Не бе кафич е онака, најбејзик кафич. Али имам видено луѓе и со лаптопи да дојдат, има штекери. Ама сериозно скроз на местово се префрлив ко видов насловот. Во Поинаков ФИ имам клаено слика од мезињата. Insta
Да се вратам на темата, доста е од кафичи Некој да има искуство со Нетцетера? Ги бие глас дека се строги на интервјуа, бараат Англиски перфектно и.т.н Дали некој можеби бил на интервју, работи таму или пак знае од некој близок како одат интервјуата за пракса? Знам дека праксата кај нив е цената и потоа веднаш се вработуваат во други компании
Idk man... Брускети. Јас на то мислам ко ќе одам таму, оние со песто. Последно технички работев таму така да нека е co-working place. Инаку за името се натегаа на Твитер, не знам шо напраја.
Бараат техничко знаење. Интервјуата обично траат околу 1 час, нон-стоп прашања. Мене лично ми се допаѓа начинот на интервјуирање, а и праксата беше интересна. Прашуваат технички и алгоритамски прашања. Ова беше пред пандемијава, така да не знам сега како е. Нудат работа после пракса. Ако те интересира нешто друго, слободно. (Праксата е платена, конкуренцијата е обично поголема)
Јас имав неколку тестирања CSS, HTML5, JavaScript, Mobiliti and Devices Fundamentals и сега Database i Phyton планирам. Не се воопшто лесни, можеш па побараш на Google отприлика какви прашања ќе имаш. Спреми се убаво ти препорачувам.
Ве читам деновиве зборите за тестинг. Па ме заинтересиравте, може ли да ми кажете што е тоа, дали е тешко да се научи и да се работи, дали постои некоја посебна обука за тоа? Потребно ли е некакво предзнаење од програмирање?
Постојат обуки да, од неколку месеци, мислам дека се запишуваат со без предзнаење од програмирање ама имаат логички тестови на влез. Има Мануал и Автоматско тестирање, за првото не треба кодирање, а за второто треба кодирање и поголемо техничко знаење. Не е лесно ама не е ни тешко да се научи, само треба трпение и време, многу многуу работа и тоа е.
Дали пример ако одиме еднаш на тестирање за влез и не положиме после веќе немаме шанси за повторно да се обидеме?
Не, до сега немав ни појма дека постои вакво нешто, пред некое време почнав да се распрашувам и интересирам .
Почнуваат со прашања за проекти, кои технологии се користени, со какви предизвици си се соочил. Општите прашања беа околу http, web, мрежи. Други прашања околу податочни структури и каква е комплексноста на одредени операции. Конкретни алгоритамски прашања не се сеќавам, ова беше пред 2 години.