И јас порано ја играв и ми се здосади...до кај 40 левел тука некаде стасав...многу време одзима па и се нервираш ако ти се исушило насаденото,или пак ако не можеш да седнеш да си ја обереш,суредиш итн.
и јас играв пред година-две стасав до кај 40 левел, имам една другарка сеуште ја игра па отвориле и англиска и уште една незнам каква, ја претерааа и помина модата на фармата одамна.
Моментално не, ми здосади. Али затоа порано се заборавав играјќи ја. Знам секогаш кога ќе седнев на Фб прво тоа отварав
Играв и како што бев само дома, летав со првите, па сите адд мислеа ќе прифатам се, а доволно имав пријатели пошто во тоа време сите играа. И има повеќе од година ипол каде и немам око фрлено. Досадна е!!! На почетокот беше забавно како и се што е ново, што ќе излез, ама после од релаксација ми премина во замор! Мрш фармо!
Играв.Секој ден еј чоек на ФБ ај ќе играм фарма.Пари збирам се праам левел еј само замисли за шо сум трошела време .Сега коа ќе ми пратат инвит за тоа фарми глупости,виле,шитвиле на нерви ми иде
Фарма играв 3-4 години али со текот на времето ми здосади, така да сега ретко ја уклучувам. Инаку имав една другарка, навиваше часовник во 5 наутро за да ја собере фармата да не и се исуши
играв порано, тепав време... сега има година и повеќе кај шо ја баталив... ми беше потребно по 2 сати да ја соберам и посадам па дрвјата, животните.. абе губење време
Почнав да ја играм ама е ужас,а најглупаво ми е што постојано добивам барања за фарма а ја имам играно само два-три дена