^па во пакетче само храна иде солено и благо. Според мене...евентуално плишан дедо мраз, рудолф, снешко ...пингвин. Новогодишна капа или рогови.
Mожеш некоја интересна зимска капа ем ќе му се најде ем одговара на возраста, дедо Мраз за него е веќе играчка
дајте идеа што да ставам во новогодишно пакетче за 9 месечно женско бебе.. и воедно и за крштевка.. пошто е на брат ми дете, сакам со дечко ми да и купам посебно, да не бидеме заедно со мајка ми и татко ми. е сега сакам некоја поинтересна играчка само незнам што.. ајде предложете нешто( немора играчка) секоја идеа е добредојдена
^за нова година, купи и ги шпикозните, капата и чевличките како дадо мраз од џамбо. А за крштевка најдобро прашај ја снаа ти што и е потребно.
Мајки ај кажете ми каде да најдам играчка (од оние што се закачуваат на креветче) но да можам да ја закачам на рамна даска/табла, не помеѓу две решетки. Ние баравме, но сите до сега што ги видовме се ставаат помеѓу две решетки. Еве вакви: Spoiler Нас креветчето ни е од три страни со даски/табли, само на предната имаме решетка (онаа оградичка што се спушта) на таа не сакам да закачам играчка, не би изгледало убаво, а и не е практично. Еве какво ни е креветчето: Spoiler
Да, ама мене не ми треба такво! Мене ми треба играчка која ќе можам да ја закачам на даска/табла. Ова на сликата се закачува помеѓу две решетки, а нас креветчето не ни е такво.
дали сакаш да го закачиш на пример на даската од кај главчето???? мислам ме сфати... има такви на бит пазар купивме ние за детенцето на сестра ми и не се скапи некаде околу 600 денари.. се вртат и со музика се ... ги има по продавниците на улицата позади пазарот..
Да kikitta на било која од тие страни (баш сите три се со табли) во средината сакам да биде закачена. Значи сеедно на која, само да не е на тоа решетчето напред, бидејќи ќе го спуштам и кревам и не би било баш практично. Немам проверено на Бит пазар, баш деновиве ќе ѕирнам. Фала за информацијата! Инаку по продавнициве ни едно не ми одговара, се се закачуваат како на сликата што ја имам постирано + и некако скапи беа тие што јас ги гледав. Околу 2500 со пластични играчки, а 3500 со мекани.
Јагода, нам ни донесоа и монтажно на Бебето и со него во комплет доаѓаше музичка играчка со различна гласност на музиката , времетраење, па и боја се менуваше и мали ја обожаваше. Беше како со кука (како прстите од раката надолу свиткани) и на најгорниот дел се закашуваше од креветчето. Низ цело креветче од која сакаш страна. Побарај во бутици што држат опрема на Бебето.
Ja нарчавме преку Фб од страница коja изработува само вакви бебе таблички .... преку ЛП ке ти дадам линк од профилот
Јагода не знам какви ти се условите, но доколку имаш некој во Прилеп, ваквите играчки за на креветче и баш какви што ти ги бараш се прилично евтини, пластичните музикални со сигурност се од 400-600 ден, додека плишаните(мислам да тие мечињата горе што се вртат) малку се поскапи но за нијанса. Јас лани баш купував на поклон и ги зедов пластични со музика, со вртење 350 ден.
Jagoda123 и ние го имаме истото креветче во друга боја, а играчка имаме иста ваква на Chipolino купена од Локо Кроко, се става на страницата од креветот.
А во која продавница ги зеде од Прилеп? Јас ќе идам викендов накај Прилеп да се видам со моите (инаку по потекло сум прилепчанка). Па кажи ми како се вика продавницата, ако не ќе и речам на мајка ми да разгледа па да ми кажи какви има. Поздрав !
Вака, јас ги зедов од Алф кидс (продавничките што се кај Бањата, ти добро знаеш каде) значи таму има во секоја продавница, видете разгледајте ќе најдете и поевтини. А може и да има, во таа што е кај училиштето кочо Рацин, Во светот на играчките се вика.Сигурно ќе најдеш
Маја имаме исти или Нас ни е поклон , ама не многу го користевме , сеа за бебево ќе видиме дали ке го сака