1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иван Грозни (Валентин И. Костиљов)

Дискусија во 'Книги' започната од La.Reina.Del.Sur, 7 август 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Кога Валентин Иванович Костиљов (1884 - 1950), познатиот советски писател на историски романи, го објавил романот-трилогија Иван Грозни, после цели 6 години макотрпно проучување на историското градење – хроники, мемоари, официјални документи, народната традиција – посветена напорна работа, не ни сонувал дека ова дело ќе доживее толку голем успех, за толку кратко време... Во што се крие тајната ?

    Предмет на романот е Русија во XVI век, прикажана на крстопатот на својата немирна совест, нарушена и растргната помеѓу старото и новото...Новото и старото насекаде се во конфликт – во борбите помеѓу различни сталежи, кои се носачи на спротивни и спротиставени интереси и барања. Во секојдневниот живот народот полека ја напушта вековната заостанатот и чекор по чекор оди кон напредок; дури и во самите луѓе, нивните сваќања, намери, барања, стремежи. Се во тогашна Русија е во пресврт, се се меша, вари и избувнува. Луѓето се борат едни со други. Царот Иван Васиљичевич на кој му го дале прекарот „Грозни“, бојари на дрениот народ, лути на царот кој се повеќе и повеќе им ги ограничува старите и со векови недопрени бенефиции, и бара поддршка од други луѓе, оние кои потекнуваат од „простиот“ народ; човекот се бори дури и сам со себе. Царот Иван разјаден од сомнежи и растргнат во внатрешните конфликти, често е подложен на спротивните намери и барања. Во постојана состојба на прелив се усовршувањето и новите правила на живот. Народот кој учествува во сите важни судбински случувања, го подржува царот во неговата борба за напредок, но и длабоко го осудува поради суровоста на која и се препушта.

    Па, добро, романот-трилогија, како голема импулсива река, се разделува на многубројни протоки кои на моменти се преливаат, на моменти мешаат и соединуваат, а на моменти повторно се разделуваат.

    Времето е турболентно, животот не вреди многу, но сепак заљубените, народните луѓе, селското момче Андрејка, младиот ловец и убавицата Мордвинка Охима, или Герасим и Параша, достигнуваат фамилијарна среќа; бидејќи најпрво поминаа низ оган и пекол, живеат мирно и задоволно, за на крај да дочекаат за да ги прослават свадбите на своите деца, баш како и во убавите народни басни, кои се дирливи поради вистинитоста.

    Оваа широка, испреплетена и сложена историска фреска на Русија на Иван Грозни, Русија која се труди да чекори на стазата на напредокот и да се изравни со другите големи европски земји, војувајќи и помирувајќи се со другите држави се додека и во неа самата, исто како и во котел во кој врие вода, трае борбата на непрестанот.

    Богата галерија на личностите од сите слоеви на руските друштва во XVI век, подобро кажано на целиот руски народ во времето на Иван Грозни. Живописната трилогија, раскошот на нејзиното прозно ткаење, впечатливоста на овие слики на Русија го прават романот многу поинтересен и попријатен за читање.