Јас и давам глодалки различна боја и облик има три четири и жирафата Софи .. толку.. не знам што друго бидејќи се завршува во.уста... мајка ми и купила плиШана жирафа кога ја видов со запчето потфатила едно конче ја отпарала а внатре знаете со оние силиконСки влакна полнета катастрофа се извадив од памет.. дрво и пластика не сакам да купувам да не се повреди Се мислам од енци менци има интересни плишани играчки ама со глодалки зашиени на нив веројатно добри се околу 800 ден беа.
Само глодалки, топчиња давам и шишиња Ми донесоа со батерии играчки, ама страв ми е. Не е уште за такви зш све в уста стават. Од софи и земав некој топчиња супер се
Тогаш хит му беше се што свири и се движи, па и свети, блеска, мења бои, колку погласно он толку посреќен, колку повеќе свети и менува бои он толку повозбуден Па го седнував/легнував на под и играчката кружи околу него или таа пее, свети, а јас му ја држам пред него и он ја пофаќа, па прета, се смее, писка, се радува Тогаш хит му стана и подлогата за лежење, тогаш му стана најинтересна, па го легнував под неа, тоа свири, мења бои он прета ли прета
7 месеци сме,пред да направи 6месеци го ставам на подлога со пијано и играчки,ја обожава,цел ден е таму,веќе е демолирана. Глодалки не сака,си игра со плишени, големи како него со јаки бои,цело време ги влече,се бори со нив,и да ги пика у уста им лиже ушиња носе,шо може да пикне тоа
плишаните и ги тргнав, летаа конци а и мн ги лигаеше и цела в пипрена околу устана. Ја ставам на коцки на под, и давам шишиња, тропалки, топки. Ако начекат прилика изиграват механичар на релаксаторон и само се мават по телевизорон (читај-главата).
Подлогаата со пијано како ја купивме.така стои. Неколку пати ја ставив и ќе се фати како клешта за тие висечките играчки и се исправува ги бута во уста и ржи Ако ја тргнеш да не ги лапа тоа беше фестивали по дома затоа сега ич не ја ставам...
Има потреба од играчки од 0 до 3 месеци? Или само оние што висат и се вртат над креветче или во нишалка?
Јас за двете деца не ни ставив играчки над креветче првите два три месеци...додуша за првото купив ,ги ставив и тргнав за неколку дена ..повеќе де вознемируваши отколку што го опуштаа.за второво не...двете се доени деца..заспиваа при подој,можеби и затоа не почуствував потреба да ставам нешто..кога беа будни и си лежеа во креветче,најчесто си играа со своите рачиња на таа возраст
Мислам не. Некое пригушено(слабо) светло, на допир што функционира, би зела за во вечерните часови. Ноќните ламби ми беа прејаки, посебно првите месеци кога ноќите беа долги. Има желчиња/мечиња... што прават како звездено небо, плус и со музики за успивање. Јас ги користев од раѓање за мене па до неколку години сеуште си играат со нив.
Ваква ми препорачаа за навечер солена ламба има пригушена светлина веројатно ќе и пасува. Може линк од оние за ѕвездено небо? Фала ти.
https://www.babyartikel.de/prod/reer-einschlaflicht-mit-lichtprojektor-musikfunktion-my-magic-starlight?tmp=productpage&box=productpage|area3|A|Standard|Topseller Input-Category|GTS-cat Порано го имав овој модел. Покажуваше и време и тт мислам. Презадоволна, кога го искршија децава го купив овој модел https://www.google.com/shopping/product/6556576789391736171?q=baby licht projektor&start=40&client=safari&sa=N&channel=iphone_bm&biw=375&bih=553&tbs=vw:l,ss:44&prmd=sivn&prds=epd:1896103400566620015,paur:ClkAsKraX_DAkEM2uLAC85ty8TmVQY7zYHN2cF4gHCdBHtz8A5JnB3baGsvMlo6Y0b9CVZbyWvEVPN1WqaPNwoAN76uwr8sBT_4kxi_laFfGa0iL07NT8iDJERIZAFPVH70Z2GNdsgXrDiIZ2Tjn6YoGIv1-UA,cdl:1,prmr:1,cs:1&ved=0ahUKEwjxou_E7PnfAhXRCuwKHYe7CrQ4KBCBNgirBA Без некои посебни функции, на допир проектираше. Ок е. Третиот модел, едно поларно мече, со многу функции, не успеав да го најдам на нет. Исто, презадоволна. Првиот највеќе ми се допаѓа бидејќи покажуваше и тт и времето. Кога ќе прогуглаш ќе видиш разни модели, може ќе ти се допадне нешто.
Мојава е 2 + и обожава играчки. Искрено и јас како тебе си мислев дека до кај 3 мес нема да разбира ама сум се излажала. Ја легинам на подлога за пресоблекување и и мафтам со тропалки а таа цела е мерации мафта се смее гуга. Сега и зедов и глодалки ама уште рацете и се поинтересени од нив за во уста. Инаку има и вртлива играчка за над креветче со проектор и разни музики. Јас ја имам и со музиката ја заспивам. Тоа ни е како ритуал пред спиење. Проекторот уште не ја интересира можи дека спиеме со пригушено светло па шарите се слабо воочливи. Се надевам во иднина и таа функција ќе ја искористиме.
Мојава опак, нит вртелешка ја занимаше нит музиката, нит музиката од релаксаторот. Најнеискористена ми остана вртелешката и си ја спаковав. А за прожекторот бадијала арчој за батерија
Мене најнеискористен ми остана релаксаторов. Да знаев ќе купев некој најобичен и најефтин. Ма ич не ни купував. А за проекторот едни пријатели што имаат 2 г дете викаат дека сега си играла со него така да не губи надеж.
За второто ќе знајме. Пусти кејф све ти е мерак за бебе. Да ми се сонеше дек шише ќе и е најомилена играчка