ја играв многу оддамна, ама многу глапава ми стана и досадна и многу ми кочеше фбто од неа и не играм веќе.
И на мене ми кочеше fb од фармата,па и заради тоа ја баталив.Кога ќе ми текне колку пати го рестартирав компјутерот заради таа фарма.Многу се нервирав.
Играв,гадно се навлеков...не играм више,ама бар во сесија ме фати и ме тераше дома да седам и додека чекав јагодите да ми пораснат супер материјал учев и извадив супер оценки! Лепев пост ит ливчиња на монитор како потсетник што за колку часа ќе ми никне,па сега видете колку сум била навлечена,а башка што сите другарки и другари почнаа да играат,дечко ми,колеги,колешки и се натпреварувавме.На момент се осетив благо ретардирано право да ви кажам.Ама добро е на време се одвикнав.Ми се чини моја нива да имав сега ќе бев најбогатиот земјоделец во земјава (ако е тоа возможно,хах...).
Ауф многу голем зависник сум ја играм и тоа како хахах само сега ми е многу тесно внатре неможам да се свртам ни лево ни десно хаха неможе да се прошири повеке и затоа ме нервира
Моментално сум 41ви левел, ептен добро си ја средив фармата и на неа имам што ти не. Ама естетски ми е ептен јако средена. Секој ден се грижам за неа, садам, копам, берам, молзам, собирам јајца и слично. Некогаш ако сум зафатена само ќе ја изорам и не садам ништо, ама за брзо време пак почнувам да си се занимавам со неа.
Не ја играв до пред некое време,морав да се уклучувам на фармата за да и испраќам на мајка ми подароци пошо она ја игра,и се навлеков и ете сеа куќа градам на фармата ама не забегувам ептен до толку оти неможам да се замарам многу и све што посеам ми се суши
Не бре,каква црна фарма. Никогаш ни на памет не ми паднало да почнам,не разбирам што им е интересно на луѓево што ја играат.Другарка ми игра и постојано ја советував да ја батали оти по цело време на неа беше,како опседната да е. Мене ми е глупа,али that`s just me. А за тоа колку ги зарази луѓево,довоолно говори тоа што со цел памет некои се враќаа навечер порано за да береле домати :roll: ,
Па и тие домати нашле да садат Не се исплатат доматите ич Фармата ја немам којзнае од кога отворено,а искрено ме мрзи да ја берам. ја баталив.
Ехеееее, со вакво виртуелно земјоделие ништо ќар, дајте барем реално посадете домати, ем ќе бидете корисни на државава, ем ќе јадете и вие Што фајде иначе од станување во три ноќе, и така станувате, и така ќе станувате
јас си ја играм ама некако ми здосадува и почнав да си садам лубеници (4дена растат) и така ко ќе ми текни си ги берам. а не се замарам мн мн лелелеле стварно ко ќе ми текни на почетокот што правев за таа пуста фарма.... ops: од училиште си идев и фрли ја чантата и директ на ком да ги ги оберам грашоците да не ми се исушат хахаха ама сега не така. можи навистина ќе ми даде јаболка да си каснам или банани цццццц
хахахахахахахахахаха Играв на почетокот додека другите не играа и стигнав до 20 левел и ме фати мрзи и престанав
Јас бев една од првите што се зарази со фармата ..па го заразив друштвото па дечко ми , па другарите на дечко ми а јас си останав до 36 левел .. ми се здосади веќе