Епа дечки изјаснете дали ги посетувате овие друштва и колку ви се омилени и кои уметнички ора ги знаете. Инаку јас од мојата 6 година па се до 17 идев во еден ансамбал и ѓи научив сите македонски ора. Освен овие научив и многу уметнички од кои Источно,Повардарие,Калајџиско,Комитско,Жетварка,Војводина и други ама не се сеќавам. Ѓи обожавав тие денови кога требаше да се собереме. Инаку многу и прошетавме. Бевме за Бугарија неколку пати,за Турција два пати,еднаш за Романија,во Република Српска и во Србија. Одевме и низ градовите во Македонија...
Како мала одев на играорна. Ама ептен мала, второ-трето одделение, ама не покажав некој талент за играње ора и брзо ми здосади па се откажав Така да не сум посетувала други земји, само неколку македонски градови, а имав другарки кои продолжија да одат и бааги се прошетаа. Инаку имам најпозитивно мислење за играорните групи, тие треба да постојат, бидејќи на тој начин се негува македонската традиција.
Одев седум години. Но доло време ми требаше да сфатам дека не е за мене. Инаку интересно е, друштво, нови познанства, турнеи...
Јас посетував играорна од мојата 6та година па се до лани и прекинав бидејки почнав да заборавам кога треба да одам и имав многу изостаноци. Инаку јас сум голема играорка многу сакам да играм и едвај чекам да отидам на свадба убаво да се изнаиграм хахах...
Одев како помала неколку години и се откажав , па ни јас немав прилика некаде надвор да прошетам а имам другари и другарки кои ств многу прошетаа . Не беше за мене тоа а и досадно ми стана по некое време
Јас идев на играорна 5-6 години но прекинав... и сеа малце се каам што прекинав да идам али тоа е.. иначе сум идела на многу турнеи преку играорна....бевме во бугарија,босна,хрватска,романија, полска, словенија,турција и надобрата турнеја во ФРАНЦИЈА! никогаш нема да ја заборавам Многу ги почитувам фолклорните ансамбли затоа што тие највеќе го негуваат македонскиот фолклор
Jaс идам на играорна околку 12 години, откако бев 1-2 одделение, сега имам 21 година и се уште одам. Тоа ме прави многу среќна и ме исполнува бидејќи голем љубител сум на нашата традиција. Имаме бидено на многу турнеи, речиси низ цела Европа, на друг континент не сме биле, но се надевам дека и тоа ќе се случи. А да, бевме еднаш во азискиот дел на Турција
Почнав да одам на играорна уште кога имав 8години и уште одам...еве веќе оваа ми е 10година кај што одам и не планирам да се откажам, бидејќи навистина има дружење, па шетање на места каде што никогаш сама нема да можам да појдам и да ги видам. Иначе сум била Бугарија, Албанија, Црна Гора, Србија, Украина, Турција, Романија...сигурно ги има уште неколку ако се сетам ќе донапишам , сепак убаво искуство!
Играм ( така да кажеме ) од трето одделение т.е. веќе 5 години Но,тоа беше само за патронати,настапи во мојот град .. А,во играорно друштво сум веќе 2 години - и прекрсно ми е како и првиот ден .. Еднаш бевме во Охрид ( ако тоа се смета за турнеја ) и минатата година во Турција каде го прославив мојот роденден и запознав нова култура,нови луѓе,разни мислења,многу пријатели Уживам во играњето,ме опушта и развеселува ..
Јас годинава почнав со играорна, па чак имав и еден концерт Не ме бива баш баш, ама ајде скоро почнав, имам време. Единственото добро во ова се турнеите.
Одам од мала може 3-4 одд.Порано настапувавме само низ Македонија а овие последните 2-3 години се изнашетавме.Бевме во Србија,Бугарија и Турција а ова лето одам пак во Турција
Јас исто така одам на играорна веќе 1 години но ги знам скоро сите ора сега на 2 јуни одам за Србија..ова ке ми е прв пат но се надевам дека убаво ке си поминам инаку сум член во во Китка-Истибања!!
Има во мојата населба играорна група, која воедно мислам дека е најпозната во македонија и пошироко. КУД ‘Китка‘ Доволни ми беа пет месеци посетување за да сфатам дека тоа не е за мене, дека овој тип на музика не ме привлекува, ниту ората ме воодушевуваат. Доволни ми се пајдушкото и правото колку да не се обрукам на некоја свадба.
активна играорка на играорна идам околу 5 години и до сеа ги знам сите ора (да си се пофалам) на почетотот ми беше тешко не се пронаоѓав ама сеа без тоа неможам.
Да, да секако одам на играорна веќе 5 години, имам сменато 3 играорни и ги знам ората: Тресеница, Водарки, Билјана платно белеше, Копачија, Повардарие, Преспански, Битолско, Егејски, Калајџиско, Охридски и др....
Играорка сум цели 5 години. Баш на 16ти октомври памтам дека преминав директно во прва група од почетници. Можам да си се пофалам дека ги знам сите свадбарски ора, а од кореографиите сме ги учеле: Свадба, Водарки, Тресеница, Поречки игри, Драчевка, Невестинско, Преспански игри, Жетварка, Егејски, Бувчанско.. Сме биле во Турција, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија и многу настапи низ нашата Македонија.
Одев како мала, три години во КУД „Отекс“, и престанав. Причина - непозната. После испадна дека арно што престанав, оти за хорот ќе немав време. Малку ми е криво додуша, но што е тука е. Многу ора знаев, и како што престанав, на многу од нив сега не им ги паметам имињата. Омилени ми се Софиско, Црногорка и Велгошко.
Заљубена сум во македонскиот фолклор..и одам на играорна околу 6-7 години..посебно ми се допаѓа моето друштво затоа што покрај стандардните игри како калајџиско преспа повардарие итн играме и некои ора што многу ретко ги играат другите друштва..
Кога бев мала одев, па се откажав... Никогаш нема да си простам. МНОГУ сакам да одам но нема да се снајдам сега. Ем е интересно ем убаво ке си прошетам. Ама заради пуста мрза се откажав...
Одев на играорна цели 5 години! Коловоџа бев Убава работа е... Си ги знаеш сите орца, шириш познанства, шеташ нив светот.. Само за жал сите почнаа да се откажуваат затоашто навистина стана монотоно- едното па исто, наместо да учиме нови ора ние цела година и више едните исти ги цупкавме. Така и јас се откажав и не продолжив во друго друштво. За ова ќе се каам цел живот