Еве една поголемка играчка ако може така да се нарече. Кога ќе порасниме ќе ја возиме. Подарок од мама и тато
Preku LP da ne ispadne ovde kako reklama Inaku donna i jas gi gledav....ama mnogu si se skapicki 10.000 koga vidov mi se svrte pamet iskreno
Тука се има од 10.000 па се до 23.000 најскапата што ја имам видено јас. Ние оваа ја купивме од Бугарија од Илиенци пазарот во Софија 100 евра. А инаку се истите и тука од таму ги набавуваат. Истата фирма ги произведува Спојлер http://www.kolino.eu/bg/kolino.php
во струмица цените на количките се од 4000 па нагоре, најскапата што ја имам видено е беше 8000 и нешто... така да ако доаѓаш натука, разгледај си низ продавниците за деца
Сноу, ај и мене линк од ФБ прфил каде што изработуваат таблички. Интересно ми изгледа. Custom made е како што сакате вие или има готови?
Женски, дајте идеја за подарок за прв роденден и крштевка? Сакам да е некоја играчка до кај 3000мкд. Гледав една мултимедијална игрална на Фишер Прајс, мислите дека е добар подарок?
http://www.fisher-price.com/en_US/brand ... ucts/74671 Дали некој има користено вакво нешто?и каде низ СК може да најдам?
ние имаме светлецка од таа фирма ама земена ни е пред 2 години. тогаш имаѓе доста избор во Веро Џамбо ќе одиш во долниот дел или пак прашај ги ќе ти кажат каде ги имаат ставено од Фишер Прајс производите.Друго место е Сити Мол на трети спрат тука имаш еден куп продавници за вакви играчки и третиот е продавниците на крш кои ги имаш во трговски, рамстор центар, исто сити мол.многу се убави и многу ги сакаат бебињата.Ние за првото дете имавме на Томи ама кога дојде второво веќе таа фирма не ја увезувале па земавме на Фишер Прајс.Добра занимација, има мелодии и мир малку.бидете спремни на често менување на батерии,препорака купете си полнач за батерии.
Девојки да ве прашам каде да најдам бродчиња(играчка) за деца? Во џамбо бев имаше само глисерчиња за на плажа со лопатки. Јас барам бродче.
И ние си имаме играчки сега повеке на почеток само мечиња и меки гумички а сега ги има и штракалки иако знае пак да се чукне со нив
^Исти вакви има на пластичарската, Бароко мислам се вика продавницата, има три големини. Продавницата е кога одиш од Бит пазар кон пластичарската од лева страна, не е на почетокот туку погоре, на скалички е, а напред има лизгалки, лулашки.
Има ли некаде шминки ама да не шминкаат Пластична имитација на кармин, сенки, лакови. Ме пукна малава па до ваков компромис дојдовме, да купиме шминки играчки ама мајкава не знае каде да најде.
Скоро сум 100% сигурна дека во Џамбо ќе најдеш нешто слично. Барем јас до сега на внуките од таму им ги купував “шминките”