Ми треба малку помош, бидејќи не се разбирам многу. Сакам на внука ми да и купам нешто за на одмор, има скоро 3 годинки. Сакам некоја гума за пливање како овие или е мала за тоа Играчки и кофички за песок има еден куп. Некој интересен предлог
Немој да и земеш ваква гума како на првата слика , таа е за деца околу 1 год , знам со сигурност зашто ќерка ми има 2 год и 4 м и кога ја ставив во гумата се превртуваше а и нозете не и влегуваат веќе дефинитивно гумата од втората слика
Мајки, ви текнува на овие боенки? дали сте виделе уште да ги продаваат некаде? Имаа многу цртежи за боење внатре би сакала на ќерка ми да и купам па пишете каде можам да ги најдам
Има едни книги додека игра нешто како наљути се човече има копче и му кажува колку чекори да оди напред(играчкава за кога ке порасне малку )
^ Моите деца имаат ваква играчка и многу си играат со неа. Копчето е всушност електронска коцка, наместо да вртат, стискаат. Игрите се интересни и различни, да не им се здосади цело време една иста.
Ако им купувате книги на децата, алал ви вера, секоја Чест. Имам 3 мали внуЧиња и гледам дека братуЧедите мои (нивните родители) секое излегување од дома мора несто ново да им купат. И така се науЧени децата, имаат милион играЧки и пак со нисто не си играат, нисто не им е интересно. Јас имав 1 кукла и едно плисано меЧе, сто ми бесе поклон од тетка ми, и со нив израснав. А колку игри се играа со нив ехеее. Сакам да казам оти подобро детето да има 2,3 играЧки и со нив да си бара занимација, така барем развива фантазија и не се разлигавува, а не милион играЧки и пак седи скиснато и Чека мајка му да го забавува оти не знае да се заигра. Ако имам деца некогас здравје, ке имаат многу малку играЧки и многу книги. И ке им Читам иЧ нема да ми е теско. Така мајка ми ме навлеЧе на Читањето и сум срекна сто запознав толку светови усте од мала. Сакам и моите деца да ја имаат истата срека и да ја имаат навиката за Читање.
Јас ги гледав овие полици во Лидл, баш се мислев дали да земам ама сопругот ме предомисли дека само трупаме ствари кои потоа не ги користиме, а баш ќе ни се најдеше за собирање на играчките, книгите, сложувалките. Негде околу 15-20 евра беа колку што се сеќавам.
Девојки, дали некоја од вас има прожектор...се мислам дали да земам? Дали воопшто ќе разбира тоа што на плафонот ќе му се вртат и светкаат ѕвездички и месечинки?
Ќе разбира зошто да не ама од кога ќе потпркни малку ,јас за син ми во тоа време имав од оние вртелешки со мечиња што се ставаат на креветче и што има и музика на нив,затоа што тогаш уште немаше прожектори. Па кога го оставав да спие му ги пуштав тие еден круг да свртат над него па после тоа одма си запиваше и тоа малтене му беше како некој ритуал пред секое заспивање дали денско или вечерно.А сега планирам и за ќерка ми да купам и тоа прожектор,ама тоа боже здравје на пролет кога ќе ја преместам во спална да спие.
Ќе разбира кога ќе биде околу 3-4м, до кај 7 ќе му биде интересно, после веќе ништо не ги интересира, посебно не кога почнуваат да одат
Aaaaa kako ne gi interesira .......gi interesira da otvaraat fioki, shkavcinja, vrata ako uspeat da dokacat kvaka, gi interesira se da izvadat od fioki i da rasfrlaat, da lupaat so tengjerinja, da se kacuvaat po krevet i da skokat, pentarenje po stolcinja i fotelji i sl. gjavolshtini ...mali nashi palavkovci
Јас имам, знаеш кога беше мала тоа ја занимаваше и несакаше да заспие а кога подпорасна сака да ја јаде машината и ако може тоа светлото да го гледа од 5 мм така сака. Тогаш јас морам да и го земам и се плаче се рика. Искрено ние некој ќар не видовме од него ама секое дете е различно па ако ти е многу мерак (пошто скапички се) купи си. Туку јас сакам да и земам од оние масички со ногарки што се вадат и што има за стискање на нив learning table Некој да сподели искуства?
Можеби веќе си нашла, ама сега го видов мислеето. Уште ги има, јас ги најдов во една маалска книжарница. Мислам дека се викаат Четири годишни времиња. На син му му требаше кога беше прво одделение. Со оглед на тоа што во многу училишта ја бараат, верувам дека може да се најде на многу места.