Предлог играчка за девојче од година и пол-2? Не знам што би можело да и привлече внимание и да се заигра.
Кога им купувате нова играчка, едукативна, конструктивна било каква, ете Монтесори нека е по ново, дали му покажувате како се игра? Пример, играчката ако е да се поврзе топче со соодветна боја, дали му го објаснувате начинот, односно да му кажете што е поентата на играта? За да се насочи кон играта посоодветно и да ја добие полезноста, да речам. Јас мислам дека е во ред да му се каже, бидејќи ако се чека на детето, со играчка која е помисловна, можеби нема да ја сфати поентата и да почне да се нервира.
И тебе да ти дадат математичка задача да решиш ако не ти покаже некој нема да знаеш. Исто е и со нив, не знаат да читаат мора да им се покаже, па со текот на играта ќе сознаваат и нови работи и ќе им станува се по интересно. Не секое дете е заинтересирано за сите играчки.
Не знам дали е соодветна темава, но ми треба инфо: Каде би можела да најдам гума за пливање за 4годишно дете, со оглед на тоа дека е вон сезонски реквизит?
Сортер и сложувалка. Мојава е скоу13 месеци и ги игра ептен. Музички не ја воодушевуваат нешто многу па дури и се плаши.
Дефинитивно сложувалки, а исто тој период мојата почна да игра со оние зеленчуци и овошја кои се сечат и лепат.
Сортери и сложувалки. На мојот тие му држат најмногу внимание особено сортерите ги игра долго време. Тоа со топчиња лавиринт исто му беше интересно ама после се нервираше дека не можеше да ги извади топчињата. Музичките играчки ми се ептен бебешки. Само да гледа и да стои, не можи да ги игра.
Предложете играчка за девојче, во март полни 3 години. Денешниве деца имаат се. Имаме кујна,шминкерско огледало,шминки, бебиња (количка, транспортер, креветче), табла за пишување. Нешто што ќе ја заинтересира а немам пишано.
Коцки (Лего Дупло). Логички играчки. Убав сет сликовници. Нешто што има тркала. @JustBeautiful има во Литература, Просветно Дело и слично некои имитации на Лего кои се компатибилни со Лего. Или провери во било која продавница за играчки. Обично имаат коцки кои се баш апла имитиација на оригиналните Лего (и пластиката е добра).