Aма јас немам за садови затоа мислев да ги ставам во таа за алишта... И јас не ги мијам толку често ама одвреме на време мора нели.... веќе се извалкани.. Проблем ми се коцките... нели се со шуплини и не може убаво да се измијаат
@victoria Кај ти текна тоа со садоперачката! Супер идеа, не сум се сетила досега ама дефинитвно уште вечер ќе ја применам идејата. Инаку досега ги миев на доста примитивен начин, во коритото полнев вода и таму ги миев пластичните и гумените, додека плишаните во машина. Понекгаш набрзинка под млаз вода или со влазните марамчиња Глос... и така. Но ова со садоперачката е екстра идеа, обавезно ќе применам.
@snegulkata во ова лудо и брзо време мора да ни текнуваат начини да имаме повеќе време за дечињатаЈас инаку ја пуштам без таблета, само водичка да ги помине.
Мамички јас ги пуштив во машина за алишта на кратка програма без центрифуга завиткани во навлака за перница. Светнаа им турив и малку прашак.
Имаш во секоја поголема продавница за детска опрема и играчки. Ние земавме џип на акумулатор од Куманово. Цената им е отприлика од 5000-6000 денари па нагоре мислам.
Што мислите за коцкиве? Некако убави ми се гледаат. https://grouper.mk/m/skopje/deal/apollo-kocki-abrick
Играчките на Ecoiffier ми се едни од подобрите играчки, направени од солидна, нештетна пластика, тешко се деформираат и кршат, без остри рабови. Ако сакаш да ги земеш, не размислувај два пати, имам многу позитивно искуство баш со играчки на истава фирма. Синко доби подарок цела композиција воз и шини за вториот роденден, и ден денес игра со нив, исти се ко првиот ден.
А каде се продаваат коцкиве на Ecoiffier? Во потрага сум по убави коцки, па штом ги фалите да ги разгледам.
Кинетички песок. Бар така мислам се вика Има некоја...ќе си направам беља ако купам за по дома? Сигурно има по големиве продавници кај нас ама се двоумам...
За роденден ни ја донесоа, голема околу 60 цм, плишана фигура нуки. Ја свири и песната нуки. Леле мајко се скина од плачење мојов. И ден денес, после три месеци несмеам да ја пуштам, бега од соба и вриска. Ја чуваме зад купот други мечиња незнам зошто, на компјутер ги гледал отсекогаш. инаку на етикетата пишуваше џамбо, ама мислам од грчкото дека е.
БИДЕЈЌИ НЕ ЈА САКА НУКИ НУКИ ДАЛИ ЌЕ САКАШ ДА МИ ЈА ПРОДАДЕШ ИГРАКАТА? на секое можно место за играчки ја барам овие недели ама ја нема во Македонја, само во Солун во Грчка. Те замолувам. Пиши ми.
Играчката му е подарок од една наша мила тета, со многу љубов му ги избира подароците и не би можела да ја продадам. Ќе почне да разбира, ќе игра со неа. Но со задоволство би ти купила ако сретнам негде низ дуќниве или ако отидам до солун.