1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игор Џамбазов

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Anna-Banana, 14 јули 2012.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Игор Џамбазов е роден на 15 јули 1963 година во Скопје.Тој е македонски шоумен,водител,актер,музичар,текстописец,писател.

    Музичка кариера

    На само 12 години, или далечната 1975 ја оформува својата прва група ПОП и со неа активно ординира по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владееше во семејството Џамбазови мошне рано го внесе малиот Игор во светот на музиката. 15 години подоцна д-р Васил Тупурковски ја промовираше летната култна скопска атракција Хавана Бенд во кој настапуваа: Игор, Горан Атанасов - Зеко и Сашо Пижевски - Пиже и за неколку месеци од своето постоење реализираа три снимки: „Дај ми, жити све...“, „Нема спас“ и „Шток ми, бејби“, кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не беа официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит '91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и Шток ми, бејби, една од подобрите песни во таа 1991 година. Песните, чиј комплетен автор беше Џамбазов беа снимени во студиото на Тоше Поп Симонов, за што споменатиот никогаш од никого не доби ниту еден денар, а поради што воопшто не им се налути.
    Годината 1992 Игор ја одбележува со хит-претставите Чија си и Грев или шприцер (продукција на Драмски театар - Скопје), со водителството во скопското КМР Скај радио (каде и го направи рекордот од 24 часа непрекинато водење програма) и со летната мини-турнеја со Бора Чорба, што се одвиваше по дискотеките во Македонија.
    Домашните музички фестивали во почетокот на деведесетите беа предизвик за Џамбазов. „Љубов запеј ни“, беше композицијата со која настапи на фестивалот Макфест, а која ја сними заедно со сестрите Тања и Лидија Кочовски, како и со Џон Илија Апелгрин. После дебитанскиот настап на фестивалот, во 1992 година ја исполнува носталгичната Време за плачење, која добива втора награда од публиката, а во еуфоричното расположение, статуетката (во облик на прстен) му ја предава на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров, кој беше еден од најредовните посетители на фестивалот во Штип.
    Во конкуренција со 20 битолски изведувачи во финалето Игор Џамбазов со настап на битолскиот Интерфест 1994 година го освојува шесттото место, за да истата година го издаде својот прв соло албум, претенциозно наречен Грејтист хитс.
    Случувањата продолжија во студио РОСС, во продукција на Роберт Саздов, а програмите и коаранжманските работи ги направи Дарко Мијалковски. Комплетен автор на осумте теми беше Игор (освен за темата Играј, народе која всушност е обработка на хитот Dancing in the street од репертоарот на Мик Џегер и Дејвид Боуви). Од песните се издвојуваат: Абе, Марија, Колку си секси, Тие, Тогаш и повторно Дај ми, жити све, за оваа пригода повторно снимена, но без старите пријатели Зеко и Пиже. Некаде во тоа време датира и познатството со Раде Шербеџија,од кој произлезе дуетот со Игор и прекрасната анти-воена песна Зошто ние да не се дружиме, вметната на четвртиот албум на Шербеџија - Заборави, кој официјално беше објавен во САД, а чиј приход е наменет за раселените деца од просторот на бившата СФР Југославија.
    Во дискографската кариера на Игор Џамбазов ќе остана забележан и заедничкиот проект со Владо Јаневски. Имено, тие, за битолската дискографска фирма Сенатор објавија сингл-касета Домашна работа, со четири теми: две на Владо, две на Игор. Од песните на Игор се светлината на денот ја здогледаа: Данке, мајне либе и Кољо шо го викаат Поп, а песните на Владо... во приказната за Владо. Периодот во 1995 и 1996 година за Игор ќе биде запаметен по апстиненција од музиката, иако од тој период ќе остане запаметена соработката со Венко Серафимов, од која произлезе песната Скопје, Сарај, Матка... и обратно. Тогаш тој успешно ја водеше Дневна соба на телевизија Сител, како и ТВ-квизот Џандар збира, па едно време го снема од јавноста.

    Улога во државното Бинго (на Лотарија на Македонија) му донесе огромна популарност и повторно го врати во светот на музиката. Новите концерти во 1998 година беа повод за најновите проекти на Џамбазов. Веќе во истата година промовиран албумот: Игор енд Френдс - Лајф фром јУниверзал хал, од концертот кој беше одржан на 18.2.'98 година. Како гости на концертот доминираат: Игор Атанасовски - Харе, Сашо Гигов - Гиш, Бранко Попчевски, Банкрот Блуз Бенд, Тијана Тодевска, Зеко и Пиже, Ацо Џамбазов... Во над седумдесет минути музика, со живите верзии на хитовите на Игор: Данке мајне либе, Спиро блуз, Тие..., своето катче ги најдоа и Моја гитара, Ти си нула, Шток ми, бејби, Ана... од репертоарот на Банкрот Блуз Бенд, Тијана Тодевска, Хавана Бенд, Александар Џамбазов. Во време на најжестоките НАТО бомбардирања врз СР Југославија (март 1999.) Игор со најголемите ѕвезди од македонската естрада (Панки, Тијана, Ребека, Нокаут, Венко Серафимов, Маја Гроздановска, Магија...) во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски ја реализира обработката на хитот на Eagles, Hotel California - во негова верзија Хотел Македонија.
    Големиот камбек најпопуларниот Македонец на ХХ век го има две години подоцна, во 2001 година, кога ја работи новата песна на Ребека (Нешто убаво), на Брејк (Во бестрага), кога го режира спотот на Ареа (за темата Слободен) и конечно го реализира најамбициозниот соло проект Ова не е блуз, објавен под закрилата на Авалон продукција, како нивно десето издание. На цедето се најдоа дванаесет теми (сместени во пеесетина минути) и тие го претставуваат Игор Џамбазов во најдоброто и најкреативното светло досега.
    Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов е три пати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот - „македонскиот шоумен“.

    http://www.youtube.com/watch?v=KWEL_glr ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=V0kRnazS ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=GlmJuLmN ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=5_rmr0DD ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=tAGUUhHc ... re=related

    Мислам дека еден ваков човек како Игор Џамбазов,заслужува да се има тема.Ако мислите дека нема потреба слободно нека оди во канта.
     
    На Jule.Sk, pamelche, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    Нема да се роди човек уште еднаш како него.
    Шоумен во секоја смисла на зборот, јас го обожавам.
    Штета што беше на добар пат да се уништи, добро е што се освести и се врати.
    Јас ја обожавам неговата музика, со дечко ми често ја слушаме и секогаш велам дека сакам тој да ми свири на свадбата, барем една песна и среќна сум зошто тоа може да се оствари.
    Јас не го знам каков човек е во живо, ама таткото на дечко ми и тој се многу добри пријатели, па само убави зборови имам слушнато за него.
    Омилени песни ми се
    http://www.youtube.com/watch?v=0M9uoeDS5Js
    http://www.youtube.com/watch?v=V0kRnazS ... re=related
    И воедно песната компонирана токму за пријателот.
    http://www.youtube.com/watch?v=vEVcN177 ... re=related
    Нема кој знае каков глас, ама има одлични текстови на песните.
    Што да кажам повеќе јас му симнувам капа :bow:
     
    На SummerGirl, Jule.Sk, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.697
    Како што му симнувам капа на Џорџе Балашевич, така од наште му симнувам на Игор.
    Вистински шоумен, како што кажа 1209 таков човек веќе нема да се роди. Му ја обожавам музиката. Омилени имам повеќе па вака ќе ги напишам: Диши длабоко; Нема спас; Хотел Македонија; Скопје, Сарај, Матка; Штафетата на глупоста и Лектира.

    Оваа треба на посебно место.
    http://www.youtube.com/watch?v=hmc-mkAr1Bg

    Овој дует ептен е погоден, совршено.
    http://www.youtube.com/watch?v=7A9KLGTQ8Uc
     
    На SummerGirl, Jule.Sk, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Абре женски, од кај се појавивте вие? Изгубени сестри ми сте ваљда, колку што ми се гледа слични работи сакаме ^_^
    Од тие песни што ги знам, досега нема утка, ги пее со душа човекот.
    Текстовите му се прекрасни, а музиката- магија. Секоја чест :bow:
    Омилени ми се Overdose од blues и Диши длабоко.
    Деновиве во глава ми одѕвонува Труба.
    ..една труба нон- стоп труби, ни во сонот не се губи, тоа тотално ме уби.. :music:

    И за сите што досега не го прочитале интервјуто.
    [​IMG]
     
    На SummerGirl, Jule.Sk, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Chunga-Lunga

    Chunga-Lunga Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Нека му е среќен роденденот :wasntme:
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    - :clap: бе царе .
    некои го осудуваат некои му се восхитуваат ама никој неможе да му остане рамнодушен - тоа е ФАКТ ,кој кажува дека има нешто во човеков ... во најмала рука таленат ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=CYVhF5ab ... re=related
    омиленото нешто од него :up:
    NO FUTURE :Down:
     
    На SummerGirl и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    На Jule.Sk и pamelche им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    НАЈДОБРИТЕ ЦИТАТИ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ИГОР ЏАМБАЗОВ!
    „Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“

    „Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“

    „Тино ме познава како својот џеб. Понекогаш ме нервира тоа што ме познава подобро од мене. Вреди да имаш таков човек во животот. Барем имаш некого што ќе ти каже што се случува. Тогаш кога ти самиот не знаеш.“

    „Еднаш се живее, ама два пати се умира.“

    „Ама пријателе мој, и ти сигурно знаеш дека мајката не го карала синот кога игра комар, туку кога сака да се извади.“

    „И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.“

    „Читателу мој скап, запомни го ова. Лошите критики можат добро да делуваат на тебе. Добрите можат лошо. Затоа добрите критики не секогаш се добронамерни. Особено, ако им ја препознаеш намерата. Ако знаеш дека се од оние што или се болно љубоморни или се од оние другите. Тоа се оние кои никогаш нема да кажат дека си добар, тогаш кога и самиот знаеш дека си навистина добар. Има и такви кои ќе ти кажат дека си добар, дури и тогаш кога си лош. За да бидеш што полош. Каква перверзија. Јас ги обожувам оние третите кои ми викаат дека сум лош, дури и тогаш кога сум по малку брилијантен. Тие се моите срцки. За нив живеам и творам.“

    „Кога губиш пари, бараш пари. Кога добиваш пари, ти бараат пари. Секако си зијан. И тоа не само пари. Подоцна, кога е веќе доцна, сфаќаш дека не си изгубил само пари. Туку нешто многу повеќе.“

    „Во рулет-сексот оргазмот трае со часови и ти го опседнува и телото и духот. И тоа од аналниот отвор до малиот мозок. И не ти е потребен партнер. Самиот си партнер. Мастурбираш пред луѓе. Пред преполно казино. Само што кога ќе свршиш, задоволството не ти припаѓа тебе. Уживањето е нивно.“

    „И додека стрпливо чекав полусонот да се претвори во сон, помислив на мојата Ики. Секогаш кога ти е тешко помислуваш не некој свој, нели пријателе мој? Некој ептен близок. Тоа помага. Барем малку.“

    „Не е доволно само да си признаеш. Не е доволна искреноста само кон себе. Поважна е искреноста кон другите.“

    „Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јас можам да истрпам. Забораваат една важна работа. За разлика од сите други, јас немам што да загубам. Удавено магаре од мечка не се плаши.“

    „Вистинскиот пријател нема да дозволи да се брукаш за две-три заостанати сметки, да се криеш од шефицата на дисконтот, или да се нервираш што не можеш да почестиш ни едно кафе во пицеријата каде што со години го убивате слободното време и го менувате светот. Пријателот не позајмува. Пријателот дава. Ти земаш, затоа што немаш. А кога ќе имаш, ќе вратиш. Без датуми, без противуслуги и што е најважно без камати. Пријателот не сака камати. А оној што сака, не ти е пријател.“

    „Колку и да се обидувам да го растерам од моите мисли сето она што како грев сум ѝ го „подарил“, сфаќам дека тоа едноставно е невозможно. На неа мислам постојано. На неа мислам и кога мислам дека не мислам.“

    „Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние што те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш. Само немој да лажеш. Оти на лагата и се кратки нозете, а знаат да акнат и по некојa клоца. Една од десетте божји заповеди би требало да гласи: „Не лажи. Бакнувај.“

    „Моето оружје пријателе, е меморијата. Сè уште. Сè уште ми работи бојлерчето. Имав и други ефикасни оружја кои сега ми се застарени од неактивност. Глумата, блузот, стиховите, вицовите. Оружје ми се пријателите. Оние малкумина што ми останаа. Со нив, во овој момент се чувствувам како да сум дел од непобедлива војска. Како дел од некој специјален одред.“

    „Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро.“

    „Пијаните мајмуни се смешни до солзи. Пијаните луѓе се тажни до солзи. Сите заедно седиме во алкохолниот кафез на животот и им правиме циркузи на оние кои нè гледаат. Мајмуните што излегуваат од нас кога сме заробени под алкохолот се смешни и тажни истовремено. Знаат и да гризат понекогаш. И да удираат и да викаат. Пцуењето се подразбира. Знаат и да плукаат. И физички и умствено.“

    „Луѓе мои. Каква тажна приказна за оние што премногу сериозно си го сфатиле животот. Животот е несигурна појава. Тој може да биде страшна трагедија за сите оние кои чувствуваат и супер комедија за сите оние кои мислат. Или мислат дека мислат.“

    „Од денес, мора да почнам да мислам и за утре. Оти, еве го кај е утре. Утре ќе дојде за миг. Нема веќе заебанција со утре.“
     
    На pamelche и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  9. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ехххх човеков :l:
    Толку голема добрина и искреност на едно место да се најде кај човек е реткост а денес знак прашалник е дали воопшто постои.
    Како што Џамбаз ни се обраќа во Гол човек со е мој пријателе сега и јас така ќе се обраќам.
    Е мој пријателе да излезеше надвор, далеку од Македонија да успееше дупло повеќе од сега,немаше ич да ми биде криво што не си овде,ќе ти честитав од се срце и ќе се радував како што човек се радува на сопствениот успех(не дека сега не ми е мило што си овде и поради она што си,но тогаш ќе ми беше помило).
    Толку свој човек,присебен,одсекогаш приземјен,секогаш тука да даде совет едноставно само добар човек е човек,а за мене Игор е баш тоа.Можеби одреден период не бил добар сам за себе но за некој друг секогаш бил! Што да кажам друго,сите добро знаеме дека е веќе афирмирам музичар,текстописец,актер,стенд ап комичар,водител...и докажан шоумен!Шоумен без свое шоу како што тој самиот кажува.А па и како ке има свое шоу кога освен турско и српско ние за друго незнаеме.Е за ова ми е најкриво,секогаш кога ке го видам на некое интервју нешто буквално ме гуши,наместо тој да е човекот кој ќе интервјуира(не знам дали е ова правилниот збор) тој е оној што го интервјуираат,секогаш со исти прашања.Шо медиуми имаме убаини :swear:
    Прочитав некаде дека има кажано дека никогаш неможе да си прости што нема свое дете,и само да знаете колку ми е и мене криво за ова а верувам и вас...штознам некако кога помислуваш дека една таква лоза згаснува,се губи презимето,може чат пат да го сретнеш и ќе се навратиш на овој човек...ама ај можеби не е доцна ни за ова,можеби судбината ќе си поигра..(позитивно,се надевам :))
    Уште нешто.Вчера имаше интервју со Јанко на Сител3 (ќе го стават за некој ден на страната можете да го погледнете доколку сакате)и Игор кажа дека сака и има план да направи дуодрама со Тони Михајловски.(y)
    Доколку тоа навистина се случи мислам дека има цела Македонија да ја видиме на премиерата.Чекаам.
    Уште нешто информативно.На 15ти декември(понеделник)има промоција на книга Џамбаз ама го заборавив местото но во интервјуто со Јанко кажува се така да ке проверам,па видимо се.

    П.С Отсекогаш имало и ќе има г***ојадци за Џамбазов а и за бил кој,кај нас нема исклучоци,ама па и нека ги има,па неможе сите бре да сме паметни и начитани и да вреднуваме човечки особини,мора да има некој да пљука само ме чуди зошто по Игор Џамбазов?Ден денес се чудам...дајте ми конкретни одговори да ве сфатам пљукачи(сигурно ги има тука некаде).Ме иритират кога некој ќе слушнам дека терал на слава стара,бил полн со пари или уште некој булшит!Свестете се молим вас!

    И јас ко за крај ќе речам:Ако видите бел лист хартија и една црна точка на листот и ако ве прашаат што гледате сите ќе ја видите црната точка а белиот дел од листот каде е?Зар само ги гледате црните работи како мотив за осудување?
     
    На SummerGirl, Victorian, MiloMalo и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    Има интерени песнички, омилена ми е Нема Спас. Ни вас ни нас, ни нема спас :D
     
  11. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    305

    омилената :music:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Го обожавам Игор Џамбазов. Песната што ја пее во дует со Ружица (од Ареа) ми е екстра.

     
  13. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски