Може ли малку подетално да ми објасниш околу повратот на ддв? Земам пр документите од продавницата што пазариш и што понатака? Каде се враќа уствари ддв-то? За Грција знам земаш документот, печат на граница и на фри шопот поврат, за ваму како? Ако не се лажам фри шоп нема на граница..
Во икеа им кажуваш на каса дека сакаш да земеш таксфри. Одиш после на шалтерите со пасош, ти пополнуваат документ (пошто ова е Бугарија е све поспоро од Грција), ти ги заверуваат документите. После на излез на бугарска граница ќе кажеш дека имаш роба за таксфри и каде да одиш да ти стават печат. И они ќе ти дадат некоја изјава да пополниш. Ако ти се погоди (како на нас последниот пат) од господ бељата исфрустрирано граничарче, ќе ве изгњави па макар и со мало дете да сте, ќе треба да ви ја провери робата (ова и во Грција го прават ама многу покултурно и не секогаш) или ако е некој пофин ќе завршите побрзо работа. НЕ ЗАБОРАВАЈ, на враќање пред бугарската граница од десна страна има некои бараки ваљда шпедиции, ќе треба да направиш копии од сметката, а може и некои други папири (овие им требаат на граница) и таму нешто ситно се плаќаше, имај си или левови или ситни евренца. Во икеа нема да ти направат копија, а ќе ти треба, или ако си најдеш некое друго место успат ископирај си. Да знаеш лимитот беше мислам 350 евра по човек и тоа на една сметка, не комбинирајте 700евра ако сте двајца на една сметка, ако се запнат ќе ве царинат нашите. После со сите документи и пасош во Скопје има манувачници кои работат со таксфрито од бугарската икеа и таму можеш да си ги подигнеш парите, нормално си земаат и некоја провизија. Не знам точно колку им е во проценти, ако ти треба да барам по сметки ако најдам нешто. Или друга опција е ако се враќаш пак во Бугарија, јас поминувам низ Ќустендил и таму има една книжара што враќа таксфри и така би ти дошло малку повеќе, можда провизија не задржуваат, не сум сигурна. Ова и ако иде некој друг може да земе ако им го дадеш пасошот на кој е земено таксфрито. (не знам колку е легално)
Постапкава ти е иста и за други продавници ама имај предвид дека ако таксфри услугата која ја користат може нашиве менувачници да не ја работат, во тој случај ќе може само од Бугарија да се земе. За икеа сигурно има во Скопје пошто имам земано и од Грција и од Бугарија.
Во фри шопот никогаш не го користи повратот на данок..и не го подигај Провизиите им се доста повисоки него ли во МК во менувачници да си подигнеш пари За Бугарија малку позафркнато е бидејќи во зависност со кое таксфри соработуваат, од таму ќе ги подигнеш парите.. Јас еднаш праќав сметки и документи до софија за да ми пуштат на сметка пари, кај нас не можеа да се подигнат а не беа мала сума.. Од Е&М имаш во гтц, со глобал блу не работат.. Со другите тешко да најдеш поврат во мк
Сакам да купам некои елементи на кујна од Икеа па се размислувам дали е исплатливо и каде се цените пониски. Дали сеуште има повраток на данок има ли некој скоро искуство? Благодарам однапред
Цените во Икеа Бугарија се доста поефтини од тие во Грција/Србија. Е сега јас не сум знаела дека сумата треба да ти биде над 300 лева, во Грција и за 50 евра те следува такс фри, тука над 300 лева а не повеќе од 350 евра по човек зошто ќе те царинат. Ние во Икеа имавме над 300 лева или над 150 евра ама во Декатлон еве имав 250 лева сума, што реално не е малку а не те следува такс фри. 10% некаде се фаќа поврат на ддв што еве не знам дали се исплати, тоа ќе си пресметаш. Друго ти треба копија од пасош и копија од фискалната за на граница, тие ти ги задржуваат, а во некоја Глобал менувачница во Гтц давале поврат на ддв. Ние бевме пред некој ден, земав се папири ама не сум пошла да го земам ддв-то, многу пари се Се шалам, околу илјада и нешто денари имам па затоа
Фала ти, големо срце си. Тоа значи ако идеме двајца во кола можеме да купиме 2 Х 300 евра? Дали има само во Софија Икеа или има и поблиску? Јас ако идам би останала и 2-3 дена да прошетам малку.
Да, по 350 евра од човек максимум. Има и во Варна така ми дава на сајтот Јас некако сум разочарана од Софија, Икеа е ок, за тоа што отидов тоа и купив ама ринг мол е нула со молот пример во Приштина или ист гејт. Што знам мене не ми остави некој впечаток. Плус патот е катастрофа, од К Паланка до граница стандард се работи на пат, така беше и пред години и години, сигурно 3/4 год не сум била у БГ и истото е. Сакам да кажам малтретирање е бајаги. Убав помин!
Наумив да одам првпат во Икеа, до сеа мудро ја заобиколував, ама нема чааре, дојде нож до коска Ве молам искусните -дајте сигурно инфо: 1. До колку со мм може да се товариме? А да не не царинат нашите? 2. Има поврат на ДДВ - колку точно/одприлика во процент? 3. И процедурата е (ако разбрав добро) земам документи од Икеа, ми ги заверуваат на граница и одам на фришоп (на шалтер?) и барам поврат на ддв? Вака некако? Ич не ми се м'кне до Солун по горештините ама ако има солидна заштеда ќе подразмислам
Сега го читам ова, зошто не од фришоп поврат? Колкава разлика е во процент, знаеш? Никако да направам математика, дал да се малтретирам или да порачам од добавувачи од Икеа
Јас правев поврат на ддв ама од Икеа Бугарија. Сметката треба да е над 300 лева за воопшто да можеш такс фри да направиш. Кажуваш дека сакаш такс фри и ти даваат едни листи ги пополнуваш или после каса има шалтери ти помагаат. На граница те прашуваат дали имаш нешто за царина пријавуваш документи за такс фри, ти ги заверуваат. Сметката за да не те царинат на граница не треба да е над 350 евра од човек. Од таму се пополнето ти даваат. Јас поврат земав во менувачница во ГТЦ, некои 15/18% од прилика. Пс: провери ги цените во икеа грција и бугарија, не се исти и види каде ти е поисплатливо да пазариш, исто мислам и повратот на ддв дека не е ист.
Не знам точно сега колку проценти си задржуваат.. јас со години не ја користам опцијата за во фри шоп.. За икеа, таа во Бугарија е поефтина. Иако повратот не е ист.. Не знам што планираш да купуваш, јас ќе одам во Софија по фиокари наскоро, ако не ти е нешто големо можам да ти земам. Не ми треба процент За друго, докторот погоре пишал убаво..
А гледам има опција да нарачаш онлајн а да подигнеш од локација друга, пример Благоевград или Ниш. Дали некој ја користел оваа опција има искуство?
Тенкју претенкју, ама две соби треба да опремам, таман со мм да "товариме" по 349е. во едно возило белки нема да ме царинат ако товарам сѐ. Ептен шизик на ризик ќе бидам, ама така сум се запнала, освен на икеа плакарите ништо друго не можам да измислам..
Само да немате над 350 еур од човек. Ако планирате повеќе обавезно на две сметки. Мене спална, детска, дневна, тераса, се ми е носено од икеа. Софа, плакари, брачен кревет, детски кревет, душеци, маси, табуретка, за полици и ситнурајки не ни зборам. Дури и таму некогаш ги отвараме за да ни ги собере. Преполнети сме биле, ама запазуваш сума. Софија секогаш ми испаѓала поисплатлива, ама последниот пат со бебе се мкневме, они рачно ги пишуваа документите, окапавме чекајки и веќе не одам натака. Солун од логисткчки причини ми е попрактичен. Доставувачи не ми биле исплатливи. Такс фри можда 40тина еур ќе дојде на 350, ама не ме фаќај за збор. Документи земаш од икеа, им кажуваш дека си за такс фри прво на каса па ќе те упатат после каде да ги земеш, на грчка граница ти ги заверуваат и земи си од овде после поврат, не на фришоп.
Јас планирам детска соба да купувам од Икеа и сум изненадена од Икеа Србија во однос на цени, конкретно плакар гледав и е поефтин доста од Грчката икеа, од Бугарската тука некаде плус минус. Само немам земано никогаш такс фри и дали поетои како опција.