Мојава имаше една тропалка уште од месец - два ја распознаваше и и се смешкаше... Како цветче беше од џамбо. Сега се што е шарено сака да дофати и иде право во уста.
Јас имам купено монтажно креветче и игралана 2во 1. Како креветче го коритиме, како игрална тешко, ама искорисено ќе е секако
Јас од локо кроко, ја користиме секако, бебето си игра, ти си вршиш некои твои работи и што е најбитно оно е безбедно внатре.
Женски кажете идеја за играчки за 9+ месеци? Најинтересни им се топчината и пластични чаши бидејќи ги бркаат, следно им е врвки значи обожаваат со тоа да играат, вчера им дадов и алишта па се заиграа со нив околу 15 минути... воглавно играчкиве и не се баш играчки и не сфаќам зошто толку им се интересни мобилен, далечинско, да не зборувам дека тоа ги поттикна да лазат, исто и мојте папучи. Ме интересира каква вистинска играчка им е интересна на оваа возраст бидејќи тоа што имаме од играчки е џабе, така стојат во корпа.
Исто е и мојава 9 + и исто од збор до збор. Со играчка за 5 секунди и здосадува, а фати даљинско, капаче некое, материјалче што викаш не зуцнува. Исто сака да дофаќа хартии и да кине. И мене ме интересира со што да се заигра на оваа возраст. Денес уживаше во штипките, ги вадеше од корпата една по една.
Имаме една дилема со маж ми во врска со одредени играчки па да ве прашам вас за мислење. Според мене, не сакам на син ми да му се купуваат пушки, пиштоли, тенкови и такви ср.ања кои асоцираат на насилство затоа што не сакам тоа да му се одрази во иднина. Јас како дете многу ретко знаев да пукам со пиштол на дијаболи, но ми беше интересно, се додека девојчето со кое се дружев не ме пукна во стомак. Што мислите вие, дали е во ред на децата да им се купуваат такви "играчки" ?
за жал тоа се машките играчки. А што би купила друго?? Имаш коли коцки животни докторски "алатки" пили чеканчиња....
Кај мене, нема делба на машки и женски. Јас како дете израснав со количките на брат ми, затоа што нели женско сум па не треба мене колички да ми купуваат. Барбики не ме интересираа. На пушки и пиштоли се противам од страв да не развие некој степен на насилство, затоа и прашав тука. Дали сметате дека тој вид на играчки би развил насилство? Таман работа дека нема други играчки со кои би можел да игра, ете и самата наброја дека има милион видови на животни, автомобили, секакви алатки, сложувалки и слично кои можат да бидат едукативни и да го помагаат нивниот развој.
и јас мислам дека сувишни се тие играчки со пиштоли со војници... Не дека нешто ќе ги наведе на насилство бидејќи освен играчките многу е важно и тоа што ќе гледаат на интернет. Јас по себе знам дека со коцки до 15 години играв. Смешно можеби ама секогаш ми беше интересно да градам нешто ново. На првото не сум му купувала пиштоли и војници. Црташе биеше играше со коцки.... Таа порасна
Мое бебе највеќе ги сака оние вртелешки за над глава со музика. И со тропалца се занимава ама послабо. Сега планирам да му земам следно подлога онаква со играчки одозгора, белким ќе му задржи нешто внимание подолго..
На таа возраст со ништо не се занимаваше.Тропалки тропавме ама не ја занимаа нешто.Освен тропалка друго не би зела.
Ваква играчка каде би можела да најдам и во кои продавници можат да се најдат играчки на Nuby дали знаете???