1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ИТ дружина - IT Crowd

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DAngel, 30 јуни 2021.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Have you tried turning it off and on again?

    Здраво ИТ дружино
    Темата ја отворам за дискусии за сѐ поврзано за IT, за луѓе од индустријата, луѓе кои биле дел од индустријата, оние кои сакаат да бидат дел од ИТ дружината, па и за оние кои немаат појма што е ИТ и би сакале да научат нешто повеќе.

    Како ви е на работа? Што работите? Домашни или странски компании? Македонија или странство? Сѐ тоа и уште повеќе :D
     
    На senjorita-v, Victorian, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.508
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно како до сега немало ваква тема, кога ИТ секторот е прилично обемен моментално а и верувам дека голем дел од членките или работат во овој сектор или имаат некој близок кој работи, па секое искуство би било добредојдено.
    Студентка сум на ФИНКИ, во последните години на студирање сум и размислувам за пракса и нели почеток на кариера. Какви биле вашите почетоци? Од каде мислите дека е најдобро да се почне?
     
    На Victorian, Ginger^, yourfavoritegirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    24.546
    1998646003-02798bf41901543a8acf8481c2ef5f09.jpg

    Убо ни е. Куцаме код. Во странски компании. До скоро во Македонија, сега во странство.

    Ми заврши паузата, ќе ве дружам покасно со посериозни мислења. :D Белки ќе се најде некој модератор до тогаш да ги пресели мислењата од другата тема, па да се надоврземе на дискусијата.
     
    На senjorita-v, daylight, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас бев решена да почнам што е можно поскоро, ама ич не сакав тестер или фронт енд, без разлика што најголем процент од жените тестери станаа.
    Се наоѓа работа, никој не очекува дека ќе имаш кој знае какво знаење, само желба за учење.
    Исто, почетните плати се онака... Ама па брзо растат.
    Дефинитивно бирај компанија или тим кои можат да ти понудат развој, во смисла да учиш и да се развиваш.
    И размисли три пати пред да потпишеш договор што те обврзува да останеш неколку години во фирмата. :)
     
    На senjorita-v, Victorian, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.459
    Допаѓања:
    238.547
    Маж ми е моментално на курс за Data analyst и вели дека не е баш лесно. Многу математика и логика.
    Наводно имаат голема побарувачка и во Мк, али тој секако од септември ќе бара работа надвор од Мк.
    Овде бараат. И баш во огласи има дека предност е SQL, ваљда го погодив, да знаат. А он баш сега тоа учи.
    Праксата ќе му е околу 1000 евра
    Не зборувам за Мк.
     
    На senjorita-v, FAnn, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  6. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.508
    Пол:
    Женски
    Исто и јас не се пронаоѓам во тестинг воопшто. Дали е подобро да се започне кариера во помала фирма или во поголема? Други ми кажувале дека за почетник подобро е помала фирма каде што ќе можеш повеќе да научиш , во поголема демек те јаде конкуренција (плус е тешко да се влезе, треба да бидеш многу добар и да се пробиеш) и не се замараат многу да те научат а тебе како почетник нели тоа ти е најбитно. Кое е вашето искуство?
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Почни каде имаш шанса, не се базирај дали е голема или мала фирма. Во поголемите фирми има градуате програми па така некои успеваат да влезат, каде и да си од тебе се бара да прашувааш и да се интересираш нема некој со сила да те тера. Ова е професија каде нема застој во учење, постојано ќе учиш и нема никогаш да речеш е доста е од нови работи :worried:
     
    На Victorian, cresa-jagoda и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев некој отворил или се активирала постара тема за британската серија :D
    Извинете, продолжете си :bandit: :D
     
    На senjorita-v, Victorian, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зависи. Многу зависи од тоа кои ти се колегите. Можеш и во поголема свашта да научиш, и во мала ништо. Плус и во поголема, ако е добро организирана обично има некоја поделба по тимови и единици па нема ни да ги гледаш сите ни да работиш со сите.
     
    На Victorian, cresa-jagoda, Estranged и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Во темата за плата го видов ова.
    Конкретно сакам да прашам за позиција јуниор во Сивус. Дали се мисли на таа обука од 1-2 месеци кај нив па потоа продолжуваш со работа (секако ако те бива). Пред некој ден случајно дознав за ова, па доколку има некој што има повеќе информации би сакала да ми пише тука или во лп :).
     
  11. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    24.546
    Ова најмногу зависи од тебе како карактер, а потоа и од какви колеги и проекти ќе ти се погодат. Јас лично покомотно се осеќав како почетник во мала, штотуку отворена фирма. Ама се погоди да сум една од првите вработени, па заедно со фирмата растев и се развивав и јас како програмер. Има и мали фирми кај што нема баш простор за напредок и надоградување. Лошо кај таквите е што за брзо може фирмата да ти стане зона на комфор и после е скоро невозможно да се натераш да смениш и да отидеш негде кај што имаш повеќе шанси за напредок. Кај мене имаше улога и тоа што имав (имам) социјална анксиозност и помислата да почнам во фирма кај што секојдневно сум во контакт со огромен број луѓе ми беше кошмар. :$

    Јас на твое место би се пробала и кај graduate програмите што ги нудат поголемиве фирми. Обично нудат добри почетни услови, а има и доста менторирање. Во помали фирми може ќе се погоди да имаат останатите време/желба да те менторираат, ама може да се случи и да се баш тогаш турбо со работа, па да бидеш фрлена директно во оган (што и не е така лошо како што звучи, во тие околности може и најбрзо да напредуваш ако те бива). Како што реков, најмногу зависи од тоа каква си ти како карактер, дали побрзо учиш низ објаснување или со работа, дали сакаш/можеш да преземаш иницијатива доколку е потребно и слично.

    Кога ќе почнеш со апликации / интервјуа пиши слободно, може да ти дадам насоки како да се спремаш за интервју. Една од најголемите грешки што ги прават почетници (бар 80% од тие јас што ги имам интервјуирано) е што мислат дека ако немаат искуство не се очекува од нив ништо да знаат, па не се ни спремаат за интервјуата.

    И уште едно нешто од клучна важност - средено CV. Никако подолго од една страна за џуниор. Убаво форматирано, поделено во секции. Внатре излистани само технологии/алатки од кои стварно имаш познавање, не некои за кои само си слушнала дека постојат (многу често се дешава ова).
     
    На mcdreamy, senjorita-v, Оленка* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    24.546
    Туку мене нешто друго ме мачи периодов, па ме занимаат мислења од тие што имаат бар по неколку години искуство во ИТ.

    Гледам во светот, па и Македонија, пандемијава ги размрда компанииве од аспект на далечинско работење и најголем дел од нив планираат во иднина да воведат таканаречено хибридно работење (неколку дена во неделата од канцеларија, неколку од дома) или дури и сосема да укинат одење во канцеларија.
    Дали според вас оваа идеја е одржлива на подолг рок?

    Јас на пример, како веќе искусен девелопер и немам проблем да работам физички изолирана од остатокот од тимот, меѓутоа можам да замислам колку потешко би се снашол џуниор во таква околина. Пошто не е баш лесно да му обрнат внимание постарите вработени ако не се физички на иста локација. Некако ми се чини како индустријата да не му обрнува внимание на овој факт и сум убедена дека нема долго да егзистира идејата за „работа од дома засекогаш“.
     
    На mcdreamy и senjorita-v им се допаѓа ова.
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас се пријавив преку АВРМ на курсевите за напредни ИТ вештини преку Семос. Сега имам тест на 5ти јули па ме интересира дали некој од вас бил на такво тестирање и на што треба да се посветам?
     
    На Vivienen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.508
    Пол:
    Женски
    Ти правеа ли тестирање за основно знаење од областа или на почетен курс беше? Или всушност за тоа тестирање збориш?:)
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Па да за тоа тестирање кога ќе не селектираат. Избрав Front-end Mern Stack Development. Тука се учи HTML5, CSS3, JavaScript. Значи да се фокусирам повеќе на тие области т.е. програмски јазици?
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    @SnowWhite8 јас бев на таков курс пред некои 3-4 години. И тогаш имаше ваков некој селективен тест, ама не беше ништо комплицирано. Јас немав никакви предзнаења, студирав нешто сосема друго, па го пројдов тестот. Колку што се сеќавам имаше прашања од типот каков јазик е HTML5, што значи кратенката CSS и слично. Помини ги примерите на https://www.w3schools.com/html/ и мислам дека без проблем ќе пројдеш.
    Кога сум веќе тука да споделам искуство и за самиот курс. Јас кога одев беше прилично интензивен, во недела дена го поминавме целиот материјал, но предавачот беше одличен, па го совладавме повеќето материјалот. Претпоставувам во курсот ти е вклучено и полагање за официјален Microsoft сертификат, со интензивно учење од месец, месец и нешто го положив и него. Пак ќе ти кажам, со нула познавање се пријавив, но од друга страна ми беше предизвик и успеав. Па можам само да ти го посакам истото (fingers)

    Со знаењето што го стекнав од курсот и малку среќа, ја добив и првата пракса и тогаш гледаш колку реално знаеш, па тоа беше вистинскиот предизвик. Таму за разлика од курсот, имав прилично лош ментор, па по 2-3 месеци се откажав. Со гледање туторијали по цели денови успевав да направам едноставни страни, лог-ин форми, калкулатор, игра - бесилка и кренав раце од кодирање. На женските девелопери од погоре може ќе им е смешно, но мене ако ме прашате ова си го сметам како еден од поголемите успеси во животот :D

    Сега работам во ИТ фирма но во делот на поддршка и човечки ресурси. Работата ми е супер, но на моменти ме фаќа монотоност па во последно се фаќам себеси како размислувам да запишам курс за тестирање, но од друга страна си велам да не си ставам трн во здрава нога. Имам десетина дена да размислам до почетокот на курсот, па ќе ве известам што сум направила :D
     
    На Оленка*, SnowWhite8 и Victorian им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Запиши :D Што губиш од тоа што ќе запишеш?

    П.С. не ни е смешно, и мене ми е уште доживљај кога ќе испрограмирам некоја задачка на нет, бесилка, било што :D
     
    На Victorian, cresa-jagoda, Estranged и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Темава мислев е за новиот кафич Битола и ќе кажвав колку му ги сакам брускетите ама дека начос се мех. :rofl:
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, sia.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Кој е тој кафич кога сме веќе на муабетот? :rofl::rofl::rofl:
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Кај грчки конзулат, зад Епинал. Буквално вака се вика, IT Crowd, има мезе, кафе, self service. Има beanbags и ако сум искрена зато често одам. :rofl:
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda, sia.bella и 2 други им се допаѓа ова.