Ме погоди со темата. Прво се нервирав искрено. Јас сум од Битола значи морам да кажам дека мноооооогу голем дел од младината е исселена- прв проблем. Значи јас кога почнав да излегувам во прва година пред 6-7 години буквално Битола беше топ! Значи кафичи фул, играње, забавување, опуштеност до максимум. Замре градот и сите се како во некоја блага депресија и апатија. Онака излегуваат ама колку да излезат. Баш така пицнати наредени по маси, сепариња дремат. Посебно Позитив-зимско. Ај на лето овие летните ноќни клубови го заживуваат градот, ама сега тешко. Јас конкретно излегвам за да играм. Значи во умот замислата за одење во клуб ми значи играње до даске и пиење и дружење. Имам една таква другарка ама студира во Скопје за жал, па од време на време кога ќе се врати одиме и денсаме до крај. Другитееее... Онака. Често сама си играм си изведувам некои покрети и забавно ми е искрено ич не ме интересира шо мислат другите, а буквално некои те џарат како не знам што да правиш.
Јас играм секогаш кога ќе ми се погоди музиката. Прва работа зошто не се игра е музиката. Значи некогаш има тааааааапа ди-џеи, што пуштаат песни и миксови нит видени нит чуени. И ај играј на непозната песна? Нема шанси. И да си напиен премногу џабе е. Или ќе се погоди некој тапа бенд што ќе ја свири „признавам не можам беееееез тееебеее неее можам бееез теебее“ и ајде расположи се и играј? Или земи сечи си вени. Втора работа е друштвото. Мене скоро сите другарки ми се срамежливи и не се опуштаат доволно за да играме. И кога имаш такви другарки посери му се на излегувањето. А секогаш има по една таква што сите други ги укочува. А малце ми е бедно само јас да играм да скокам да кревам раце. Трета озборувањето - македонскиот менталитет. Играш само ти - испијанет си, дрогиран си, ментален си. Е тоа е македонскиот менталитет. Излегуваш во сабота да се изжуркаш, да си поминеш топ, а во недела слушаш ваква си таква си.
Да изнајмиме една дискотека само за старо и младо од фемина Ќе им дадеме листа на песни од, Вашиот хит денеска, Што слушате во моментов..или хитови од наше време.. од Брилијантин, кој беше пишал во таа темата за нас старите па до Макарена..Продиџи..па поновиве Let's dance
Ретко одам во дискотека, но секој пат кога ќе отидам има добра атмосвера, се џускаат сите. Зависи каде ќе отидеш и со какво друштво.
Каде тоа џускаат сите за да и ја отидам таму? 2 години барам дискотека каде што во неа младите играат.
Ретко одам во дискотеки, исклучително малку, но кога и да сум одела прво се игра вистина, не можеби премногу, но доволно, а потоа се плашам да не ми се искинат чевлите од искршените шишиња. На свирки каде што одам јас, е доста доста весело, се скока, се игра, се пеј, се гушка, се радва. Ама голем дел од моите пријатели не би влегле таму зошто „е страшно“. Повеќе повозрасни луѓе ми имаат кажано дека порано било повесело , ама сега ако делиш - пример танцуваш меѓу луѓе кои не танцуваат и обратно - не чиниш Сепак најмногу преферирам акустични свирки кај шо можиш да си седиш со чаша пиво и онака си заспиваш, си се релаксираш, си грицкаш брускети. Ама нели, тоа е индивидуално. пс. имам забележано дека многу повеќе забава и играње и скокање и се тоа има на приватните забави него во дискотека. Тоа го забележав во последно време, можеби зошто колку толку во приватните забави луѓето се познаваат, ама некогаш и немора да значи.
Извини али тажу не одаат само другирашите фала богу ако випе збориме така тогаш фуфивите што пдаат на амадеус нз на здравко они се пијанчат зимаат и у веце се фукаат
..Take me there to the paradise city where the grass is green and the girls are pretty Каква ќе е таа журка/игранка без Продиџи на репертоар, Боуне, човеку, побогу?! Па, тоа ти е музиката на мојата младост. Кога ние, родените во почетните 80ти губевме „музичка“ невиност и се прешалтрувавме од бој бендови и кремци кун андерграундот. Кога експериментиравме со панк, рок, електро, метал.. што уште,побогу сите фази ги минав. Тоа беа посебни танци шутка, мајко...мафтање со раце..некои шантави потези на трансови,мале,мале Ама еве, пошто и мене тоа ми е болката...за тебе и за мене, по еден обрач околу половина..ради наша и туѓа заштита и во центар на подиум: breathe baby!
Tреба, еве јас и @blueberry93 ќе бидеме првите што ќе дојдат. Она ќе игра на шипки, а мене ми треба само неограничено колучесто џус и слободно место на шанкот. Тоа малишаната треба да си отиде од таму, не сакам во затвор да лежам. Едино можам да им кажам дека имам 12 години ама моите ме ранеле со амерички батаци па затоа личам на 26, само не знам дали тоа ќе помине на суд. УФ! Помислив дека ќе речеш си плескал рандом женски по гз и некој ти викнал обезбедување. Не ме сфаќај погрешно ама светот како таков е исполнет со кокблокери. Дали е тоа некоја девојка која има добиено, нервозното обезбедување или пак љубоморното другарче кое нема храброст да зборува со женски.
Еве уште еден гевгеличанец,да ви кажам,стварно е тапа тука.Ај што сите се здрвени и коа јас играм без срам,ме гледаат ко да сум убила човек,ама и нема саалам народ Значи дискотеки,демек бараат лична карта,а полно средношколци.А средношколците се таква лига,сите напиздрурени на штикли и миничи,нашминкани ко професионалци и фризури праени со часови,и сите само стојат се меркаат едни со други. Искрено и мојата генерација беше таква,добро моето друштво си денсаше стално на се и свашта,ама имаше и здрвени ко столбови.А не знам оти се срамат луѓето од танцување,а срам е,ништо друго. Еве пример една колешка од Прилеп кога дојде кај мене,девојчето се уби танцувајќи и ми вели да бев во Прилеп,немаше шанси вака да играм Леле,а памтам кога излегов во Велес со колешка,девојчето стоеше и ми викаше,не знам како е кај вас,ама овде не се танцува толку Се изнасмеав жими се.