Дали некој нарачувал од OutletON? Гледам има многу лајкови страната и имаат производи од Икеа, па ме интересира ваше искуство?
Имам порачувано почетокот на овој месец. Нарачката до дома ти ја носат и иако ми рекоа за две недели сепак за некој си 3-4 работни дена стигна
Јас сум во куќа што значи човекот со колата во дворот влезе и буквално пред вратата ми ја остави нарачката.
Здраво.. Дали може да ми посочите од кои наши страници сте задоволни за нарачување производи од Икеа, конкретно производ кој го немаат на лагер? Ви благодарам однапред
Јас имам нарачувано од страната „ОдИкеа„ задоволна сум. Работите што ги нарачав ги имаа на лагер, па ми ги донесоа за два дена, доколку ги немаа најверојатно ќе траеше подолго. Сосема културна страница имаат каде што можеш според шифрата од производот да видиш колку ќе те чини истиот, а имаат и контат, па можеш и да ги контактираш.
Ок се, не ми текнува за колку време ми стигна производот, мислам имаа опција и сам да подигнеш производ и со достава.
Zdravo devojki,sakav da ve prasam Dali od covek e 350€ili od vozilo?primer Jas I soprugot,Dali smeeme da vneseme roba od 700evra,Bez carina
Од човек. Јас сум гледала 1 сметка да ми е макс до 350, не 700 ако сте двајца. Ама може и да не ве проверат.
Никогаш не сме внесувале роба со поголема вредност, па ќе ми значи доколку ми објасните како оди целата постапка. Во колкава вредност може да внесам роба, дали и колку ќе ми биде даночена и дали и колку ќе ми биде царинета?
350 евра по лице. Искрено колку ќе бидеш даночена и царинета не сум сигурна. Можеби ако е made in eu нема царина, барем така е при увоз во државава, ама треба да има изјава од извозникот точно е прецизирана како треба да биде, а ддв ќе платите ете максимум нека е 18%. Исто така не мора да значи дека 100% тебе ќе одлучат да те проверуваат. Но, јас на тој ризик не би одела. Најчесто сме 2ца, па гледаме ако е возможно да ја поделиме сметката на 2 од по 350 еур. Им се имам појавено неколку пати преполнета на граница, цариникот за глава се фати еднаш, ама не ме отвараше. Среќа пошто немаше да се спакувам пак, иако уредно си бев во лимитот. Затоа друг пат за парталчиња ме царинеле. Инаку од погабаритните ствари што сум земала се тросед, спална, единечен кревет. Такс фри ќе си земеш веројатно знаеш.
Здраво, гледам дека е ова поодамна пишано ама сега сакам да одам за купам детска соба за малиот од икеа па ме интересира колку посто од цената е tax free? и дали сеуште важи ова за 350 евра од човек? Фала
Толку е по човек. За такс фри ќе те излажам, во Грција ддв им е 24%, ама не враќаат толку, во Бугарија не памтам. Еве сега гледам, баш од викендов имам сметка 221 евро од Икеа, рефунд вика 25 евра, ама менувачнициве си задржуваат некој процент, така што ако вратат 20 евра среќна ќе сум. Мислам дека можеш и да се вратиш следен пат во продавницата и од таму да си земеш целосен рефунд, и така сум правела.