Играта на Ангелот (Карлос Руиз Зафон)

Discussion in 'Книги' started by mamma-mia, May 20, 2012.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    1,039
    Likes Received:
    2,274
    Gender:
    Female
    Карлос Руиз Зафон е роден во Барселона и напишал седум романи, вклучувајќи го и Сенка на ветрот, најуспешниот роман во Шпанија по Дон Кихот. Неговите дела се преведени на повеќе од 35 јазици и добил неколку меѓународни награди. Книгите му е продадени во 64 милиони примероци ширум светот, а Играта на Ангелот е најбрзо продавана книга на сите времиња во Шпанија.

    ●Во една напуштена куќа во центарот на Барселона, младиот Давид Мартин, заработува за живот пушувајќи фантастични романи под псевдоним. Преживеаниот од едно несреќно детство, го пронаоѓа своето засолниште во светот на книгите и ноќите ги поминиува создавајќи приказни за подземниот свет на градот. Но, можеби и неговите замисли не се толку чудни како што изгледаат, бидејќи во затворените соби на куќата со кула лежат писма и фотографии кои што му припаѓале на мистериозниот предходен сопственик. Близу до очај, Давид Мартин, добива писмо од осаменички француски издавач, Андреас Корнели, кој му дава животна понуда. Треба да напише книга, што дотогаш не била напишана, а за возврат ќе добие цело богатство. Но, кога Давид ја прифаќа оваа понуда, и го започнува предизвикот сфаќа дека постои некаква врска помеѓу оваа книга и сенките во неговиот дом.
    Сместена во дваесеттите години на минатиот век, Играта на Ангелот не враќа назад, во светот на Гробиштата на заборавениоте книги, книжарницата на Семпере и синот и кривулестите улици на старата Барселона, со една мајсторска приказна за магијата на книгите и најтемните агли на човековата душа.●

    Зафон е мојот омилен писател, а ова дело е едно од моите омилени книги. Играта на Ангелот без сомнеж можам да кажам дека е возбудлива книга и исклучителна приказна. Трилер, романтична фантазија и историски роман, кој откако ќе го прочитате нема да ве остави рамнодушни.

    Ви се допадна ли и на вас ова безвременско дело на Карлос Руиз Зафон?! :)
     
    КикиМаус and DeRose like this.
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2010
    Messages:
    1,289
    Likes Received:
    2,457
    Јас не ја сфатив целосно книгата. Се сеќавам дека крајот не ми беше воопшто јасен. Ама кога ја читав ја немав прочитано „Сенка на ветрот“, па можеби затоа. Во план ми е повторно да ја прочитам за да ми се разјаснат некои работи.
    Инаку како и секоја книга на Зафон ми остави огромен впечаток.
     
  3. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Joined:
    Mar 10, 2011
    Messages:
    120
    Likes Received:
    215
    Една од најдобрите книги кои ги имам прочитано а можеби и најдобрата секако заедно со Сенка на ветрот.
     
    КикиМаус likes this.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    мене пак воопшто не ми се допадна книгата. воопшто не сфатив за што се кренала толкава фама.

    ок стилот на пишување му е добар не е сиромашен ама приказната беше без везе. мешавина на ефтин криминалистички роман со украдени елементи од сликата на доријан греј.

    милион непотребни случки и ликови кои не служат за ништо освен да ти го одземат вниманието.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    6,970
    Likes Received:
    45,668
    Gender:
    Female
    Тогаш ти си единствената, зошто нема личност која сум ја прашала или сум прочитала да не рекла дека книгата е една од најдобрите кои ги има прочитано, а стилот на пишување му е одличен според мене, не добар...Мене ми е една од омилените книги, ако не и во топ 3, а верувај не е мал бројот на книги што сум ги почитала, ама секој со свој вкус. :)
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    јас книгата на тој начин ја доживеав, неможам да се фолирам да кажам вау прекрасна е само затоа што на сите други му се допаѓа. како што кажа и ти секој со свој вкус.

    не сум мрчатор ама кога се работи за литература не ми претставува проблем да дадам и негативна критика. јас книгите не ги читам само, туку ги доживувам и моето мислење го давам според она што го чуствувам во врска со таа книга. Нормално и разумот ми игра улога, свесна сум и сама кажав дека дека стилот на пишување му е одличен ( се извинувам за добар) но ништо повеќе од тоа.

    за да кажам дека една книга ме импресионирала таа треба да биде комплетна и приказна и нарација и се што треба.... да не разложувам и да не сум офф тоа е тоа.
     
  7. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Joined:
    Nov 15, 2012
    Messages:
    422
    Likes Received:
    1,256
    Јас пред скоро време ја прочитав и како и секогаш фасцинирана сум од овај автор. Предобра книга.
     
  8. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    131
    Likes Received:
    79
    Пред да напишам за книгата ги читав вашите мислење и во очи ми остана едно во кое беше напишано дека оваа книга не е убава. Воопшто не се согласувам со тоа, но сепак тоа е сопствено мислење. Можеби девочето не ја сфатило книгата на начин на кој што треба.

    Книгата е инзвонредна. Можам да кажам дека е книга која остави големо влијание врз мене.
    Има прекрасни мисли во него, пишувана на стил кој што другите автори го немаат. Читајќи ја оваа книга, како и останатите две од оваа триологија, ја анализирав секоја мисла која што Зафон ја оставил. Се сеќавам со другарка ми поминувавме многу време анализирајќи ја книгата. Предобра е. Вреди да се прочита и со сигурност тие што ќе ја читаат ќе научат многу работи од неа.
     
    КикиМаус and Ketrin.Moon like this.
  9. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Joined:
    Aug 2, 2014
    Messages:
    214
    Likes Received:
    155
    Gender:
    Female
    Ниту мене книгата не ме воодушеви нешто баш.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,813
    Likes Received:
    80,646
    Gender:
    Female
    На почеток ми беше досадна, не ја сфаќав, но после толку ме заинтересира, што не можев да ја оставам. :lol: Мене ми се допадна и ја препорачувам. 10/10.
     
    Mrs. Lovett likes this.