Да многу е интересно, ние сме имале до сега 3 (две се сеуште асални со сите делови) Сме се зезнувале со некоја ефтина пластика што се распаѓала и сите делови ќе ги расфрлаше насекаде и после оди склопи ја. Гледај да биде некоја поквалитетна, зошто доста искористена играчка ќе ви биде Јас имам и машко и женско и двајцата со тоа максимално играат, секој ден скоро Едната што ја имаме само лизгалките се вадат, друго ништо не и се расклопува (Од Џамбо една црвено црно жолта е, со лифт на вртење), а другата моментално е расклопена, од неа може да се прават разни паркинзи. Те војници се ставени на гаража, те животни, те коли, те играчки од киндер јајца Ептен ја играат стварно. Еве две што немаат многу ситни делови, јас би ти препорачала нешто вакво. Тие со ситни делови многу лесно се расклопуваат..
Табла за цртање со креди. Масичка со столче. Шминкерница/кујна Тротинет Коњче за јавање Сет пластелини
Имаш во просветно дело за цртање со водени боици и се пере плус тоа па повеќе пати може да се користи од 1-4 години е. Мене само тоа ми фати око искрено.
Лего Дупло коцки. Или некоја ваква логичка играчка: https://shop.kinderlend.mk/Производ/куќичка-со-животни-lisciani-montessori/. Мислам дека вакви има и во Просветно Дело барем јас од таму имам купувано вакви слични. Или воз. И секогаш можеш да купиш кукла или мини кујна (ова син го обожаваше. Не беше кујна туку само шпорет и тенџерчиња. Сеуште сака да „готви“ на 5 и пол години).
Мајки синчето има 15 месеци. Какви играчки ги интересираа вашите дечиња на таа возраст, што да му купам да се интересира и да му се развива мозочето . Има едно како клавир многу го сака, само свири на него цело време, сликовници има сака ги учиме животните повторува како прави прасето, мачето, кучето... коцки се уште не обожава. Некој предлог интересни едукативни играчки?
Ние исто имаме усна хармоника дува свири и се радува, исто има играчки со шртафови и намотки да ги склопува пирамида со кругови потоа дрвени сложувалки со животни, со овошје, зеленчук
Имаме и ние, ама кратко 10 секунди ако се задржи. Пример пирамидата ја растура, става едно две и пак ја растура, ги расфрла на сите страни , сака се да е растурено . Коцките јас ги збирам тој ме гледа и трча да ја фати кутијата да ги истури. Само со сликовниците и со пијаното што може да поигра и кола има една се вози шиба низ дома.