Можи слика од садоперот? И кај можам да го најдам? Во потрага сум на играчка која ќе ја заинтересира малку подолго од 10мин
Нема кое дете не ја сака. Има и во Џамбо,во делот кај кујни,апарати за домаќинство,малку поразличен модел е. Или Анаконда мислам дека кажуваа дека има. Имаше и онлајн да се купи порано,ама сега не најдов.
Мајки, да не има некој купено од овие играчки од Џамбо? Да ми кажете дали им се интересни на децата? Мојов е скоро 2г, роднини му оставија пари за голема играчка па не знам што да одберам
Прочуениот садопер Коцки да реди има во Џамбо за 500ден, базенче на тераса. Воз кај нас не упали, кинетички песок не, мачорот Том не. Обично топки шутира, вози коли, со животни многу си игра имитира звуци со крокодилот демек ме каса ама пак најмногу внимание му задржуваат активности во вода, коцки и топки.
Мојот го има роботот, интересен е, ја има и пожарната, ептен ја игра, но реално не вреди за цената ама ич. Ниту има многу ефекти, но цревото кое прска и големината се супер. Вовчето и јас би го избрала, а ако сакаш гаража има една од нешто помалку од 2.000ден и седи кај "бебешките" машките, ама баш е цврста и убава. Не сум дома за да ти ја сликам, ама провери и таму, мислам тоа ти е полн погодок. И ако не мора Џамбо види во Бебе центар (Лептокарија), мојов секоја играчка од таму ја има најискористено, а квалитетот е неспоредлив со овие.
Речиси сите, аууу пожарнава 3500? Ние кога земавме не беше толку. Мојов ги скрши скалите одма Роботот не, гаражите не, ако чува играчки може, мојов е махер све да размонтира. Најмизерен избор на играчки има деф. во џамбо, а како што видов вчера некои играчки бааги ги скапнале
Џамбо со цените отров во последно време. Јас во мај кога зедов рекцизити за плажа беа за 300 денари поефтини од сега. Не се нормални.
И јас истото го приметив поодамна, во последната година дена им се покачени цените и тоа многу. Пред две години пред да се роди ќерка ми што и земав некои работи сега истите им се дупло поскапи.
Да,многу слаб избор има во последно време за играчки. Јас се изненадив колкава е продавницата на Атлантик во Скопјанка. Исто и во Андреј компани имаше убав избор, од таму купивме лего пожарна ( копија на лего) мали се израдува.
Дали некој купил од телескопите во просветно дело и како ви се погодиле? Пред извесен период зедов за подарок од помалиот и ништо не се гледаше..а скоро зедов и од поголемиот и пак ништо не се гледа.. Нема некоја филозофија во склопувањето..до мене ли е? Ги гледам ѕвездите, а со телескопот не можам да ги видам
Дали некој има катна гаража? Гледам има и поефтини и поскапи,па се мислам од кои да купам ,дали е интересна играчка? Мали има 2г.
Има мојот. Ја доби за 2ри роденден. Веќе дојдовме до 3 и ја игра уште. Ја сака многу. На 3 спрата е и постојано вози и пушта коли низ спратовите. Има и како лифт па се занимава со тоа, качува спушта. Секоја нова купена количка мора да помине низ неа со игра Една од најискористените играчки ни е. Јас ја препорачувам. Сепак ти си го знаеш детето со што си игра…