Еднаш пробав и ми беше многу досадна и цело време требаше на FB да бидам и ја баталив а,сите мои пријатели ја играат.
Во 2010 година кога го отворив фејсбукот летото немав дома ни пц ни интернет и бев кај братучедка ми. Значи јас, брат ми, братучедка ми, вујко ми, вујна ми, другата братучедка, нејзиниот брат буквално сите игравме и оти братучедка ми имаше и лаптоп и компјутер + уште еден лаптоп од работата на вујна ми и буквално сите ја игравме и си праќавме гифтови. Сега не.
Пред три години играв, хахахаахахахаха, чекав да бидат готови производите, на секој час ги проверував Сега не.
леле порано колку ја играв 24/7 бев на FB и чекав да ми бидат готови производите уствари и само затоа си направив FB сега може 3 или 4 години ја немам отворено
Пред неколку години ја играв фармата 24/7. Се грижев да не се исушат растенијата, па праќав понуди да ми праќаат подароци. Секој ден знаев точно во колку часот треба да ја оберам фармата. Сега којзнае колку време ја немам играно, а не ни планирам повторно да ја играм.
И јас порано ја играв играва, абе буквално киснев на компјутер, дури пред школо станував саат време порано за да насадам и кога ќе се вратам од школо да ми бидат готови производите. Претходната недела пак ја пуштив чисто онака и се продадов што сум имал, од чиста досада ова и пак ја блокирав. Ми беше едно време интересна сега веќе не, некако се се одвива споро.
Порано ја играв многу, сум забегувала исто ко @Mr. Right , сега одамна не сум играла. Баш ќе се пуштам сеа чисто да видам што се случува ххаха.