ја играм и моментално ми е уклучена садам си, но некогаш правам подолги паузи не ја играм кога имам сесии
Бев голем зависник од ова игра, ептен активно ја игрев но веќе 2 месеци ја немам посетено мојата фарма! Ми здосади!
Порано велев дека нема никогаш да ја започнам таа игра, но никогаш не вели никогаш. Веќе недела дена си имам малечка фарма,си садам и си уживам.
БЕВ! Веќе не сум, на почетокот на летото имав премногу обврски на работа башка спремав некој проект и немав воопшто време, па ја запоставив и после целосно и заборавив дека сум играла. Фала Богу. Не играм ниедна од тие игри зошто ако почнам пак знам дека ќе се навлечам.
Не играм.Не ни сакам.Тој еден со мене што учи једино што знае од животот е да ги откорне морковите на фарма.
хахах играв на времето и бев далеку отидена но ми стана здодевна и почна да ме мрзи да ја берам пошто целата земја ми беше ископана и посадена
Леле колку играв фарма еј, не бев нормална. Кога бев искочена, значи гледав на саат да се вратам дома да го соберам тоа што го имам посадено. :? Сега ми стана досадно, а и од обврските не можам да играм, и подобро.
Знаци мајка ми и сестра ми се заразени со игриве.Неможам да ви опишам колку се преокупирани нонстоп се на некој форуми само садат нешто од 10 профили си пракаат поклони у 3 ако треба ке станат да ја оберат фармата да не им се исѕши ко мали деца се караат која прва ке седнела да игра -.- На живци ми идат со играта
Играв порано Сеа ми се здосади и не играм. Не бев некој голем зависник да навивам аларм и сл. ако се исуши се исуши ајтт. Стигнав 40 и некој левел купив вила си ја опремив фармата тип-топ и ми се здосади. Сеа којзнае што ми биднало не сум си ја видела одамна
Не и не можам да сфатам како на некои им е воопшто интересно.На некои фб само за тоа им служи Кај толку игри има,па мора ли баш таа.Во денешно време и во овој современ свет да одгледувам бавча, да одгледувам кравички,прасиња и зеленчуци за мене е незамисливо нешто.
Не играм. Почнав едно време ѓомити ќе играв и по десет дена ми текна дека имав почнато да играм и кога уклучив сето исушено беше. Јас јадна од занесеност заборавам да јадам некогаш, а не па да думам дека ми биле пораснати пиперките доматите на фарма
Да беше во Македонија како што е на фармата да одгледуваме пиперки, домати, свињи и телиња, ќе цветавме сите. Ама секој брза да ја фати фотељата. Нејсе, се извинувам за оф топик, морав да кажам што ми лежи на срце.
Епа добро ама искрено јас кога би бирала помеѓу одгледување на зеленчуци и фотељата-ќе си ја изберам фотељата.