Не сум сретнала тема слична на оваа па затоа ја отворив. А освен тоа сакав да прашам дали некој знае каде можат да се најдат играчките one2play (има реклама за нив).
Да не знае некој колку пари се оние куклите од реклама за играчки што им се менуваат пелени, се хранат, мочкаат....? Многу ми се слатки, ама не сум имала шанса да ги побарам и да видам цена.
Фала, Тренди. Ама леле , колку претерале. На интернет се 15 долари, колку што видов, овде трипати поскапи. Ама кај нас за се е така, плаќаме најмалку дупло од она што плаќаат низ светот
^^ Зависи ако сакаш оригинал Бејби борн тоа е околу 6000 ден, а најдобра копија на тоа е околу 2000, и ги иам секаде по продавнициве за играчки
дел од тие ирачки има во Ива во Беверли, сега зависи конкретно што ти треба. One2play е фирмата на играчките
малиот мочко ги има и во продавниците кај мене 1 мал мочко е 70 денари а комплет се околу 1000 или 2000ден. т.е си купив 1 мал мочко
Како најквалитетни ни се покажаа играчките од француската фирма Ecoiffier. -Не се кршат како кинеските играчки. -Направени се од квалитетен, нетоксичен материјал. -Му го задржуваат вниманието и после толку време. Спојлер
Не најдов ваква тема па ако постои префрлете ми го постов Значи сакам да најдам некаде нкз Скопјево , играчка или книга со звуци не е битно , но да е на македонски јазик,. Бев во Крш и Џамбо но немаше ништо од тоа што барам. Крајно сум изреволтирана од нашиве , во Карфур имаше играчки од Fisher price , knigi sо песнички нели со звук, азбукста , бројки , детето да научи имиња на животни , овошја , зеленчуци се тоа звучно но на албански јазик. Мислам немојте погрешно да ме сватите дека сакам да мешам политики или сл , немам таква намера туку сакам да кажам дека нашиве треба да превземат нешто и за нашиве деца, зашто да има на други јазици разни играчки а на македонски ништо ?? Ако знае некја мајка нешто каде на др место би можело да има звучни играчки на македонски јазик , нека пише
^Има книжара на плоштад мислам беше на Просветно Дело, таму имаше и книги и играчки за деца на македонски јазик, јас кога бев во Мк му купив еден куп на внук ми и сега татко ми кога беше за Мк исто од таму донесе книги за децава. Се наоѓа спроти фонтаната од таа страна некаде.
Коритсаки провери во Топер пред 2-3 недели на ќерками од таму и купував , добро памтам дека имаше баш ти какви што сакаш со звуци , имаш и со животни, бројки, букви како мали книги и ептен се интересни. Еве ти и каде можеш да ги најдеш во Скопје. http://toper.com.mk/index.php/lociraj-knizarnica/# од тие со звуци се овие.. http://toper.com.mk/catalogsearch/resul ... =-935&y=-8 еве уште нешто од едукативните. http://toper.com.mk/toper-izdanija-1/edukativni.html
Ви благодарам за одговорите, ги имам гледано овие книги но ми се чини дека само звуци од животни се слуша, а не некој и да ги кажува зборовите и на македонски како се кажуваат