Јас донирав пред малце, ми кажаа дека ми се земени 118 денари од кои 100 денари идат за донацијава. Потоа и порака ми стигна дека имам донирано 100 денари.
Кога ќе звониш ќе слушнеш "Ви благодариме што дониравте 100 денари" oд секретарката, не треба да праќаш порака.
Браво за идеата, Офспринг. Јас им пишав на канал 5, оти се најгледани, дека никој до сега не ја објавил веста, па ги замолив нив да ја објават со цел поскоро да се соберат потребните средства и им го пратив барањето од Ѓорѓи. Искрено се надевам дека ќе ја објават веста и ќе се соберат парите.
Донирав од сите 3 оператори (дома сите сме на различен), се надевам ќе ги соберат парите. До сеа знае ли некој колку се собрани?
^Добро би било да не известат колку пари се собрани досега, да знаеме барем дали сме блиску до потребната цифра и колку успеале сите акции околу случајов
од прилика 15тина феминки што пишале дека донирале... некој по повеќе пати донирал.. и плус тие што не се пишале па можно е да сме направиле 4000 денари
Дајте да праќаме мејлови организирано по телевизииве, може ќе се освестат да кажат на вести. На било која телевизија, Алфа, Телма, Канал 5... Пишувајте мејлови!
Денеска прочитав на фб кај мајка ми и солзи на очи ми се навирија. И веднаш дониравме. Зошто животот е олку неправеден кон олку млади луѓе? Зошто едно 23-годишно момче да се мисли дали утре ќе го дочека новиот ден или не?
Телевизија Канал 5 Улица Скупи 1000 Скопје Република Македонија Веб уредник editor@kanal5.com.mk Маркетинг marketing@kanal5.com.mk Информативна редакција desk@kanal5.com.mk info@kanal5.com.mk тел. +389 (0)2/ 3091-551 локали 132 и 133 факс +389 (0)2/3091-560 Сметководство факс +389 (0)2/3091-556 Централа тел. +389 (0)2/3091-551
Пратив мејлови до мрт,алфа, сител,телма, канал5 и ако никој не се заинтересира значи во државава немаме саглам медиум.
Ако, праќајте нека биде помасовно, да не бидеме само 2-3ца што ќе пратиме мејлови... Се надевам дека утре ќе објават или некој од богаташиве ќе донира повеќе!
Денес е Божиќ.. Убав ден, голем празник. Ама на ова момче денес не му е до празнување. Денес е убав ден, ден кога сме должни да направиме добрина, да ставиме насмевка на нечие лице, на било каков начин. На фејсбук честопати апелирал за помош, ама не допира до луѓето.. Денес искрено се надевам дека ќе допре.. Божиќ е.. Можеме да му помогнеме на ова момче..Можеме! Ајде ! За вас не се ништо, а за него се СЕ Ајде да бидеме хумани и да му помогнеме на Ѓорги да прослави уште многу Нови Години, да не дозволиме ова да му е последен Божиќ!
Донирајте луѓееее. Ако чекаме од богаташиве, ништо не правиме... Нив мува не ги лази за „обичните смртници“ што се борат со живот... Незнам само дали они коа ќе умрат, во сандак ќе си ги стават парите што ги имаат.
За ДДВ. Колку жално, и за донации користат. Барем и тие нека донираат некоја поголема сума, сите знаеме колку пари имаат.
Колку ме потресуваат вакви вести...моментално немам кредит,го дадов за да ставам посрани "бесплатни минути",ама прво нешто што утре ќе го направам е да ставам кредит и да донирам.. Ќе им кажам на моите кога ќе се вратат да донираат,се надевам има доволно луѓе со срце,кои ќе успеат да ги соберат средствата.Не знам како може некој да остане рамнодушен на вакво нешто.. А оние бездушни крадци наречени политичари,иако вријат од пари украдени од нас...ич мравка не ги лази...барем ај ги украдија,ама нека фрлат некој денар за да го спасат животот на едно младо дете бре! уфф ама се изнервирав...колку е суров животот за некој... http://www.fakulteti.mk/news/12-01-07/z ... drugi.aspx Зоштоо!?