Не се баш такви, во џамбо тропаат како тропалки, а оваа ѕвони како ѕвонче, специфичен звук има кој многу смирувачки влијае врз бебето. Сепак ти благодарам
Најдов денес во џамбо, не бев видела до сега такви во џамбо зато мислев дека нема, но денес бев и земав. Ти благодарам
Многу си во право. Исто и јас мразам играчки што асоцираат на насилство. Освен пиштолче на вода за да се прскаат летото друга таква играчка немаме дома. Јас не делам машки и женски играчки, син ми најмногу си игра готвач па од мал му купувам сетови за готвење, овошја, зеленчуци за сецкање, а од скоро си доби и кујна. Со колички речиси и да не игра, има 2-3 и тоа ги добил на поклон, ние не сме му купиле. Има многу едукативни, сложувалки, книги и сл, логички, дрвени за развој на фина моторика, воз со шини и сл.
Ми даде идеи што да му купувам Ги замислувам фаците на постарите кога ќе го видат како готвач хаха Ама време е веќе да се решат тие поделби меѓу женски и машки род уште од раѓање.
Мислење за овие две играчки ? Се мислам кое од двете да земам за беба Дали вреди да се даде толку пари за нив?
Првата да, втората . Како втората слична имавме и освен што ги играше тие напред никогаш не ја пробутка така да функција никаква немаше бар кај нас. А првата повеќе ќе ја користи и ќе ја сримулира да се исправува.
Ние ги имавме и двете, еве 3 ке прај уште и се интересни поготово проодувалкава, нема да зажалиш и за двете
https://www.storybox.mk/masa-so-aktivnosti-zivotni Дали некоја ја има масата да ми даде мислење? Или предлог за нешто слично? Џабе сите играчки, не знае да седне да си игра. Само се качува, стои и мора да биде нешто вакво.
Оваа нема да му е интересна. Има на чико вакви маси од нив порачај со музики, со светла. Јас ја имам и многу и помогна за станување и оддржување стабилност. Сеуште знае со неа да си игра.
https://www.encimenci.com.mk/masichka-za-igra-grow-and-learn-chicco-765300000 Вакво нешто? Дали е стабилна и колку од прилика е висока?
Да вака нешто само мојата е постар модел како коцка https://images.app.goo.gl/XCidtxGAGZjuPFjN6 Стабилна и идеална за периодот на искачување на нозе. Ќе ја потпреш во ќош за безбедност. Висока е колку потколеницата некаде 60 см веројатно.
Ве молам пишете ми каде (онлајн) во Мк да погледнам некои убави и поголеми играчки за едногодишно детенце? По можност да вршат испорака
Здраво сакам да ве прашам за 2месечно бебе девојче што играчки да купам може некоја да ми помогне за да ја занимавам со нешто
Мојава е 2 месеци и рацете ги става во уста,јас и ја земав софи од зегин,таа што има од двете страни рапави полукругови и тие и ги местам со раце да се учи да држи.....
Плишани тропки, пискавци, игралната што ти ја пиша Лавбаг е одчична идеја, вртелешка.. некоја тропка на батерија со блага светлина и некое музиче...