали само тие производи ги продаваат кои ги имаат споделено и дали доколку ни се допадне нешто од страната на икеа ќе го донесат во мк рекоа дека може.
     
    На Ordinary и Annath им се допаѓа ова.
  18. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.801
    Допаѓања:
    80.640
    37c71467a9a319e229b72775143e24a3.jpg
     
    На LUCERKA, Annath, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Странава има доста работи од Икеа , а тоа што го нема со порачка ви го носат ,другарка моја има порачано доста работи од дечкиве и многу е задоволна ,професионално работат и многу брзо испорачуваат скоро секаков вид на роба.А и доста лајкови има стрната така да сигурно е една од подобрите , затоа што има на фб доста што нудат сум гледала повеќе.

    https://www.facebook.com/isporaka/?fref=ts
     
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Анат го имам црниот дома, има и бел ист мислам дименизите му се :висина 180,ширина 60,длабочина 24 ,а има чинам и поголеми односно пошироки од оваа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.