350 евра е од човек, само внимавај да немаш сметка поголема од 350 евра, оти може да ти прават проблем на граница.
Прво заверуваш во Икеа, потоа на граница кога излегуваш. Имаш рок од една година за повраток на данок кај нив. Јас три пати имам враќано данок.
Не знам како е за Ниш. Од Икеа треба да ти дадат документ кој треба да го завериш на граница. Не знам дали во Ниш го прават ова.
За од таму знам. Ама од Србија многу земаат од Ниш центарот што им е, ретко кој оди до Белград. Ама од Ниш не може да се земе такс фри, мислев да не смениле нешто.
Треба да провериш кој сервис го користат и дали кај нас го има, ако го има можеш и од овде да си земеш.
Следниот пат кога се враќаш во Икеа, им ги даваш заверените листови и ти враќаат пари. Имаш рок од една година. Мислам не мораш лично, може и некој друг ако оди.
Нема Икеа во Ниш и Врање. Во Ниш има само доставен центар, бар мислам дека беше така. Икеа продавница има само во Белград. Оди си во Солун, поблиску ти е.
Ти кажала анатх. Во Србија ИКЕА само во Белград, во Ниш само доставен центар, Врање нема ни тоа. Јас за поголеми набавки одам до Софија, поевтина е. Ама патот не ми е омилен.
По ново 20%, за погабаритни 25-30%. И носат од Солун. Јас некако гледав на Бугарската страна, тас и најефтина е може затоа што нема поврат на ддв, што знам.