Хахаха пустата фарма. Јас ја играв и стигнав некаде околу 65 мислам али после си бришав фејсбукот и ништо на тоа остана. Сега немам фејсбук и ако некогаш што се случува ретко ми дојде криво што го избришав е само заради фармата
На почетокот кога го направив профилот не ја сакав ич,ама кога ја започнав па ми стана интерессна и така сега сум до 67 левел
Леле луѓе ќе збеснам 1 месец ја немам играно Поради тоа што ја симнував Симс 3 и цел интернет го потрошив. Сега се ми е споро и фејсбукот едвај ми го отвара а не па фармата. Едвај чекам да дојде први за да ја играм Еден куп нови работи има и куќички а неможам да си ги купам.
Играв ама досадна ми стана. Но, сега повеќе ме нервираат овие што играат, па уште кога ќе ми пишат ај стисни на објавата, а нигде инаку ги нема. Кој игра, нека си игра, ама нема потреба тие што не играат да ги напнуваат.
Еден период бев прекинала со играва, ама летово заради тепање досада пак започнав и еве не можам да престанам да играм, башка сега има новости winery, spa и какви ли уште не глупости и ми ја прават позаразна некако
Лелееееее кога излезе колку бев заразена со игратаа..аууу по 2 саати утепував на тоа фармата, де копање, де пракање поклони садење...триста глупости џабе изгубено време. Можев некоја книга да си прочитам место да се правам виртуелен сељак.