Никогаш не сум ја играла глупа ми е а и нешто ми кочи компјутерот кога играм игрички така да скоро сите ги блокирав
порано ја играв секој ден а сега не играм ич пред 2-3 години досадна е играва да садиш да изградиш чудо големо ..
Порано ко го отворив,фб-то нон-стоп играв фарма т.е по цел ден киснев на фармата.И буквално се пренесеував во играта. Арно ама ми здосади и е баталив. И сега се чудам кога ќе видам некои дека уште играат фарма,а најмногу се нервирам кога ќе ми пратат покана за фарма.
Да играм, ама не онаа класичната FarmVille, туку Family Farm и мн. е интересна. Си купуваш животни и мажини, а супер ми е што не се сушат растенијата, па кога сакам си ги берам! Ептен ми е интересно!
И јас порано многу ја играв,имам специјален профил само за фармата со над 800 пријатели-сите играчи така ми беше многу лесно,и за да ми помагат и да си земам материјали од нив. Ако некој ја игра нека ми пише порака,ќе му кажам групи во кои многу се постират материјали,дрва,семиња од најновите дрва,пари-значи нема шо нема. Колку пати сум поминала лимитот за земани материјали/работи на ден и тоа се од тие групи. Интересна е,ама многу време бара,се нешто ново имаше за градење,се некои мисии,нема кога ќе ти текне идеш и си играш. Да те нема 2-3 дена и одма си многу назад со материјалот
Си било едно време една фарма, на прв поглед интересна, но кога ќе се погледне подобро многу досадна. Крај. Ја играв но повеќе не!
Играв многу време бев многу заразена со оваа игра но сега веќе долго време не ја играм...никоја игра на фб не играм.
Порано многу ја играм,и сега ја играм ама многу ретко.Прво интересна ми беше многу а сега ми стана досадна...
Играв и бев ПРЕМНОГУ опседната со играва. Животните и се останато што се купуваше со вистински пари ми беше многу криво што ги немав затоа што сакав да играм игра во која ќе бидам најдобра. Размислував дали да ја почнам или не и си реков ајде, ќе тепам време, ако не друго. Арно ама почнав да си додавам на фејсбук пријатели од целиот свет што играат Фарма. Повеќето беа фанатици како мене па почнаа за кратко време на ФБ да фрчат хакови, останував на интернет по цели денови и по цели ноќи. Стискав линкови како луда и се радував на се што сум успеала да ќарам. Болештини, болештини.. Се срамам да раскажувам. Успеав да ги соберам сите животни, ги купив најубавите куќи.. Се што беше најубаво во маркетот го имав. Кравичките и коњите се сеќавам се размножуваа, па ми се раѓаа мали теленца и ждребиња. Па малите ги споделував со пријателите, си ја орав и сеев нивата на 4,12,16,24 саати зависи што си имав посадено. И по некое време ете ти привилегија за американците За нас останатите НЕМА. 4-5 производи кои можат да се добијат само ако купиш продукт од 7-eleven stores и кодот од продуктот го искуцаш на една интернет страна. Абе нервен слом доживеав. Се покаав што воопшто сум почнала да ја играм играта. Со денови фрчеа на ФБ статуси колку сум разочарана, не е фер што привилегија имаат само американците и дрн, дрн јариња. И се најде една фина американка и падна жал на девојката и ми ги прати кодовите од сите работи што ми недостасуваа на играта. Дома ќе ја срушев куќата од среќа, рипав, врескав, се смеев... Лелеее тешко психичко пореметување сум имала. И пак си продолжив да си ја одгледувам нивата, да си ги размножувам кравите и коњите, да споделувам телиња и ждребиња.. Не знам што живот ќе беше тоа. 24/7 на ФБ играв фарма и ништо од реалниот свет не ме интересираше. Не сакав дури ни кафе да пијам, а јас многу си сакам кафиња. Немав време ни со дечко ми на раат да си се видам, или ако се видевме што фајде од тоа која јас само за фармата зборував. Ова сериозно, не знам што ми беше. Ептен бев забегана и тоа со месеци. Еден ден си реков Јагода доста е, ако продолжиш вака ќе заглавиш ептен, ни психијатар нема да може да ти помогне. Седнав на ФБ и со тешко срце ја блокирав играта. Ми пропаднаа лубениците, а беа поприлично скапичи, ми беше мака, ама барем му се вратив на стариот живот. После фармата не почнувам да играм ниту една друга игра. Не се игрите за мене, се опседнувам. Не знам што човек ќе бев, ама ако почнам некоја игра морам да сум на прво место, најдобра во се, додека не го постигнам тоа што сум си го наумила, не станувам од компјутер. Затоа игри на ФБ, не благодарам! Не се за мене тие работи.
Порано играв ама сеа мн досадна е и многу ме нервираат известувањата коа ке ми дојдат, ко ке видиш све од глупости од фарма и игри разни Како да напра дане ми идат од фарма известувања?
Зарем има уште што играат фарма? Јас не сум по игрите на фејсбук, зашто ме иритираат известувањата и се живо од игри нови што произлегуваат блокирам
Како помала играв, повеќе не играм Само време ми троши.. И така викаш, а? Тешки мигови.. Летнале паричкитее.. Спојлер