На 15 месеци е мал за да може да се заигра долго. ОК е ако става едно две сега за сега. За кратко може да му кликне и да почне да ја реди цела. Се што развива моторика е во ред (плус логика). Дрвените сложувалки се супер. Добри се и овие коцки: Story box toys and books. Коцка со активности - Janod (оваа конкретнава е прескапа ама слични има на многу места). Секакви играчки што вклучуваат сортирање (Prosvetno Delo), ставање вадење па дури и удирање (Loco Croco. Игра со чекан и топчиња) се во ред за таа возраст. Количките се исто добри зашто со нив учи движење на работи и слично. Од две години нагоре може и некоја добра гаража да купите (ќе учи простор, движење нагоре надолу), потоа пластелини (PlayDough тип, не глина), тави и тенџериња или кујна (ова за да учи играње на улоги) и слично.
Еве има тука https://zazu.mk/lol-surpra-z-kukli-ander-reps-kuti-a-so-15-iznenaduva-a.html. Мислам дека и Крш имаат интернет продажба.
Здраво, дали знаете од некаде да можам да купам онлајн играчки од брендот Melissa and Doug со достава низ Македонија? Многу убави играчки имаат.
Иста мака Што сакаш дедо мраз да ти донесе? Супер марио вика. Облека имаме, ама играчки нема. Лего не сака. Од али нарачавме се што можеше карти, пенкала, стикери, ранче, модли за колачи, саат, пенкала, маска. Имаме еден плишан марио и еден комплет гумени играчки што свират (оние бебешките) и ги уби од играње. Од голема кутија му направив сцена со цевките, цвеќињата, коцки, ѕвезди, замокот и тука цел ден игра со гумените.
НИе од тука имаме купено неколку големи диносауруси што рикаат. Не знам дали уште ги имаат. Igracki za deca – Internet Prodavnica (оваа продавница е во Тетово ама може и онлајн). Инаку поголеми има од време на време во Story box toys and books (ги има во Рамстор и Сити Мол и онлајн). Еве имаш и во Локо Кроко (Loco Croco. Диносаурус среден).