Прееска на Алфа, на емисијата "Овде и сега" ги имаше броевите за помош. Добро е, барем една телевизија се свести и објави за случајот.
Донирано. Јас имам едно прашање. Ако на пример не се соберат средствата (недај боже), каде одат донираните пари? Дај боже да оздрави, да бев во можност би ја донирала и целата сума.
Донирано! Се надевам дека ќе се собере потребната сума на пари и ќе се спаси овој млад човек. Ах, живот!
И мене ова ме интересира.. Одат кај семејството или се даваат на некој друг ваков случај каде што се потребни средства ?
Во денешен Фокус пишува дека се собрани парите во последен момент, 10.000 од донации, а другите 40.000 од Фондот за Здравство. Се надеваме дека операцијата ќе биде успешна.
Дониравме за донирање, но знае ли некој што бидна, се собраа ли доволно пари, се оперира ли детево, како помина, дали е добар сега...? Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред...
Баш сега ми се јави една другарка и ми кажа дека на вестите кажале за Ѓорѓи и дека владата му донирала пари и сега е на операција во Загреб. Барав по сајтовите да видам ама не прочитав нигде за ова Ако е навистина ова многу сум среќна за Ѓорѓи, арно му текна да превземат нешто!
Кога само би донирале 100 денари вкупно 10.000 корисници на мобилни телефони од сите оператори,би се собрале 16.299 евра! Донирав на 2 повици и на ж-сметка во комерцијална, макар што тоа е работа на богатите фирми, кои можат да донираат и над 1.000 евра!!! Нека му помогне операцијата! Да е жив и здрав.