Девојки јас само да ве поздравам, и да ви се пофалам дека успеав да најдам работа во мал тим, remote, како UX дизајнер, можност постои да преминам и во front-end во зависност од понатамошните потреби на тимот. Засега супер иде работава, си ја сакам, уживам во работењето. Е сега ако некоја феминка има предлог за било каков source за учење, курсеви, challenges, значи било што, било кој совет за понатамошно развивање како UX дизајнер би била добредојдена. И уште еднаш ви благодарам на претходниве препораки и што ме охрабривте, u golden
Ќе сакате ли да ми кажете повеќе за овој оглаз за вработување и за оваа компанија MarketingPlatform? https://www.linkedin.com/jobs/view/...s+sEwfefR30wQ==&trk=flagship3_search_srp_jobs
Дали се бараат сертификати за познавање англиски или те тестираат на интервју? И дали е можно да се најде работа на македонски?
Не се бараат сертификати, интервјуто може да е целосно или делумно на англиски. Нема да се снајдеш да работиш ако немаш познавање на англиски јазик барем B1...
Но, сепак има некаков придонес воопшто или не се рачуна? И дали ова важи само во Македонија или општо? Исто така ме интересира дали познавање германски (без сертификат) претставува некаква предност?
Сертификатите за јазици навистина немаат скоро никаков придонес за вработување, англиски мора да знаеш тоа се смета дека не треба ни да го напоменуваат, германски до сега никаде не барале освен ако аплицираш во германска компанија ама пак не сум сигурна. Не се зафаќајте за сертификати и такви чуда, се бара знаење.
Па праксата е за почетници, 3та или 4та година на факултет, ама треба да имаш солидно знаење и некое проектче
Здраво дечки, планирам да почнам со академија за QA тестер, конкретно во different academy, немам никакво познавање во областа затоа се одлучив за тестер па натаму може да се надоградувам. Прашањето ми е дали може да се најде пракса/работа за брзо време, дали фирмите даваат прилика вака само со академија оти како што разгледав сна 80% од огласите е потенцирано факултет..Малку ми е страв да се впуштам во такво нешто сепак не се малку пари и кога би почнала после акададемијата ма пракса ептен би било кнап со финансии со оглед на тоа дека живеам сама...
Здраво,бидејки сум заинтересирана за UI/Ux Сакам да знам какви знаења имаше пред да се вработиш бидејки јас учам повеќе од 6месеци сама од Udemy,Skillshare, Youtube во моментов имам две Case Study сакам да аплицирам за работна позиција но секогаш мислам дека не сум доволно спремна и одолговлекувам ..
Извини дури сега го гледам мислењево... Инаку имав среќа што итно им требаше дизајнер, па првиот месец имаа трпение со мене, ама со пракса брзо се учи. Ама ако сакаш пракса да најдеш првин, мислам дека и најдобро би ти било како почетник, можеш да си аплицираш по фирми дури и да немаат активен оглас, па негде ќе ти се посреќи. Еве денес перкалус дизајн, не знам дали ја следиш девојкава, имаше споделено дека скоро ќе објави листа кај по македонија може како дизајнери почетници да бараме пракса. https://www.instagram.com/percalus.design/
Ова го препорачува Џон Смилга според мене најдобриот Udemy учител за фронт-енд: https://www.refactoringui.com/book#get-refactoring-ui. Не е баш ефтинко ама велат дека вреди. Не знам колку има UX ама за UI ми изгледа доста добра работа. Јас имам намера во блиска иднина да му дадам шанса.